Француска Гвајана

Француска Гвајана (француски: Guyane (française)) е прекуморски регион на Франција кој се наоѓа на северниот брег на Атлантскиот Океан, во Јужна Америка. На исток и југ се граничи со Бразил, а на запад се граничи со Суринам. Нејзината површина изнесува 83.534 км2, што значи дека има многу мала населеност со помалку од три жители на километар квадратен. Во 2009 година, се регистрирани 229.000 жители кои живеат во главниот град, Кајена.

Француска Гвајана
Guyane
Знаме на Француска ГвајанаЛого на Француска Гвајана
Амблем
Земја Франција
ПрефектураКајена
ДепартманиГвајана
Управа
 • ПретседателиРодолф Александар (UMP, регион)
Ален Тјен-Лиунг (MDES, департман)
Површина
 • Вкупна83.534 км2 (32,253 ми2)
Население (јануари 2011)
 • Вкупно236.250
 • Густина2,8/км2 (7,3/ми2)
ДемонимФранцуски Гвајанци
Час. појасGFT (UTC-03)
ISO 3166GF
БДП (2008)[1]Грешка во Lua: во земјата
Вкупно&100000000000000032000003,2 млј 
По жител{{Пб/Грешка во изразот: Неочекуван оператор <
 |1=Грешка во изразот: Неочекуван оператор <
}}
14,204 
NUTSFR9
Мреж. местоПрефектура
Регион
Департман

Додавањето на придавката „француска“ потекнува уште од постоењето на петте колонии, односно од запад кон исток: Шпанска Гвајана, Британска Гвајана, Холандска Гвајана, Француска Гвајана и Португалска Гвајана. Француска Гвајана и двете најголеми земји на југот и западот, Гвајана и Суринам, сè уште колективно се однесуваат како Гвајана и сочинуваат една површина.

Голем дел од стопанството на департманот е поврзано од присуството на космодромот, кој е главно место за слетување на Европската вселенска агенција.

Историја

уреди

Француска Гвајана најпрво била населена од домородно американско население. Во XVIII век се населиле французите. Според Бил Маршал, „ Во 1763 година, првиот обид на французите да ја колонизираат Гвајана бил неуспешен, бидејќи тропската болест и климата убила од 2000 до 12.000 жители. За време на своето постоење, Франција пренела околу 56.000 затвореници на островот на ѓаволот. Помалку од 10 проценти ја преживеале својата казна. Од 1852 година до 1951 година, островот на ѓаволот бил место за отслужување на казни.

Во 1809 година, португалско-британска поморска ескрадила ја припоиле Француска Гвајана со Португалската Империја. Во 1814 година, со потпишувањето на Договорот од Париз, регион бил вратен на Франција, и покрај тоа што сè до 1817 година имало португалско присуство.

Во доцните години на XIX век, имало пограничен проблем со Бразил во врска со огромна шумска површина , што довело до кратко постоење на една профранцуска земја Кунани и борба помеѓу населението. Со арбритација од швајцарската влада, проблемот бил решен во корист на Бразил. Во 1946 година, Француска Гвајана добила статус на прекуморски департман на Франција. Во 1970-тите години дошле населувачи од Лаос.

Во 1964 година, францускиот претседател Шарл де Гол, одлучил да изградил вселенска патна база во Француска Гвајана. Ова би ја заменила постоечката сахарска база во Алжир и ќе го поттикне стопанскиот раст во Француска Гвајана. Овој департман е особено погоден за оваа намена поради тоа што се наоѓа во близина на екваторот и поради огромниот пристап до океанот. Гвајанскиот вселенски центар, кој се наоѓа близу брегот на Куру, започнал со интензивна работа по првичното лансирање на ракетите Вероник со што придонел комерцијален успех на европска вселенска индустрија со лансирањата на „Аријана 4“ и „Аријана 5“.

Во 1970-тите и 1980-тите години се зголемила автономноста од Франција, но наскоро била анулирана.

Географија

уреди
 
Физичка карта на Француска Гвајана

И покрај делењето на културни афинитети со франкофонските територии од Карибите, Француска Гвајана не се сметала за дел од тој географски регион, бидејќи Карипското Море се наоѓа неколку стотици километри на запад, под пазувите на Малите Антили. Но, сепак границата што се дефинирала како Карибите се менувала со текот на времето. Во XVII и XVIII век, карибите опфаќале огромна површина, а Француска Гвајана се наоѓала на еден крај и многу често се сметала како да е сопственост на Карибите. Француска Гвајана се протега на географска широчина од 2° и 6° на север и на географска должина од 51° и 53° на запад. Се состои од два главни географски региони: крајбрежен венец каде мнозинството на луѓе живее и густа, тешко достапна дождовна шума, која се издига на врвовите на планината Тумак-Хумак во близина на границата со Бразил. Највисокиот врв во Француска Гвајана е Белви де Линини на Мирапасула ( 851м ). Други планини се: Мон Мачалу (782м), Пик Кудро (711м ), Мон сен Марсел ( 635 м), Мон Фавар ( 200м) и Маури ( 156м). Неколку мали острови се простираат на брегот, меѓу кои се Ил ду Салу кој го опфаќаат и островот на ѓаволот и изолираниот Ил ду Конетабл, кој се наоѓа на брегот кон Бразил.

Од 2007 година, Амазонската шума, која се наоѓа на крајот од департманот, е една од деветте заштитени национални паркови од Франција, Гвајанскиот Амазонски парк. Овој парк се протега на површина од 33.900км2, опфакајќи ги општините Камопи, Мирапасула, Папаичтон, Сен Ели и Саул.

Животна средина

уреди

Во Француска Гвајана има многу необични и важни екосистеми: тропски прашуми, крајбрежни ризофори, савани, изолирани врвови и многу видови на мочуришта. Француска Гвајана има едни од највисоките нивоа на биолошка разновидност во светот, опфаќајќи ги флората и фауната. Тоа е последица на постоењето на стари шуми кои претставуваат биолошки разновидни резервоари. Прашумите се засолниште на многу видови за време на сушните периоди и Земјиното замрзнување. Овие шуми се под заштита на националниот парк ( Гвајанскиот Амазонски Парк ) и шест други природни резервоари. Меѓународниот сојуз за заштита на природата и Европската Унија ги здружиле силите во заштитата на овие предели.

Следејќи ја дебатата Гренел за животна средина од 2007 година , Гренел законот се усвоил во 2009 година, под број 2010-788. Параграф 49 од законот изнесува предлог за создавањето на единствена организација одговорна за зачувување на животната средина во Француска Гвајана. Оваа организација ќе покаже знаење на полето на зоологијата ( флора и фауна ) и екологијата ( екосистемите ) и ќе овозможи воспоставување на политики од страна на државата и локалните власти.

Постојат околу 5500 видови на растенија, вклучувајќи и повеќе од илјада видови на дрва, 700 видови на птици, 177 видови на мамали, преку 500 видови на риби од кои 45 % се ендемски и 109 видови на водоземци. Микроорганизмите се многу поборојни, особено на северот и се конкуренција со бразилскиот амазон, Борнео и Суматра. Во овој француски департман има најмалку 98% на ’рбетници и 96% на растенија од Франција.

Најмногу загрозени од екосистемот се живеалиштата покрај патиштата, кои сè повеќе исчезнуваат во однос на другите шуми во Јужна Америка, слаба контрола врз ловењето и полесно ловокрадство со создавањето на патеки и пат за коли. Сечењето на дрва е потешко поради недостаток на патишта. Од 28 јули 2005 година се проширил шумскиот код во Француска Гвајана, но со важни отстапувања и измени.

Земјоделство

уреди

Почвата во Француска Гвајана е една од најсиромашните почви во светот. Почвата има недостаток на хранливи и органски материи. Киселоста на почвата е уште една причина за сиромашна почва, затоа фармерите требаат да ги обогатуваат нивните полиња со вар. Сите овие недостатоци довеле до уништување на земјоделството. Искористените помагала придонеле за зголемување на ph вредноста на почвата ( смалување на киселоста на почвата), минерали и други хранливи материи. Terra preta ( црна земја ) е откриена во Француска Гвајана во близина на границата со Бразил. Се спровело истражување за да се одреди како овие почви историски се создавале, а како тоа денес се прави.

Стопанство

уреди

Во 2008 година, каматната стапка на пазарот на БДП на Француска Гвајана изнесувал 4,72 милиони американски долари, рангирајќи се како најголема економија од сите Гвајани, а 11та по големина во Јужна Америка.

Француска Гвајана е зависна од Франција за парична помош, трговија и стоки. Основни индустрии се рибарството, рударството и тимбер. Гвајанскиот вселенски центар во Куру брои 25% од БДП и околу 1700 вработени.

Производството не е развиено. Земјоделството не е развиено, освен во близина на брегот. Шеќерот и бананите се двете основни производи кои се одгледуваат. Туризмот, особено екотуризмот е во подем. Невработеноста е најголемиот проблем, кој се движи од околу 20 % и 30 %.

Во 2008 година , каматната стапка на пазарот за БДП за жител изнесувал 20.904 американски долари, еден од највисоките во Јужна Америка .

Демографија

уреди

Француска Гвајана брои 229.000 жители, повеќето од нив живеат на брегот. Според пописот од 1999 година, 54,4% од населението е родено во Француска Гвајана, 11,8% се родени во Франција, 5,2% се родени во Гвадалуп и Мартиник, а само 28,6% од населението е родено во странски земји ( Бразил, Суринам, Хаити.

Процентот на етничкото население во Француска Гвајана варира. Мулатите ( луѓе со Африканско и Француско потекло) ја претставуваат најголемата етничка група, иако проценките варираат од точниот процент, во зависност од тоа дали е вклучена хаитанската заедница. 60-70% од населението се Креолци, ако се бројат и хаитанците, а без нив 30-50%.

Само 14% од населението има европско потекло. Мнозинството од нив се од француско потекло, но има и луѓе од холандско, британско, шпанско и португалско потекло. Од азиската заедница најмногу има Кинези и Хмонги од Лаос. Има и помали групи од повеќе Карипски Острови, особено од Света Луција и Доминика. Од азиската заедница се и Индијанци од истокот, Либанци и Виетнамци.

Марунците, кои се Африканци од црната раса, се најмногубројните жители во внатрешноста заедно со Америндианците. Марунците се потомци на избеганите африкански робови и живеат по долж реката Марони.

Римокатолицизмот е доминантна религија во Француска Гвајана. Марунците и некои од Америндианците ја одржуваат својата религија. поголемиот дел од Хмонгците се католици, должејќи се на влијанито на мисионерите кои им помогнале да дојдат во Француска Гвајана.

Јазици

уреди

Францускиот јазик е службен јазин во Француска Гвајана, но постојат и други јазици. Во регионални јазици спаѓаат креолски, шест америндиански јазици ( аравак, палижур, калина, вајана, вајампи, емеријон), четири марунски дијалекти ( сарамака, парамакан, алуку, ндјука), како и хмонгски нжуа. Исто така се зборува португалски, хака, хаитски креол, шпански, холандски и англиски.

Политика

уреди

Француска Гвајана , како дел од Франција, е дел од Европската Унија. Таа претставува најголема земја по површина која се наоѓа надвор од Европа ( откога Гренланд во 1985 година ја напушти Унијата). Покрај шпанските енклави во Африка од Сеута и Мелиѓа , Француска Гвајана е една од трите територии членки на Европската Унија кои се наоѓаат надвор од Европа, а која не е остров. Како интегрален дел на Франција, шеф на државата,односно на Француска Гвајана е претседателот на Франција, а шеф на владата е премиерот на Франција. Француската влада и нејзините служби имаат одговорност за многу прашања кои се однесуваат на националната извршна власт, како што се одбрана и надворешни врски. Претседателот на Франција назначува управител да биде негов претставник на локалната влада во Француска Гвајана. Постојат две локални извршни тела: генерален совет од 19 члена и регионален совет од 34 члена, двата совети се бираат по пат на избори. Наскоро ќе бидат обединети во еден совет, откако ќе добијат власт на иста територија.

Француска Гвајана испраќа двајца претставници во француското национално собрание, еден кој ја претставува општината на Кајена и општината на Макурија, а другиот ја претставува Француска Гвајана. Француска Гвајана испаќа и двајца сенатори до францускиот сенат. Гвајанската социјалистичка партија доминира во политиката на Француска Гвајана.

Голем проблем за Француска Гвајана претставуваат доаѓање на илегални имигранти од Бразил и Суринам. Границата помеѓу департманот и Суринам ја формира реката Марони, која тече низ дождовни шуми и претставува тешкотија за полицијата и француската странска армија да патролира. Француската влада започнала неколку операции во борбата протил илегалното копање на злато од рудниците во Француска Гвајана. Тоа се операциите: во 2003 година операцијата Анаконда , во 2008 и 2009 година операцијата Харпи, во 2010 година операцијата обединети сили на Харпи. Полковникот Франсоа Мулер, командантот на полицијата на Француска Гвајана, верува дека овие операции се успешни. Сепак, по завршувањето на секоја операција, бразилските рудари, ископувачи на злато, се враќаат. Веднаш по започнувањето на операцијата обединети сили на Харпи , започнала кавга помеѓу француските власти и бразилските рудари. На 12 март 2010 година, биле нападнати група на француски војници и гранична полиција, враќајќи се од извршување на успешна операција . војниците уапсиле 15 рудари, конфискувале три бродчиња и заплениле 617 грама злато, сето тоа во вредност од околу 22.317 долари. Ископувачите на злато се вратиле да повратат загубата на плен и своите колеги. Ископувачите биле предупредени со истрели, но тие успејале да повратат едно бротче и 500 грама злато.

Сообраќај

уреди

Главен меѓународен аеродром во Француска Гвајана е аеродромот Кајена-Рошамбо, кој се наоѓа во општината Матури, која е јужно предградие на Кајена. Дневно има по два лета за Париз, со Ер Франс и Ер Караибе . Летот од Кајена до Париз трае 8 часа и 25 минути, а летот од Париз до Кајена трае 9 часа и 10 минути. Исто така има летови и до Фор де Франс, Поент а Питр, Порт о Пренс, Мајами и Белем.

Главно морско пристаниште во Француска Гвајана е пристаништето Деград де Кан, кое се наоѓа во речното устие на реката Махури, во општината Ремир-Монтжоли, југоисточно предградие на Кајена. Увозот и извозот главно се врши преку ова пристаниште. Пристаништето е изградено во 1969 година, на старото пристаниште во Кајена кое било затрупано и не можело да се поврзе со современиот сообраќај.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Годишен извештај за Гвајана - 2009 г.“ (PDF). IEDOM. Посетено на 12 август 2010. (француски)

Надворешни врски

уреди