Руско-јапонска војна

Руско-јапонската војна (1904-1905) бил судир меѓу Русија и Јапонија заради територијално ширење во Источна Азија.

Руско-јапонска војна
Датум 8 февруари 1904 – 5 септември 1905
Место Манџурија, Жолто Море
Исход Јапонска победа; Договор од Портсмут
Завојувани страни
Русија Руска Империја

Црна Гора Кнежевство Црна Гора

Јапонска империја Јапонска империја
Команданти и водачи
Русија Николај II
Русија Алексеј Куропаткин
Русија Степан Максров 
Јапонска империја Муцухито
Јапонска империја Ојама Ивао
Јапонска империја Ноги Марсуки
Јапонска империја Того Хеихатиро
Сила
500,000 300,000
Жртви и загуби
25,331 убиени
6,127 повредени
11,170 починати од болест
[1]
47,152 убиени
11,424 повредени
21,802 починати од болест
[2]

Тек на војната

уреди

Откако Русија го зела под закуп стратегискиот Порт Артур (денешен Лишун, Кина) и се проширила во Манџурија, се соочила со силата на Јапонија во пораст. Кога Русија се откажала од нејзиниот договор со Јапонија да ги повлече нејзините трупи од Манџурија, јапонската флота ја нападнала руската ескадра во Порт Артур и почнала да го опседнува градот во февруари 1904 година. Јапонските копнени сили ја отсекле руската армија од помошта од Порт Артур и ја потиснала назад кон Мукден (денешен Шенјанг). Засилената руска армија презела офанзива во октомври, но слабото воено раководење го отапило нејзиниот успех. По долгата јапонска опсада на Порт Артур во јануари 1905 година корумпираниот руски командант го предал гарнизонот без да се консултира со неговите офицери, и покрај доволните резерви и муниција за неговата продолжена одбрана. Тешките борби околу Мукден завршиле во март 1905 година со повлекувањето на руските трупи под команда на Алексеј Куропаткин. Одлучната поморска Битка кај Цушима им ја дала на Јапонците улогата на диктирање на условите, а Русите ги довеле на мировната маса.

Последици

уреди

Со потпишувањето на Договорот од Портсмут, Русија ја напуштила нејзината експанзионистичка политика во Источна Азија, а Јапонија се стекнала со делотворна контрола над Кореја и поголем дел од Манџурија. Војната во Русија ја поттикнала Руската револуција од 1905 година.

Наводи

уреди
  1. Samuel Dumas, Losses of Life Caused By War (1923)
  2. Erols.com, Twentieth Century Atlas – Death Tolls and Casualty Statistics for Wars, Dictatorships and Genocides.

Надворешни врски

уреди