Поградец
Поградец или Подградец (албански: Pogradec) — град и седиште на истоимената општина од Горичката Област во денешна Југоисточна Албанија. Сместен е на југозападниот брег на Охридското Езеро, во историско-географската област Мокра. Се наоѓа југоисточно од Елбасан, југозападно од Охрид (Р Македонија) и западно од Лерин (Егејска Македонија) и северно од градот Горица (Корча). Градот е наречен по древната тврдина (денес наречена Поградечка тврдина), која се издигала на планинските падини над него (оттаму и „под-градец“).
Поградец Pogradec | ||
---|---|---|
општина | ||
Поглед на Поградец | ||
Координати: 40°54′0″N 20°39′0″E / 40.90000° СГШ; 20.65000° ИГД | ||
Земја | Албанија | |
Област | Горица | |
Управа | ||
• Градоначалник | Едуард Капри (ПД) | |
Површина | ||
• општина | 594,77 км2 (22,964 ми2) | |
Надм. вис. | 697 м | |
Население (2011) | ||
• општина | 61.530 | |
• општина густина | 1,0/км2 (2,7/ми2) | |
• општинска единица | 20.848 | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Пошт. бр. | 7301-7303 | |
Повик. бр. | (0)83 | |
Рег. таб. | AL | |
Мреж. место | bashkiapogradec.al |
Демографски особености
уредиВо градот и околните села и денес живее македонско население, од кои се издвојуваат три кои и денес јасно задржале етничкиот карактер и својата варијанта на охридскиот говор. Ова некогаш бил чисто македонски крај, што е очигледно од називите на населените места во општината (подолу). Иако денес има албанско мнозинство, половината жители се православни, а половината се муслимани. Ова укажува дека целокупното поградечко подрачје подлегнало на процес на албанизација на македонското население во не така далечното минато.
Општина Поградец
уредиДенешната Општина Поградец (Bashkia Pogradec) е создадена со управната реформа од 2015 г. кога се споени дотогашните општини Старово, Черава, Берагожда, Поградец, Проптишта, Требиње, Одуништа и Велчани, кои денес имаат статус на составни општински единици.[1] Опфаќа 73 населени места распоредени во 8 општински единици. Имаат вкупно население од 61.530 жители (2011) и површина од 594,77 км2.[2] Според тој попис, тогашната помала општина Поградец броела 20.848 жители.[3] Самиот град Поградец зазема 15 км2.
Општинска единица Берагожда
уредиОпштинската единица Берагожда опфаќа 9 населени места со вкупно 2.182 жители (2011).[3] Нејзино седиште е селото Берагожда (Dardhas).
- Берагожда (Dardhas)
- Вирчани (Grunjas)
- Лекас (Lekas)
- Ниче (Nicë)
- Оснат (Osnat)
- Прениште (Prenisht)
- Радуша (Derdushë)
- Стркање (Stërkanj)
- Стропица (Stropckë)
Општинска единица Велчани
уредиОпштинската единица Велчани опфаќа 8 населени места со вкупно 2.548 жители (2011).[3] Нејзино седиште е селото Велчани (Velçan).
- Бишница (Bishnicë)
- Бузавишта (Buzahishtë)
- Велчани (Velçan)
- Јола (Jollë)
- Лактеш (Laktesh)
- Лозник (Losnik)
- Сеништа (Senishtë)
- Шпела (Shpellë)
Општинска единица Одуништа
уредиОпштинската единица Одуништа опфаќа 6 населени места со вкупно 5.990 жители (2011).[3] Нејзино седиште е селото Одуништа (Udënisht).
- Бучица (Buqezë)
- Лин (Lin)
- Мамулишта (Memlisht)
- Одуништа (Udënisht)
- Пискупат (Piskupat)
- Червенака (Çervenakë)
Општинска единица Поградец
уредиОпштинската единица Поградец се состои само од градот Поградец (Pogradec), кој брои 20.848 жители (2011).[3]
Општинска единица Проптишта
уредиОпштинската единица Проптишта опфаќа 15 населени места со вкупно 4.785 жители (2011).[3] Нејзино седиште е селото Проптишта (Proptisht).
- Голик (Golik)
- Горно Радокал (Rodokal Sipër)
- Деброво (Baribardhë)
- Долно Радокал (Rodokal Poshtë)
- Долно Селце (Selcë e Poshtme)
- Залтора (Zalltore)
- Крчово (Kriçkovë)
- Омеш (Homezh)
- Омчани (Homçan)
- Проптишта (Proptisht)
- Самотина (Somotinë)
- Селиште (Selishtë)
- Слабиње (Slabinjë)
- Слатина (Slatinë)
- Слатинско Зимувалиште (Vërri)
Општинска единица Старово
уредиОпштинската единица Старово опфаќа 8 населени места со вкупно 15.687 жители (2011).[3] Нејзино седиште е селото Старово (Buçimas).
- Бахчалак (Bahçallëk)
- Вртово (Vërdovë)
- Загоричани (Gurras)
- Зерваска (Gështënjas)
- Пискупија (Peshkëpi)
- Рамен (Remenj)
- Старово (Buçimas)
- Тушемишта (Tushemisht)
Општинска единица Требиње
уредиОпштинската единица Требиње опфаќа 15 населени места со вкупно 2.481 жител (2011).[3] Нејзино седиште е селото Требиње (Trebinjë).
- Бел Камен (Guri i Bardhë)
- Горна Чешма (Çezmë e Vogël)
- Горно Селце (Selcë e Sipërme)
- Долна Чешма (Çezmë e Madhe)
- Дуница (Dunicë)
- Земче (Zemcë)
- Каливач (Kalivaç)
- Ланга (Llëngë)
- Малиње (Malinë)
- Ондишта (Hondisht)
- Оштица (Hoshtecë)
- Плешишта (Plenisht)
- Поткожани (Podgozhan)
- Превејани (Pevelan)
- Требиње (Trebinjë)
Општинска единица Черава
уредиОпштинската единица Черава опфаќа 11 населени места со вкупно 7.009 жители (2011).[3] Нејзино седиште е селото Черава (Çërravë).
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Закон бр. 115/2014[мртва врска]
- ↑ „Интерактивна карта на управната територијална реформа“. Архивирано од изворникот на 2017-01-12. Посетено на 2019-04-25.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 3,8 Исход од поописот 2011: Горица Архивирано на 24 септември 2015 г. — Статистички институт на Албанија (албански) (англиски)
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди„Поградец“ на Ризницата ? |
- Мрежно место на Општина Поградец Архивирано на 13 август 2020 г. (албански) (англиски)
- Туристички портал на Поградец (англиски) (албански)