Јаков I (Англија)

крал на Англија

Јаков I или Џејмс I (англиски: James I and VI; 19 јуни 156627 март 1625) — крал на Англија, првиот владетел од Стјуарди (1603-1625), кој ја заменил веќе изумрената династија Тјудори. Со Шкотска владеел како Јаков VI Отворено го поддржувал апсолутизмот, тврдејќи дека кралот треба да владее без ограничувања од страна на парламентот, црквата, да донесува закони и да суди според своја волја. Тој се обидел да владее според овие принципи во земјата каде што во парламентот имал долга историја и голем углед, и каде што кралот не можел да наметнува даноци без одобрение од парламентот. Бил оженет со данската принцеза Ана.

Јаков I
Крал на Шкотска
На престол24 јули 1567 — 27 март 1625
Крунисување29 јули 1567
ПретходникМери I Стјуарт
НаследникЧарлс II
РегентиЏејмс Стјуарт
Метју Стјуарт
Џон Ерскин
Џејмс Даглас
Крал на Англија и Крал на Ирска
На престол24 март 1603 — 27 март 1625
Крунисување25 јули 1603
ПретходникЕлизабета I
НаследникЧарлс I
Роден(а)19 јуни 1566(1566-06-19)
Единбург
Починал(а)27 март 1625(1625-03-27) (возр. 58)
(N.S.: 6 April 1625)
Англија
Почивалиште7 мај 1625
СопругаАна
ДецаХенри
Елизабета
Чарлс I
ДинастијаСтјуардска династија
ТаткоХенри Стјуард
МајкаМери I Стјуарт

Во прилог на антагонизам на монархот и парламентот, Англија во тоа време била разрешена во споровите во врска со верските прашања. Англиканската црква, иако не ги задоволувала католиците, па дури и поддржувачите на реформацијата, сепак го задржала старото учење и црковната организација. Затоа покренал иницијатива за превод на Библијата наречен „Библија на кралот Јаков“ (King James Version) на исправославните библии, која денес е официјална во англиканството. Поддржувачите на реформацијата кои биле силни во Шкотска, која имала заеднички крал со Англија, се нарекувале пуританци, неконформисти и презвитеријанци. Кралот сакал да наметне единство во црквата затоа што ги прогонувал пуританците, од кои многу ја напуштиле земјата и побарале прибежиште ви новосоздадените колонии во Северна Америка.

Надворешни врски уреди

Претходник
Елизабета I
Крал на Англија
1603-1625
Наследник
Чарлс I