Иван Карадак
Иван Карадак (16 јули 1946, Охрид - Скопје, 17 декември 2017) — македонски писател, драматург и сатиричар, нарекуван таткото на модерната македонска сатира. Најпознат бил по емисијата „Хихирику" што секоја недела одела на првата програма на македонското радио, во 11 часот, цели четириесет години.
Иван Карадак | |
---|---|
Роден(а) | 16 јули 1946 Охрид, ![]() |
Починал(а) | 17 декември 2017 Скопје, ![]() |
Националност | Македонец |
Занимање | сатиричар и драматург |
ЖивотописУреди
Карадак бил автор на театарските претстави: „Угоре високо – Удолу длабоко”, „Хумористична партија “, адаптацијата на текстот „Како да ја убиеш сопругата и зошто”, три новогодишни претстави за деца, првонаградената радио-драма „Мајче” и многу други. Автор бил и на неколку книги: афоризмите „Коприварник”, сатиричните песни „Талкач по душата“, сатиричните песни „Записи врз водата”, куси сценарија „Лајач на месечина” и најновата книга афоризми „Мисли со Боцки “. Бил автор и на многу телевизиски драми и серии, меѓу кои: првонаградената „Цвеќе на карпатa “, познатите „Камчевци”, „Алф од Ново Лисиче “, „Ало Ало “, „Агенција осамени срца”, „Балкан бенд”, "Црно бело во боја", "Театарче лево ќоше", "Битолски лакрдии" и други.
Добитник на многу награди меѓу кои државната награда „Св. Климент Охридски“. Негова ќерка е македонската писателка Марта Маркоска.[1] Починал во Скопје на 17 декември 2017 година.
НаводиУреди
Надворешни врскиУреди
- Иван Карадак на Семрежната филмска база на податоци (англиски)