Климент Бојаџиев
бугарски генерал од македонско потекло
Климент Ефтимов Бојаџиев (бугарски: Климент Бояджиев) (15 април 1861 - 15 јули 1933) бил генерал во бугарската армија и министер за одбрана на Бугарија. Учествува во Српско-бугарската војна (1885) година, Првата балканска војна (1912-1913), Втората балканска војна (1913) и Првата светска војна (1915-1918).
Климент Бојаџиев | ||
Роден | 15 април 1861 Охрид, Отоманско Царство, денес Република Македонија | |
---|---|---|
Починал | 15 јули 1933 Софија, Бугарија |
Во период од 15 април 1915 до 7 септември 1915 година, генерал-мајор Климент Бојаџиев бил началник на Штабот на бугарската армија.
Во Првата светска војна бил началник на Прва Бугарска Армија, со која учестува в бојот кај Костур и Лерин - како началник на Леринската операција.
Има добиено неколку ордени:
- Орден "За храброст" 2-ри ред Архивирано на 12 јануари 2013 г.
- Орден "Свети Александар" 2-ри ред
- Орден "За воена заслуга" 4-ти ред Архивирано на 28 септември 2007 г.
- Орден "За заслуга"
Извори
уреди- Недев, С., „Командването на българската войска през войните за национално обединение“, София, 1993, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, стр. 109-110