Димитар Зарчев (роден на 17 ноември 1940 година во Охрид) — македонски архитект.[1]

Димитар Зарчев
Роден 17 ноември 1940
Охрид, Кралство Југославија
Националност Македонец
Познат по изградба на:
станбен комплекс „Охридати”,
„Далјан“
станбени кули „Лескајца”
Занимање архитект

Дипломирал на Архитектонско-градежниот факултет во Скопје (1966). Најголем дел од својата професионална активност ја поминал во ГП „Трудбеник” како директор. Проектирал и реализирал разновидни објекти во кои е присутна тенденцијата за синтеза на старата охридска архитектура со модерната. Работел и во сферата на урбанистичкото планирање. Бил претседател на Општина Охрид. Реализирал повеќе станбени комплекси, станбени куќи и поединечни семејни куќи, станбениот комплекс „Охридати”, „Далјан”, станбени кули „Лескајца” во Охрид; хотелот „Метропол” во Охрид (1968); хотелот „Крани” на Преспанско Езеро (1981); Трговскиот центар „Амам” во Охрид (1995); Фабриката за преработка на пластични маси „Лихнида” во Охрид (1968); Индустрискиот комплекс „Сувенир” во Самоков (1979). Урбанистичко планирање: ДУП за „Езерски лозја” во Струга (1970); ДУП „Саат кула” во Велес (1981).

Наводи

уреди
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Зарчев“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 558. Text "series " ignored (help)