Монтсерат (англиски: Montserrat) е остров во Карипското Море, дел од групата на Заветрени Острови. Монтсерат е британска прекуморска територија. Должината на островот е околу 16 километри, широк 11 километри и со брег од 40 километри.[3] Монтсерат често се именува како „смарагдениот остров на Карибите“, поради тоа што брегот наликува на брегот на Ирска, но и поради ирското потекло на голем дел од населението.[4][5]

Montserrat
Монтсерат
Знаме
Гесло„Одлични луѓе, оформени од природата, гледани од Бога“
"A people of excellence, moulded by nature, nurtured by God"
Химна"Боже, чувај го Кралот"

Местоположбата на  Монтсерат  (заокружено во црвено)
Местоположбата на  Монтсерат  (заокружено во црвено)
Местоположбата на  Монтсерат  (заокружено во црвено)
Топографска карта на Монтсерат.
Топографска карта на Монтсерат.
Топографска карта на Монтсерат.
Главен градПлимут (de jure)[б 1]
Брејдс (de facto)[б 2]
Литл Беј (во изградба)[б 3]
Најголем град Брејдс
Службен јазик англиски
Демоним Монтсераќанец
Уредување Парламентарна зависна територија во склоп на уставна монархија
 •  Монарх Чарлс III
 •  Гувернер Ендру Пирс
 •  Премиер Истон Тејлор-Фарел
Законодавство Собрание
Површина
 •  Вкупна 102 км2 
 •  Вода (%) незначително
Население
 •  Попис 2019 4,649 (2018)[1] 
 •  Густина 44 жит/км2 (153-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2014 г.
 •  Вкупен US$63 милиони[2] 
 •  По жител US$12,384 
Валута Источнокарипски долар (XCD)
Часовен појас (UTC-4:00)
Датумски формат дд/мм/гггг
Се вози на лево
НДД .ms
Повик. бр. +1-664

На 18 јули 1995, заспаниот вулкан Суфриер Хилс, во јужниот дел на островот, се активирал. Вулканската ерупција го уништила главниот град Плимут. Во периодот од 1995 до 2000 година две третини од населението морало да биде евакуирано од јужниот дел на островот. Во 1997 година имало само 1,200 жители.[6][7] Денес сè уште има вулканска активност на островот.

Литл Беј е град во изградба кој се очекува да биде нов главен град на островот. Привремено главен град, де факто, на островот е Брејдс.[8]

Потекло на поимот

уреди

Во 1493 година Кристофер Колумбо го именувал островот како „Санта Марија де Монтсерат“ (Santa María de Montserrate), по Дева Марија од Монтсерат (статуа) во Манастирот Санта Марија де Монтсерат, во близина на Барселона, во Каталонија, Шпанија.[9] На каталонски „Монтсерат“, значи „назабена планина“.

Географија

уреди

Монтсерат се наоѓа на 39 километри југозападно од Антигва, 13 километри југоисточно од Редонда и на 56 километри северозападно од францускиот регион Гваделуп.Островот има вкупна површина од 104 км2, но територијата на островот се проширува поради вулканите. Островот е долг 16 километри и широк 11 километри. Монтсерат е планински остров, а на крајбрежјето има карпести сртови кои се со висина од 15 до 30 метри. На западниот дел од островот има и песочни плажи. Највисока точка до 1995 година бил вулканот Суфриер Хилс, но денес тој е повисок поради вулканските ерупции. Се проценува дека има над 1050 метри надморска висина.[10]

Демографија

уреди

Островот има население од 5,879 според проценките за 2008 година. Се проценува дека од Монтсерат заминале околу 8.000 бегалци во Велика Бротанија, од 1995 па до денес. Во 1994 година островот имал население од 13.000 жители. На пописот во 2011 година се покажало дека на островот живеат околу 4,922 жители.[11] Во 2016 година се проценило дека бројот на жители надминал 5.000 првенствено поради емигранти од околните острови.[7]

Според податоците од 2003 година, старосната структура на населението била:

  • 0–14 години: 23.4% (мажи 1,062; жени 1,041)
  • 15–64 години: 65.3% (мажи 2,805; жени 3,066)
  • 65 и постари: 11.3% (мажи 537; жени 484)

Населението е воглавно составено од мешавина на црнечко и ирско население.[12] Според податоците на ЦИА, етничката структура во 2011 на населението била:.[13]

  • црнци 88.4%
  • мешани 3.7%
  • Хиспанци 3%
  • Белци 2.7%
  • Индијци 1.5%
  • други 0.7%

Административна поделба

уреди

За целите на локалната самоуправа, Монтсерат е поделен на три парохии:

  • Сент Питер (St. Peter, „Свети Петар“)
  • Сент Џорџ, (St. George, „Свети Георги“)
  • Сент Ентони, (St. Anthony, „Свети Антониј“)

Како последица на последите вулкански активности во јужниот дел на островот, местоположбата на населените места драматично се променила. Денес само парохијата Сент Питер е населена, каде има од 4000 до 6000 жители,[14][15] додека другите две парохии немаат население и биле евакуирани бидејќи сè уште се сметаат за опасни за живеење.

Населени места

уреди

Поради вулканите, сите населени места во евакуираната зона не погодни за живеење и до нив не може да се пристигне.

Населени места во безбедната зона
  • Бејкер Хил
  • Бенкс
  • Барзис
  • Блејкс
  • Брејдс[б 2]
  • Карс Беј
  • Кавала Хил
  • Чип Енд
  • Каџу Хед
  • Дејви Хил
  • Дик Хил
  • Драмондс
  • Флемингс
  • Фогарти
  • Фрит
  • Гарибалди Хил
  • Џералдс[б 4]
  • Хоуп
  • Џек Бој Хил
  • Џуди Пис
  • Кејти Хил
  • Лојерс Маунтајн
  • Литл Беј[б 3]
  • Лукаут
  • Менџек
  • Монго Хил
  • Њу Виндард Естејт
  • Никсонс
  • Олд Таун
  • Олвстоун
  • Салем
  • Шинлендс
  • Сент Џонс
  • Сент Питерс
  • Свинис
  • Вудлендс
Напуштени населени места во евакуираната зона

Населените места во закосени букви биле уништени од пирокластичен тек од 1997. Другите биле евакуирани и уништени од 1995.

  • Амершам
  • Бич Хил
  • Бетел
  • Брамбл
  • Брансби
  • Багби Хол
  • Корк Хил
  • Дагенхам
  • Делвинс
  • Дајерс
  • Елбертон
  • Фарм
  • Ферфилд
  • Фери Вол
  • Фарелс
  • Фарелс Јард
  • Фрајс
  • Фокс Беј
  • Гегс
  • Голвејс Естејт
  • Грингос
  • Ган ГХи
  • Хепи Хил
  • Херис
  • Херис Лукаут
  • Хермитиџ
  • Хоџес Хил
  • Џибили
  • Кинсејл
  • Лис
  • Локус Вели
  • Лонг Граунд
  • Молино
  • Морис
  • Парсонс
  • Плимут[б 1]
  • Ричмонд
  • Ричмонд Хил
  • Рочес Јард
  • Робоскус Маунт
  • Шутерс Хил
  • Суфриер
  • Спениш Поинт
  • Сент Џорџес Хил
  • Сент Патрикс
  • Стритхем
  • Трантс
  • Трајлс
  • Туитс
  • Викторија
  • Вебс
  • Викс
  • Вајтс
  • Винди Хил

Комуникации

уреди

Островот има фиксна телефонска линија, која е целосно дигитализирана. На островот има околу 3000 претплатници на фиксна линија, а проценките за мобилна линија се 5000. Се проценува дека има над 2860 интернет-претплатници. Овие се податоци до 2016 година. „Радио Монтсерат“ е јавниот радио-сервис на островот, а има и една телевизиска станица, ПТВ.[16] Достапни се кабелски и сателитски телевизиски услуги.[13]

Образование

уреди

Образованието во Монтсерат е задолжително за деца од 5 до 14 години, а бесплатно до 17 години. Единственото средно училиште на островот е во Салем.[17] Колеџот Монтсерат исто така се наоѓа во Салем.[18]Универзитет на Западните Инди го одржува неговиот кампус во Монтсерат.[19] Универзитет за наука, уметност и технологија е приватно медицинско училиште во Олвстоун.[20]

Сообраќај

уреди

Аеродром Џон А. Озборн е единствениот аеродром на островот. FlyMontserrat и ABM Air[21] обезбедуваат летови до Антигва и Барбуда.[22] Постојат и чартер летови до околните острови.

Покрај воздушниот, постои и поморски транспорт. Џаден Сан Фери е компанијата која обезбедува траектни линии до Антигва и Барбуда. Патувањето до соседната држава трае еден час и има редовни линии пет дена во неделата.[23]

Поврзано

уреди

Белешки

уреди
  1. 1,0 1,1 Напуштен е во 1997, како последица на вулканска ерупција.
  2. 2,0 2,1 Владата е во Брејдс.
  3. 3,0 3,1 Ново пристаниште и град се во изградба, што би бил иден главен град на Монтсерат.
  4. го вклучува и новиот аеродром.

Наводи

уреди
  1. https://statistics.gov.ms/wp-content/uploads/2019/08/FINAL-REPORT-KEY-FINDINGS-CENSUS-LABOUR-FORCE-SURVEY-2018-.pdf
  2. „UN Data“. 2014. Посетено на 8 January 2017.
  3. Montserrat. CIA World Factbook. Central Intelligence Agency. 19 September 2006. Архивирано од изворникот на 2020-04-24. Посетено на 1 October 2006.
  4. „The Caribbean Irish: the other Emerald Isle“. The Irish Times. 16 April 2016. Посетено на 9 January 2018.
  5. „► VIDEO: Montserrat, the Emerald Isle of the Caribbean“. www.irishtimes.com (англиски). Посетено на 9 January 2018.
  6. „Montserrat Volcano Observatory“. Mvo.ms. Архивирано од изворникот на 2006-10-02. Посетено на 2 October 2006.
  7. 7,0 7,1 Schuessler, Ryan (14 February 2016). „20 years after Montserrat volcano eruption, many still in shelter housing“. Al Jazeera America. Посетено на 23 November 2016. Montserrat's population has grown to nearly 5,000 people since the eruption — mostly due to an influx of immigrants from other Caribbean nations.
  8. Handy, Gemma (16 August 2015). „Montserrat: Living with a volcano“. BBC News. Посетено на 8 July 2017.
  9. Minahan, James (1 December 2009). The Complete Guide to National Symbols and Emblems: Volume 2. Greenwood Press. стр. 724. ISBN 978-0-313-34500-5.
  10. „CIA World Factbook - Montserrat“. Архивирано од изворникот на 2020-04-24. Посетено на 28 June 2019.
  11. „Census 2011 At a Glance“ (PDF). Government of Montserrat. Statistics Department, Montserrat. 2011. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-04-03. Посетено на 23 November 2016.
  12. McGinn, Brian. „How Irish is Montserrat? (The Black Irish)“. RootsWeb.com.
  13. 13,0 13,1 „Central America :: Montserrat — The World Factbook - Central Intelligence Agency“. Cia.gov. Архивирано од изворникот на 2020-08-04. Посетено на 28 April 2019.
  14. Kowalski, Jeff (11 September 2009). „Central America and Caribbean: Monserrat“. Посетено на 26 October 2009.
  15. Wittebol, Hans. „The Parishes of Montserrat“. Statoids.com. Посетено на 26 October 2009.
  16. „People's TV“. Raffa. Архивирано од изворникот на 21 September 2014.
  17. „Territories and Non-Independent Countries“. 2001 Findings on the Worst Forms of Child Labor. Bureau of International Labor Affairs, US Department of Labor. 2002. Архивирано од изворникот на 28 March 2005.
  18. Home page. Montserrat Community College. Посетено на 24 November 2017. "Salem, Montserrat W. I."
  19. "The Open Campus in Montserrat." University of the West Indies Open Campus. Посетено на 24 November 2017.
  20. "Contact USAT." University of Science, Arts and Technology. Посетено на 24 November 2017. "Main Campus: South Mayfield Estate Drive, Olveston, Montserrat"
  21. „ABM route map“. Посетено на 16 May 2019.
  22. „FlyMontserrat flight schedule“. Посетено на 16 May 2019
  23. „Jaden Sun Ferry Schedule“. Посетено на 16 May 2019

Надворешни врски

уреди