Јонски Острови
- Оваа статија е за групата на острови западно од копното Грција. За административната област, видете Јонски Острови (област). За античкиот регион во западна Анадолија, видете Јонија.
Јонските Острови (современ грчки: Ιόνια νησιά; старогрчки: Ἰόνιοι Νῆσοι; италијански Isole Ionie) — група на острови во Грција. Тие традиционално се нарекуваат „Ептаниса“, т.е. „седумте острови“ (грчки: Επτάνησα или Επτάνησος; италијански Eptaneso), но групата вклучува многу помали острови освен седумте главни. Седумте се, од север кон југ:
- Крф (Κέρκυρα), познат и како Керкира
- Пакси (Παξοί), познат и како Паксос
- Лефкада (Λευκάδα), познат и како Лефкас
- Итака (Ιθάκη), познат и како Итака
- Кефалонија (Κεφαλλονιά), познат и како Кефалинија
- Закинтос (Ζάκυνθος), некогаш нарекуван и Занте
- Китира (Κύθηρα), понекогаш нарекуван Цериго
Јонски Острови Ιόνιοι Νήσοι | |
---|---|
Традиционален регион на Грција | |
Држава | Грција |
Цесија | 1864 |
Главен град | Крф |
Острови | |
Површина | |
• Вкупна | 2.306,94 км2 (89,071 ми2) |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 207.855 |
• Густина | 0,90/км2 (2,3/ми2) |
Демоним | Јонскоостровјанин, Седмоостровјанин |
Час. појас | ИЕВ (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | ИЕЛВ (UTC+3) |
ISO 3166 | GR-F |
Мреж. место | pin.gov.gr |
Шесте северни острови се на западниот брег на Грција, во Јонското Море. Седмиот остров, Китира, е на јужниот врв на Пелопонез, јужниот дел на грчкото копно. Треба да се земе предвид дека Китира не е дел од периферијата на Јонските Острови, бидејќи спаѓа во периферијата Атика.
Историја
уредиМакедонско и римско владеење
уредиВо 4 век п.н.е. островите, како и поголемиот дел на Грција, биле вклучени во Коринтскиот Сојуз кој пак бил под хегемонија на Македонија. Тие останале под контрола на македонската држава и нејзините вазали сè до 146 п.н.е. кога Балканскиот Полуостров бил анексиран кон Рим.
Кога крстоносците од Четвртата крстоносна војна - француските нови владетели на Римската Империја (позната во историската наука како Латинска Империја) и Венецијанците, кои се натпреварувале со императорските Римјани за контрола на средоземната трговија - го направиле планот за римските територии помеѓу самите себе, Венецијанците ги добиле Крф и Пакси, и исто така Китира, која што ја користеле како попатна станица за нивната поморска трговија со Левантот. Кефалонија и Закинтос станале Регионален Палатинат Кефалонија и Закинтос сѐ до 1357, кога овој ентитет бил припоен кон Лефкада и Итака за да стане Војводство Лефкада под француски и италијански војводи. Кога Палеолозите го вратиле Константинопол во 1261, тие накратко ослободиле и дел од островите, но Венецијанците постепени го зголемиле нивното влијание.
Земјотресот од 1953
уредиОстровите биле погодени од особено силен земјотрес, со јачина 7,1 степени, на 12 август 1953. Оштетувањето на градбите било големо и јужните острови Кефалонија и Закинтос биле во суштина срамнети со земја. Островите биле преизградени од темел во текот на следните години, по строги градежни (асеизмички) правила. Новите правила на градба се покажале екстремно ефективни, бидејќи повеќето земјотреси оттогаш немаат предизвикано воопшто штета на новите објекти.
Денес
уредиДенес сите острови се дел од периферијата на Јонските Острови, освен Китира, која е дел од периферијата Атика. Крф има 113.479 жители (вклучувајќи ги и Пакси), Закинтос 38.680, Кефалонија 39.579 (вклучувајќи ја Итака), Лефкада 22.536, Итака 3.052, Китера 3.000 и Пакси 2.438.
Во скорешните декади островите изгубиле голем број од нивното население поради емиграцијата и падот на нивните традиционални дејности: рибарството и маргиналното земјоделство. Денес нивното најважно занимање е туризмот. Особено Крф, со прекрасното пристаниште, глетки и голем број сликовити рушевини и замоци, е омилено одредиште за крстаречките бродови.
Демографија
уредиПопишаното население на Јонските Острови, со исклучок на Китера, во 2011 година било 207.855, намалено за 1,50% во споредба со населението во 2001 година. Сепак, регионот останува трет по густина на населеност со 90,1/км2 на национално ниво, многу над националното од 81,96/км. Најнаселен од главните острови е Крф со население од 104.371 жители, потоа Закинтос (40.759), Кефалонија (35.801), Лефкада (23.693) и Итака (3.231).[2] Населението родено во странство било во 2001 година 19.360 или 9,3%, од кои мнозинството било концентрирано на Крф и Закинтос. Најголем дел од нив потекнуваат од Албанија (13.536).[3] Стапката на раѓање за 2011 година според Евростат била 1,35 живородени деца по жена во текот на нејзиниот живот.[4]
Поголеми заедници
уредиПоврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Регион на Јонските Острови Архивирано на 23 мај 2010 г.
- ↑ „Demographic and social characteristics of the Resident Population of Greece according to the 2011 Population - Housing Census revision of 20/3/2014“ (PDF). Грчка статистичка служба. 12 септември 2014. Архивирано од изворникот (PDF) на 8 септември 2015.
- ↑ ΔΕΛΤΙΟ ΤΥΠΟΥ (PDF) (грчки). Архивирано од изворникот (PDF) на 10 јули 2014. Посетено на 25 јуни 2022.
- ↑ Πίνακας 3: Αλλοδαποί κατά υπηκοότητα, φύλο και λόγο εγκατάστασης στην Ελλάδα Σύνολο Ελλάδος και νομοί (PDF) (грчки). Архивирано од изворникот (PDF) на 30 август 2014. Посетено на 25 јуни 2022.
- ↑ „Eurostat – Tables, Graphs and Maps Interface (TGM) table“. epp.eurostat.ec.europa.eu. Посетено на 25 јуни 2022.