Цветан Грозданов
Цветан Грозданов (Охрид, 5 март 1936 - Скопје, 30 март 2018) — македонски политичар, прв министер за култура на Македонија и поранешен Претседател на Македонската академија на науките и уметностите во периодот од 2004 до 2008 година. По крајот на својот мандат, академикот Цветан Грозданов бил избран за претседател на Советот за култура[1] и еден од најреномираните византолози на Балканот.
Цветан Грозданов | |
---|---|
![]() | |
Министер за култура | |
На должноста 1991 – 1992 | |
Претседател | Никола Кљусев |
Претходник | нема |
Наследник | Ѓунер Исмаил |
Седми Претседател на МАНУ | |
На должноста 2004–2008 | |
Претходник | Матеја Матевски |
Наследник | Георги Старделов |
Лични податоци | |
Роден(а) | 5 март 1936 Охрид, Македонија |
Починал(а) | 30 март 2018 Скопје |
Националност | Македонец |
Партија | независен |
Установа | Филозофски факултет |
Професија | византиолог политичар академик |
Вероисповед | Православна |
Грозданов е роден во 1936 година во Охрид. Дипломирал и докторирал на Филозофскиот факултет во Белград, на групата за историја на уметноста. Специјализирал историја на византиската уметност во Париз. До пензионирањето, во 2001 година, бил редовен професор на скопскиот Филозофски факултет. Член е на МАНУ од 1991 [2]година.
Грозданов е специјалист по византологија. Во 2004 година од страна на Софискиот универзитет бил награден со „доктор хонорис кауза“[3]