Комунизам
Комунизам е политичка теорија и политичко движење чии приврзаници се залагаат за воспоставување на бескласна и бездржавна заедница на изобилството, при што сметаат дека единствениот начин за создавање услови за премин кон една таква заедница е воведувањето на еднопартиска диктатура со тоталитарни одлики на чело со комунистичката партија. Обично, комунизмот се дефинира само преку стремежот за остварување на бескласно општество во кое распределбата ќе се врши според принципот „секој според способностите, секому според потребите“, но бидејќи и други левичарски теории тежнеат кон истата цел (во прв ред анархистите), потребно е при дефинирањето на комунизмот да се вклучи и начинот преку кој комунистите имаат намера да го изградат бескласното општество, односно - убедувањето дека патот до бескласното општество води преку т.н. „диктатура на пролетаријатот“.
Комунистичкото учење се темели врз ленинизмот, кој го претставува Лениновото учење и неговото толкување на марксизмот. Поради карактеристичната тоталитарна нетолерантност, комунизмот како политички правец и како политичка теорија не е хомоген. Напротив, постојат повеќе типови комунистички теории:
Обично, помеѓу комунистичките теории се вбројуваат и еврокомунизмот и комунизмот на советите, но тие, освен своето име, во суштина немаат многу заедничко со комунистичките теории.
Историја
уредиКако политичка сила комунизмот беше влијателен речиси во целиот XX век, почнувајќи од Октомвриска револуција од 1917 до падот на комунизмот во бившиот Советски Сојуз и во Источна Европа во периодот 1989-1991. Комунизмот особено бил популарен во текот на 1950-тите и 1960-тите години кај сиромашните земји во Азија и Африка, на кои никогаш порано не им успеало да се ослободат од империјализмот на Западно Европските земји. Под закана од уште поголема популарност на комунизмот, големите сили и членки на НАТО, како што се САД, Велика Британија, Франција, Белгија, Португалија итн, се повлекле од своите дотогашни колонии - речиси цела Африка, Кина, Индија, Индокина, Кореја, Куба итн. Некои земји, како Индија и голем број Африкански земји, не станале комунистички, иако светскиот наплив на популарност на комунизмот им билод помош на патот кон самостојноста. Денес влијанието и привлечноста на комунизмот се драстично намалени, иако сѐ уште постојат земји, како Кина, Куба, Северна Кореја, Виетнам и Лаос, каде што на власт се комунистите.
Рушењето на колонијализмот не е единствената придобивка од ова политичко учење, останати се во трајно наследство позитивните социјални придобивки кои светот ги прифати: пензиско и здравствено осигурување на работниците, осумчасовен работен ден, право на годишен одмор, искоренување на неписменоста, исклучително ниска стапка на криминал (незабележана во посткомунистичкиот период), верска и расна толеранција.
Комунизмот како тема во уметноста и во популарната култура
уреди- „Убиј го комуњарот“ (англиски: Kill A Commie) — песна на американската хард-кор група Gang Green.[1]
- „Ќерка-комунист“ (англиски: Communist Daughter) — песна на американска рок-група Neutral Milk Hotel од 1998 година.[2]
- „Исус бил комунист“ (англиски: Jesus was a Communist) — песна на американската хард-кор група Reagan Youth.[3]
- „Комунистички очи“ (англиски: Communist eyes) — песна на американската хард-кор група The Germs.[4]
Наводи
уреди