Црква „Св. Јован Канео“ - Охрид

црква во Охрид, Македонија

„Свети Јован Богослов Канео“ — една од најпознатите цркви во Охрид, на карпестиот рид над плажата Канео во стариот дел на градот.

Св. Јован Богослов Канео

Поглед на црквата и езерото

македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Охридско
Парохија Прва охридска
Местоположба

Карта

Место Охрид
Општина Охрид
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Јован Богослов
Изградба пред XIV век
Архитектонски опис

Историја уреди

За историјата на црквата не постојат пишани податоци, современи со нејзиното подигање и живописување. Во натписот зачуван на фреско-малтер од црквата Св. Константин и Елена во Охрид се споменува една нива од селото Лескоец како имот на црквата Св. Јован Канео, што се граничи со имотот на црквата Св. Константин и Елена. Со ова се потврдува постоењето на црквата пред 1447 кога бил испишан натписот на Св.Константин и Елена - како и релативно раната појава на топономастичкиот назив на местото „Канео“ каде што е подигната црквата. Иако за црквата не постојат никакви сигурни историски податоци, нејзиниот живот може да се следи во општи историски рамки на развиток почнувајќи од XIII век па сè до почетокот на XIV век.

Во османлискиот период може да се следи активниот живот на црквата најверојатно сè до 1447 година кога се споменува имотот на црквата. Подоцна манастирскиот живот постепено опаѓа а со тоа доаѓа и уривање на самиот објект (ниските сводови од сите четри агли). Во поново време се претпоставува дека доаѓа до запуштање во подолг временски период меѓу XVII и XIX век. Тоа се докажува врз основа на најстарата запишана година која се наоѓа на најстарата икона во црквата (1676). Во поновата историја се забележуваат зафати со цел да се обнови самата црква, при што се враќаат сводовите како и подигање на анексите од северната јужната и западната страна кои денес се елиминирани. Од друга страна гледано од иконографски аспект, оваа црка обезбедува голем број на информации за историјата на средновековното сликарство во Македонија. Според иконографските одлики се поврзува со традициите од уметноста на Комнините. Во поголем број на цркви се наведуваат вакви одлики како што се Св. Софија во Охрид, Св. Константин во с. Свеќани (Велешко) и Св. Никола во с. Манастир. Меѓутоа само Канео има посебно нагласена модификација на комненските елементи, што помага за поблиско определување на хронологијата. Денес Канео има зачувано добар дел од своите првобитни фрески иако се извршени некои модификации во тој поглед меѓутоа својот првобитен шарм го има задржано до денешен ден што е прилично добро земајќи предвид дека самата црква била подолг период напуштена.[1]

Наводи уреди

  1. Св. Јован Канео Архивирано на 5 февруари 2012 г. - Портал на Охрид

Галерија уреди

Надворешни врски уреди

Координати: 41°6′39.91″N 20°47′19.17″E / 41.1110861° СГШ; 20.7886583° ИГД / 41.1110861; 20.7886583