Брунеј
Брунеј е островска држава во Југоисточна Азија. Се наоѓа на островот Борнео. Главен град е Бандар Сери Бегаван.
Negara Brunei Darussalam Држава Брунеј, Дом на мирот بروني دارالسلام
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: "Секогаш во служба со Господовото водство" (превод) | ||||||
Химна:
|
||||||
Главен град (и најголем) | Бандар Сери Бегаван | |||||
Службен јазик | малајски | |||||
Демоним | брунеец | |||||
Уредување | исламска апсолутна монархија | |||||
• | Султан | Хасанал Болкијах | ||||
• | Крунисан принц | Ал Мухтаде Билах | ||||
Формирање | ||||||
• | Султанат | 14 век | ||||
• | Крај на британскиот протекторат | 1 јануари 1984 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 5,770 км2 (172-ра) | ||||
• | Вода (%) | 8.6 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за јули 2008 г. | 381,371[1] | ||||
• | Густина | 66 жит/км2 (134-та) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2007 г. | |||||
• | Вкупен | $19.683 милијарди[2] (114-та) | ||||
• | По жител | $50,116[2] (5-та) | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2008 г. | |||||
• | Вкупно | $14.553 милијарди[2] | ||||
• | По жител | $37,053[2] | ||||
ИЧР (2013) | ▬ 0.852[3] многу висок · 30та |
|||||
Валута | Брунејски долар (BND ) |
|||||
Часовен појас | (UTC+8) | |||||
Се вози на | лево | |||||
НДД | .bn | |||||
Повик. бр. | +6731 | |||||
1. | Исто така 080 од Источна Малезија |
Државно уредување и меѓународни односи
уредиОд 1959 година Брунеј е парламентарна монархија, но всушност султанот има поголема законодавна и извршна власт, па за Брунеј може да се каже дека има апсолутистичка монархија. Постои законодавен совет кој брои 20 членови и кој има советодавен карактер, но сите закони ги носи султанот. Султанот е истовремено шеф на државата и претседател на владата. Сегашниот султан, Падука Сери Багинда Султан Хаји Хасанал Болкиах Му’изадин Вадаулах (скратено Хасанал Болкиах), владее од 1967 година и се смета за најбогат владетел и еден од најбогатите луѓе во светот.
Брунеј е полноправен член на Обединетите Нации, АСЕАН и Светската трговска организација.
Административна поделба
уредиБрунеј е поделен на 4 окрузи („даера“). Тие понатаму се делат на вкупно 38 покраини („муким“).[4]
Бр. | Округ | Админ. центар | Население |
1. | Белајт | Куала Белајт | 109.000 |
2. | Брунеј-Муара | Бандар Сери Бегаван | 380.000 |
3. | Тембуронг | Бангар | 10.000 |
4. | Тутонг | Пекан Тутонг | 56.000 |
Стопанство
уредиГлавна економска активност во државата е производството на нафта и на гас. БДП по жител е значително поголем за разлика од оној во регионот, но економијата на Брунеј е чувствителна на флуктуацијата на светскиот пазар на нафта.
Што се однесува до земјоделството најмногу се одгледуваат банана, ананас и ориз. Риболовот е исто така прилично развиен во државата.
Население, јазик и религија
уредиЈазик
уредиГлавен говорен јазик во државата е брунејскиот малајски јазик. Брунејскиот малајски јазик значително се разликува од стандардниот малајски јазик, но исто така и од другите малајски дијалекти. Брунејскиот малајски јазик е сроден со стандардниот малајски само 84%, што го прави неразбирлив со малајскиот. Англискиот и кинескиот јазик исто така се зборуваат. Англискиот јазик се користи во работата, но и како јазик од основно во високо образование. Во државата релативно е висока странската заедница. Голем дел од иселениците доаѓаат од немуслимански земји, како што се Австралија, Обединетото Кралство, Јапонија, Филипини, Индија и Тајланд. Други јазици и дијалекти кои се зборуваат се кедајански малајски, арапски, тутонг малајски, мурут и дусун јазикот.
Наводи
уреди- ↑ „CIA - The World Factbook: Brunei“. Архивирано од изворникот на 2015-07-21. Посетено на 2009-05-21.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 „Brunei“. International Monetary Fund. Посетено на 2009-04-22.
- ↑ „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 July 2014.
- ↑ Административна поделба на Брунеј - Statoids (англиски)