Куќа на Уранија
спомен-куќа во Охрид
Куќата на Уранија во Охрид е изградена во втората половина на XIX век. Куќата на Уранија претставува изразит пример на асиметрично архитектонско решение со складни форми и е еден од ретките објекти од охридската староградска архитектура сочуван во својата изворна форма. Куќата им припаѓала на охридската фамилија Филеви, а последен жител на куќата била една старица по име Уранија, во чија чест објектот го носи името. Денес, сопственик на куќата е МАНУ.
Куќа на Уранија | |
---|---|
Куќата на Уранија (лево) и куќата на Робевци (десно) | |
Општи податоци | |
Вид | Куќа |
Место | Охрид, Македонија |
Завршена | втора половина на XIX век |