Владо Маленко (Охрид, 1 септември 1938Охрид, 20 октомври 2013) — македонски археолог и конзерватор.[1]

Владо Маленко
Роден 1 септември 1938
Охрид, Кралство Југославија, денес Македонија
Починал 20 октомври 2013
Охрид, Македонија Македонија
Занимање археолог
конзерватор

Животопис

уреди

Маленко е роден на 1 септември 1938 година во Охрид. Гимназија завршил во Кичево, во 1958 г. Дипломирал на Катедрата за археологија на Филозофскиот факултет во Белград во 1965 година. Од 1965 до 2004 година работел како археолог-конзерватор во Заводот за заштита на спомениците на културата - Охрид, а потоа и Народен музеј - Охрид, каде и се пензионирал. Вршел ископувања на повеќе наоѓалишта во охридскиот регион: црквата „Св. Пантелејмон“ на Плаошник, на античкиот театар во Охрид, на некрополата на Дебој, на ранохристијанските базилики во Радолишта, во Св. Еразмо, во наоѓалиштето Стоби и др. Во својот работен век објавил голем број трудови во периодични и посебни изданија од областа на археологијата и учествувал на повеќе домашни и меѓународни конгреси и симпозиуми. Исто така, во матичната институција во два мандати бил претседател на Управниот одбор, а смртта го затекла како актелен член на Управниот одбор при НУ Завод и Музеј – Охрид. Починал во Охрид на 20 октомври 2013 година.[2]

Библиографија

уреди
  • Nouvelles decouvertes dans la localité Sv. Erazmo, AIU XV, Београд, 1974, 45-51;
  • Нови антички наоди во Охрид и охридско, XXVIII, Скопје 1978, 339-349;
  • Раносредновековна материјална култура во Охрид и охридско, Охрид (монографија) кн. 1, дел VI,Охрид-Скопје, 1985, 269-339,
  • Македонско- украински врски, X–XX v., МАНУ, Скопје, 2004

Наводи

уреди
  1. Македонска енциклопедија. I (I. изд.). ISBN 978-608-203-024-2 Проверете ја вредноста |isbn=: checksum (help).
  2. „Почина археологот Владо Маленко“. Архивирано од изворникот на 2016-03-06. Посетено на 2013-10-21.