Империјализам претставува стремеж за господарење над други народи, освојување и подјармување на други земји. Тоа е политичко однесување на една држава, кое претставува начин на вршење контрола или влијание врз странски ентитет со намера да се придобие или одржува како империја. Ова може да се врши преку директно територијално освојување или населување, или пак, преку индиректни методи на влијание врз политиката и економијата на одредени области.

Одлики на империјализмот

уреди
  • воени освојувања
  • економско потчинување на други земји
  • висок развој на производните сили
  • концентрација на капиталот
  • создавање на монополи

Модерен империјализам

уреди

Владимир Илич Ленин се трудел да докаже дека капитализмот неопходно го поттикнувал империјализмот со цел да најде нови пазари и природни богатства што ја претставува последната и највисоката етапа на капитализмот.

Империјализамот постои во далечни извесни држави без оглед дали тие подјармувани држави се сметаат како дел од некоја империја.