Охрид

град во Општина Охрид
(Пренасочено од Охриѓани)

Охрид — град во југозападниот дел на Македонија и административен центар на истоимената општина. Се наоѓа на североисточното крајбрежје на Охридското Езеро, кое по градот го носи и своето име.[1] Охрид и Охридското Езеро се едни од главните туристички места во Македонија. До него се стигнува преку регионалниот пат БитолаРесен — Охрид. Охрид е осми град по број на жители во Македонија со вкупно население од 38.818 жители (2021 г.) и се наоѓа на 135 километри јужно од градот Тетово.

Охрид
Град
Поглед кон стариот дел од градот
Меморијален музеј “11-ти Октомври 1941“
Могилата на непобедените
Могилата на непобедените
Знаме на ОхридГрб на Охрид
Прекар(и):
Балкански бисер

Европски Ерусалим

Град на светлина
Охрид is located in Македонија
Охрид
Охрид
Местоположба на Охрид во Македонија
Координати: 41°07′00″N 20°48′00″E / 41.11667° СГШ; 20.80000° ИГД / 41.11667; 20.80000
ДржаваРепублика Македонија
РегионЈугозападен Регион
ОпштинаОпштина Охрид
Управа
 • ГрадоначалникКирил Пецаков (ВМРО-ДПМНЕ)
Надм. вис.&010101010101010101010101010101414999999695−740 м
Население (2021)
 • Вкупно38,818
ДемонимОхриѓани (мн.)
Час. појасUTC+1
 • Лето (ЛСВ)UTC+2 (UTC)
Повик. бр.+389 046
Рег. таб.OH
ПатронСвети Климент Охридски
Мреж. местоwww.ohrid.gov.mk
Службен назив: Природно и културно богатство на Охридскиот регион
Тип:Природно, Културно
Критериуми:i, iii, iv, vii
Прогласено:1979 (3то заседание)
Број99
Држава:Македонија
Регион:Европа и Северна Америка
Дополнувања:1980, 2019

Поради големиот број на цркви и манастири, градот е познат како Балкански и Европски Ерусалим.[2] Охрид е познат и како „Градот на Светлината“, што претставува буквален превод на неговото старо име — Лихнид. Охридскиот Регион е вклучен во светското наследство на УНЕСКО.

Потекло на името

Името на градот настанало од старословенските зборови „во хриди“, т.е. „во ридот“, како описно име за местоположбата на градот којшто со векови опстојувал во јужната вдлабнатина на карпестиот рид.

Според една легенда, која ја запишале Браќата Миладиновци, кога се правела Охридската крепост, царот Јустинијан се качил на ридовите на кои лежи градот и гледајќи ја прекрасната околина извикал „ох рид“, т.е. каков убав рид и оттогаш останало градот да се вика Охрид.[3]

Историја

Античка историја

 
Поглед од античкиот театар во Охрид

Современиот Охрид е наследник на античкиот Лихнид. Според податоците, градот првпат се споменува 2.400 години пред новата ера. Лихнид се наоѓал на патот Вија Егнација, наjстарата и наjзначаjната римска сообраќаjница на Балканот. Бригијците и Енхелеjците го сочинуваат наjстарото население кое може според името да се идентификува во пошироката област на Охридското Езеро. Бригиjците се исто што и Фригиjците.

По Третата македонска воjна против кралот Персеј, Лихнид станува главна римска база во северните области на Македонија. Тоа е времето кога за него наjмногу се слуша. Последната вест за Лихнид е веста за неговото разурнување. Во еден земјотрес, кој според историските извори се случил на 29 и 30 мај 526 година, настрадале повеќе десетици илјади лица во Лихнид. Потоа градот повеќе не се споменува во историските извори.

Средновековна историја

Охридската област во крајот на VI век била изложена на масовна словенска колонизација. Охридската област до 30-тите години на VII век била целосно колонизирана од словенското племе Берзити. Лихнид оттогаш го добил името Охрид.

 
Св. Климент Охридски со модел на градот Охрид во рацете.

Охридскиот крај уште во втората половина на VIII век станал привлечно подрачjе за бугарската држава. За време на бугарскиот цар Борис I Михаил македонските територии во воено-административен поглед биле опфатени во неколку „комитати“. Охрид бил во комитатот што ги опфаќал Охридско-деволските краишта. Во 886 година Климент, по краткото задржување во бугарскиот двор, бил испратен во Македонија со важна државна мисија. Тој бил испратен во областа наречена Кутмичевица како учител. Областа ја опфаќала Југозападна Македонија и Јужна Албанија, со главните градови Охрид и Девол.

 
Самоиловата тврдина

Како учител и епископ Климент заедно со Наум ги поставиле основите на т.н. Охридска глаголска книжевна школа. Благодареjќи на деjноста на Климент и Наум, градот Охрид, во втората половина на IX век израснал во еден од наjразвиените и наjпознатите средновековни словенски културни центри.

Во време на царот Самуил, Охрид станал религиозен центар и главен град на царството. Неговите тврдини и ден денес стојат високо над самиот град. Есента 1015 година византискиот цар Василиј II успеал да го заземе Охрид, но тврдината останала и понатаму под власта на царот Јован Владислав, наследникот на Гаврило Радомир, син на цар Самуил.

Императорот Василиj II Бугароубиец дозволил Охрид и понатаму да остане седиште на Охридската архиепископија.

Во 1204 година, за време на четвртата крстоносна војна Охридскиот крај заедно со другите југозападни македонски области биле вклучени во рамките на Солунското латинско кралство. Во 1334 година српскиот крал Душан ги презел градовите Охрид, Прилеп и Струмица. Во 1378 година, била доградена црквата Света Богородица Перивлепта (Свети Климент) во Охрид.

Охрид не само што бил најважниот град во регионот, туку бил и најважниот образовен центар и извор на писменоста на сите словенски народи. Во Охрид се наоѓа најстариот универзитет во Европа (IX век), додека во местото Плаошник близу градот се наоѓа реставрираната црква Св. Климент чии наоди укажуваат на фактот дека пак таму имало универзитет од XIII век.

Османлиски период

Кон самиот крај на XIV век турскиот султан Бајазит I успеал речиси насекаде во Македонија да ја наложи својата власт. Во 1408 година, Охрид потпаѓа под власта на Османлиите и наредните пет века опстојува како дел од тогашната Отоманско Царство. Турците, по своето доаѓање во овој крај, се населиле во рамничарскиот дел на исток и на запад од градот, додека поугледните и побогатите турски бегови изградиле и свои живеалишта покрај езерскиот брег, надвор од тврдината, во месноста Трсија.[4]

Султанот Мехмед II во 1466 година наредил во Цариград[nb 1] да бидат депортирани охридскиот архиепископ Доротеј, заедно со многу охридски клерици и болјари, најверојатно поради нивното антиосманлиско дејствување за време на востанието на Скендербег.[5]

Познатиот турски патописец Евлија Челебија кој го посетил Охрид во 1670 година, во својот патопис за овој град забележал: „Градот е добро населен, со рајски мирис, исто како градот Дамаск. Куќите му се приземни и на кат, со оформени седумнаесет маала (десет муслимански и 7 христијански). Куќите на големците се наоѓаат покрај езерото. Во градот има 17 муслимански храмови (големи и помали џамии), неколку медреси, седум мектеби, две јавни бањи, три трговски ана...Чаршијата е расфрлена на четири места со околу 150 трговски и занаетчиски дуќани“.[6]

 
Панорама на Охрид од почетокот на XX век

Во 1767 година била укината Охридската архиепископија.

 
Автохромна фотографија на улица во Охрид во 1913 година

Основањето на првиот комитет на ТМОРО во Охрид се случило во август 1894 година. Пролетта 1901 година се пристапило кон создавање на чета со враќањето на неколкумина печалбари. За време на Илинденското востание во Охридско се воделе непрекинати борби во текот на целиот месец август 1903 година. Во време на востанието во Охридско имало 31 борба. Четите од Илинденското востание својата борба ја продолжиле и во текот на Младотурската револуција во 1908 година.

Современа историја

 
Деца од Охрид пловат со дрвени корита за перење во Охридското Езеро, 1916 година
 
Старата железничка станица во Охрид.

Охридската околија за време на Првата балканска војна била поделена од страна на Србија и Бугарија на два дела: еден кој припаднал под српска власт и друг чиј статус требало да се решава по крајот на војната. Српската војска во Охрид влегла на 22 ноември 1912 година. Во војната се вклучиле и голем број охриѓани со надеж дека Македонија ќе биде ослободена.

Поради незадоволсвото од потпишувањето на Букурешкиот мировен договор и поделбата на Македонија, во септември 1913 година во Западна Македонија (Дебар, Охрид, Струга) е кренато востание, познато како Охридско востание. На 12 септември четите на Петар Чаулев и Павле Христов влегле во Охрид. Српската војска и администрација била протерана од Охрид, било свикано собрание и била формирана привремена управа, во која влегле: Лев Огненов, Иван Групчев, Павел Христов, Лев Кацков, Петар Филев и други истакнати граѓани. На 19 септември селата во Охридско биле освоени и опожарени од страна на српските чети, а четите на ВМРО се повлекле на запад кон Голо Брдо.

За време на Првата светска војна, Охрид и Охридско потпаднале под бугарска власт. За време на оваа окупација извршени се бројни ограбувања и однесени се предмети, книги и друго материјално богатство што се векови сведочело за достигнувањата на Охридската архиепископија. По пробивот на Македонскиот фронт во септември 1918 година, силите на Антантата ги поразиле бугарската и германската војска, така што тие ја напуштиле Македонија.

Охрид за време на Втората светска војна се наоѓал под бугарска окупација. Партизанските единици го ослободиле градот на 15 октомври 1944 година, но за кратко време, бидејќи биле под притисок на германските сили, тие се повлекле. По борбите меѓу партизаните и германските сили ноќта меѓу 7 и 8 ноември градот е ослободен.[7]

Во 1958 година во црквата „Света Софија“ бил одржан Вториот македонско црковно-народен собор на кој била донесена одлука за возобновување на Охридската архиепископија и истата да го носи името Македонска православна црква. На Третиот македонски црковно-народен собор, кој исто така се одржал во црквата „Света Софија“ во 1967 година била донесена одлука за прогласување автокефалност на Македонската православна црква.

Географија

 
Сателитска снимка на Охрид и Охридското Езеро
 
Старата рибарска населба Канео пред невреме

Градот Охрид се наоѓа во југозападниот дел на Македонија, на североисточната страна од Охридското Езеро, во Охридско-струшкото Поле. Градот е сместен во подножјето на планината Галичица, на надморска височина од 695 m, додека стариот дел од градот се наоѓа на повисока надморска височина до 740 m.

Сливното подрачје на Охридското Езеро брои над 40 реки и тоа 23 на албанска и 17 на македонска територија. Сепак, најголемиот дел од нив пресушуваат во летниот период и се незначителни. Во однос на нивниот проток, Сатеска, Коселска, Сушица и Черава се најзначајните реки кои се вливаат во езерото.

Охридски маала

Маала во Охрид се: Варош, Канео, Месокастро, Кошишта, Воска, Лабино, Кара-бего Маала, Крст-Џамија, Видобишта, Влашка Маала, Христо Узунов, Бараки, Црногорци...

Население

 
Карта со населени места на Охридското езеро

Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов (Македонија. Етнографија и статистика) во 1900 година во Охрид живееле 14.860 жители, од кои 8.000 Македонци, 5.000 Турци, 800 Албанци (300 христијани и 500 муслимани), 460 Власи и околу 600 Роми.[8]

Пописот од 1991 година не бил целосно одржан во градот Охрид, бидејќи дел од неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, во градот нема целосни податоци.[заб 1]

Етнички групи

Според пописот на населението од 2002 година, во градот имало 42.033 жители и спаѓал во групата на средни градови.[9] Заедно со туристичките приградски населби Рача (1.043 ж.), Населба Исток (117 ж.) и Свети Стефан (112. ж.) кои во статистиките се водат како одделни населени места, градот Охрид има 43.305 жители. Етнички гледано, населението (без приградските населби) е составено од:[10]

Етнички групи[10]
Македонци
  
80,39 %
Албанци
  
7,04 %
други
  
5,45 %
Турци
  
5,37 %
Срби
  
0,79 %
Власи
  
0,73 %
Роми
  
0,16 %
Бошњаци
  
0,07 %
Народ Вкупно Удел (%)
Македонци 33.791 80,39
Албанци 2.959 7,04
Турци 2.256 5,37
Роми 69 0,16
Власи 308 0,73
Срби 331 0,79
Бошњаци 29 0,07
други 2.290 5,45
Јазик

Во градот се зборуваат следниве јазици[10]:

Јазици[10]
македонски
  
83,05 %
албански
  
9,41 %
турски
  
5,30 %
други
  
1,11 %
српски
  
0,67 %
влашки
  
0,37 %
ромски
  
0,06 %
бошњачки
  
0,02 %
Јазик Вкупно Удел (%)
македонски 34.910 83,05
албански 3.957 9,41
турски 2.226 5,30
ромски 26 0,06
влашки 156 0,37
српски 280 0,67
бошњачки 10 0,02
други 468 1,11
Вероисповед

Во Охрид се застапени следните религиски групи[10]:

Религија[10]
Православие
  
80,86 %
Ислам
  
18,08 %
други
  
0,77 %
Католицизам
  
0,28 %
Протестантство
  
0,01 %
Вероисповед Вкупно Удел (%)
Православни 33.987 80,86
Муслимани 7.599 18,08
Католици 119 0,28
Протестанти 4 0,01
други 324 0,77

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во градот Охрид:

Население во минатото
ГодинаНас.±%
194811.169—    
195312.640+13.2%
196116.492+30.5%
197126.369+59.9%
198139.093+48.3%
ГодинаНас.±%
199142.908+9.8%
199441.146−4.1%
200242.033+2.2%
202138.818−7.6%
Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. б.п. Вкупно
1948[11] 6.094 1.011 2.758 444 271 322 269 11.169
1953 6.929 765 3.667 564 236 214 265 12.640
1961 11.222 1.866 2.590 376 438 16.492
1971 18.958 2.712 2.723 6 405 1.565 26.369
1981 29.603 3.373 2.688 497 265 423 2.244 39.093
1991 35.325 1.123 2.785 128 256 408 2883 42.908
1994 33.180 2.703 2.344 45 242 378 2.254 41.146
2002 33.791 2.959 2.256 69 308 331 29 2.290 42.033
2021 28.920 1.924 1.825 226 297 257 23 1.925 3.421 38.818

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948 — 2002), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Религија

Од 1018 до 1767 година Охрид бил седиште на Охридската Архиепископија. Таа како самостојна црковна организација го управувала верскиот живот на христијаните во Македонија и други балкански земји, а во одреден период под своја управа ги имала православните цркви во Далмација и делови од Италија. Затоа Охрид се нарекува „Балканскиот Ерусалим“[12]. На територија на општина Охрид постојат повеќе од 100 православни цркви од кои 60 активни, 10 исламски верски објекти — џамии и една католичка црква. Во Охрид се наоѓа седиштето на Дебарско-кичевската епархија на МПЦ.

Згради и музеи

 
Музеј на вода

Турскиот патописец Евлија Челебија го посетил Охрид во XIV век и забележал дека градот има 365 цркви, по една за секој ден од годината.

Цркви и манастири

Тврдини, археолошки наоѓалишта, спомен-куќи и музеи

 
Икона од црквата Св. Климент во Охрид

Археолошки остатоци

Годишни настани

Спорт

 
Плажата кај Св. Наум
 
Куќата на Крапчевци

Спортски клубови

  • Веслачки клуб „ЈУГ"
  • Кајак-кану клуб „Стрмец"
  • Кајак клуб „Рибар"
  • Кајак клуб „Пештани"
  • Едриличарски клуб „Бофор"
  • Спортско - риболовен клуб „Св. Апостол Петар"
  • Пливачки - ватерполо клуб „Охридски бранови"
  • Машки ракометен клуб „Охрид"
  • Женски ракометен клуб „Мобидик Охрид"
  • Фудбалски клуб „Охрид"
  • Фудбалски клуб „Воска 2002"
  • Фудбалски клуб „Воска Спорт"
  • Фудбалски клуб „Лескоец"
  • Фудбалски клуб „Рудар"
  • Фудбалски клуб „Борец’
  • Женски кошаркарски клуб „Профитнес"
  • Машки кошаркарски клуб „Лихнидос"
  • Атлетски клуб „Охрид"
  • Боксерски клуб „Охрид"
  • Тениски клуб „Охрид"
  • Стрелачки клуб „Охрид“
  • Извиднички Одред „Пионер“
  • Ф.К. Мазатар Брежани

Спортски манифестации

  • Интернационален охридски пливачки маратон — дел од Светскиот пливачки куп; Патека “Климе Савин” Св. Наум — Охрид.
  • Мал охридски пливачки маратон; патека Горица — Охрид.
  • Меѓународна едриличарска илинденска регата.
  • Илинденска веслачка регата

Инфраструктура

 
Охридскиот аеродром
 
Фотографија од железничката станица и единствениот воз во Охрид, 1922 година

Аеродромот Охрид се наоѓа на 9 км од градот, на магистралниот пат СтругаКичевоСкопје. Должината на полетно — слетната патека е 2.550 м, а ширината 45 м. Капацитетот на Аеродромот е 300 патници на час. Вкупниот аеродромски комплекс e со површина од 640.850 м, од кои 155.000 м за полетно — слетната патека, спојниците, пристанишната платформа и сервисните патеки. Врз основа на вака поставениот критериум се дефинира опслужното подрачје на Охридскиот аеродром за покриеност и на општините: Ресен, Струга, Охрид, Битола, Прилеп, Кичево, Дебар, Македонски Брод и Демир Хисар како општини со ограничени можности за просторна покриеност. Од статистичките податоци за физичкиот обем на сообраќајот во периодот 19972003, се добива податок дека се искористува приближно 40 % од расположливите сообраќајни капацитети на Аеродромот во текот на една година.

Во Охрид има една Автобуска станица каде што се одвива локалниот, меѓуопштинскиот и меѓународниот превоз на патници. Во 2002 се превезени скоро 2 милиона патници.

Низ територијата на Охрид поминуваат магистралниот пат М5 Охрид-Битола-Скопје со должина од 235 км и регионалните патишта Р501, Охрид — Св. Наум, 29 км и Р420, Охрид — Струга, 14 км.

Градот Охрид располага со паркиралишта од затворен и отворен тип. Ги има 6 со затворен тип и поголем број од отворен тип. На територија на Охрид во функција е граничниот премин “Св. Наум” — на државната граница со Република Албанија.

Охрид има издадена лиценца на околу 260 такси -возила и 91 комби-возило и минибуси преку кои се одвива локалниот и меѓуопштинскиот превоз на патници.

Постојат и две царински и шпедитерски терминали и тоа: Царински и шпедитерски терминал — Охрид и Царински и шпедитерски терминал — Аеродром Охрид.

Образование

 
Општинско Средно Училиште „Св. Климент Охридски“

Во Охрид функционираат следниве средни училишта:

  • Општинско средно училиште „Св. Климент Охридски“
  • Општинско средно економско и медицинско училиште „Св. Кирил и Методиј“
  • Општински електромашински Училиштен Центар „Св. Наум Охридски“
  • Општинско угостителско-туристичко училиште „Ванчо Питошески“

Од високото образование, во Охрид функционира државниот Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле", како и Факултетот за туризам и угостителство при Универзитетот Св. Климент Охридски.

Места во охридската област

 
Охрид во зима

Родени во Охрид

Збратимени градови

Градот Охрид е збратимен со градовите:[15]

Следниве градови имаат потпишано протокол за соработка со Охрид:[15]

Охрид како тема во уметноста и во популарната култура

Охрид како мотив во книжевноста

Охрид како мотив во музиката

  • „Ој ти момче охриѓанче“ — македонска староградска песна.[20]
  • „Охрид, Охрид, убав мил“ — македонска староградска песна.[21]
  • „Охрид, Охрид“ — песна на македонскиот композитор Александар Џамбазов.[22]
  • „Охрид и јас“ — песна на Александар Џамбазов.[23]

Галерија

Белешки

  1. Името на градот во тоа време на турски било Константиние (قسطنطينيه). Официјалното име на градот било променето во Истанбул од страна на Републиканската Турска влада, на 28 март 1930.

Наводи

  1. „Охрид“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „Весник Дневник — Интервју со амбасадорот на Израел во Македонија“. Архивирано од изворникот на 2011-09-28. Посетено на 2012-09-04.
  3. Миладиновци (1962). Зборник. Кочо Рацин. стр. 480.
  4. Македонските градови во турско време, Зоран Сенев, Киро Герасимов, Кочани, 2004, стр. 54
  5. Шукарова, Анета; Панов, Митко Б.; Ѓорѓиев, Драги; Битовски, Крсте; Катарџиев, Иван; Стојчев, Ванче; Велјановски, Новица; Чепреганов, Тодор (2008). Историја на македонскиот народ. Институт за национална историја. стр. 141. ISBN 9789989159237.
  6. Македонските градови во турско време, Зоран Сенев, Киро Герасимов, Кочани, 2004, стр. 58-59
  7. „Охрид низ историјата. Охрид за време на Втората светска војна“. www.ohrid.org.mk. Архивирано од изворникот на 2021-10-23. Посетено на 2012-09-17.
  8. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. Софија, 1900.
  9. Стојмилов, Александар; Апостоловска - Тошевска, Билјана (2016). Социоекономска географија на Република Македонија (PDF) (II доп.. изд.). Скопје: Природно-математички факултет. стр. 91. ISBN 9989-668-50-7.
  10. 10,0 10,1 10,2 10,3 10,4 10,5 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 11 јули 2016.
  11. http://pop-stat.mashke.org/yugoslavia-ethnic1948.htm
  12. Огледалото на македонскиот дух, 2004, ISBN 9989730385, стр 72: "... и Македонија во катедралната црква Св. Софија во македонскиот Ерусалим - Охрид. 72 ..."
  13. † ОСВЕТУВАЊЕ НА КАМЕН-ТЕМЕЛНИК НА ХРАМ „СВ. НИКОЛА“ ВО ЧЕКОШТИНА
  14. На влезот во Охрид поставен камен темелник за нова црква[мртва врска]
  15. 15,0 15,1 „Пријателски и збратимени градови“. Општина Охрид. Архивирано од изворникот на 2011-11-29. Посетено на 2012-09-02.
  16. Хигсов Бозон, Педерски Катахрезис, Темплум, Скопје, 2011.
  17. Блаже Конески, Поезија. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2011, стр. 53-54.
  18. Бранко Миљковиќ, Избор. Скопје: Мисла, култура, Македонска книга, 1988, стр. 5-6.
  19. Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 22.
  20. Vlatko Stefanovski & Miroslav Tadic featuring Theodosii Spasov, Treta Majka. Avalon, 029, 2004.
  21. YouTube, Ohrid, Ohrid ubav mil - Ohridski trubadurski biseri - Ansambl Biljana (пристапено на 19.10.2019)
  22. „Музиката на Александар Џамбазов“, 62 фестивал Охридско лето, 19.8.2022.
  23. „Музиката на Александар Џамбазов“, 62 фестивал Охридско лето, 19.8.2022.
Забелешки
  1. Во Пописот од 1991 година, во населените места: Страчинци, Љуботен, Арачиново, Грушино, Мојанци, Орланци, Боговиње, Жеровјане, Пирок, Милетино, Радиовце, Теново, Челопек, Горно Јаболчиште, Велешта, Горно Татеши, Долно Татеши, Врапчиште, Топлица, Вруток, Долно Јеловце, Здуње, Речане, Балин Дол, Беловиште, Гостивар, Дебреше, Мало Турчане, Чајле, Баниште, Дебар, Кривци, Селокуќи, Хаме, Делогожди, Корошишта, Ливада, Мислодежда, Ново Село (Делогожди), Горна Бањица, Долна Бањица, Симница, Долна Лешница, Желино, Озормиште, Требош, Бачишта, Букојчани, Горно Строгомиште, Зајас, Колари, Лешница, Палиград, Смесница, Копанце, Шемшево, Горно Палчиште, Долно Палчиште, Камењане, Кичево, Долно Свиларе, Кондово, Радуша, Рудник Радуша, Бедиње, Горно Коњаре, Д`лга, Куманово, Лопате, Романовце, Сопот, Табановце, Черкези, Белановце, Матејче, Никуштак, Опае, Ропалце, Жужње, Нистрово, Сенце, Тануше, Добри Дол, Калиште, Неготино-Полошко, Сенокос, Бериково, Гарани, Јагол, Ново Село (Осломеј), Поповјани, Премка, Србица, Стрелци, Туин, Шутово, Охрид, Ќојлија, Арнакија, Буковиќ, Грчец, Крушопек, Ласкарци, Љубин, Семениште, Барово, Јаболци, Биџево, Долна Белица, Заграчани, Калишта, Радолишта, Струга, Батинци, Вртекица, Морани, Студеничани, Глоѓи, Доброште, Непроштено, Пршовце, Слатино, Теарце, Голема Речица, Лавце, Мала Речица, Сараќино, Тетово, Баланци, Форино, Чегране, Џепиште, Гајре, Лисец, Скопје дел - Гази Баба, Скопје дел Карпош, Скопје дел - Центар и Скопје дел - Чаир, дел од жителите не прифатија да земат учество (го бојкотираа) во Пописот.

Надворешни врски