Доротеј (охридски архиепископ)
Доротеј I бил византиски свештеник и охридски архиепископ најверојатно во периодот по 1452 година или подоцна[1]. Тој бил архиепископ на Охридската архиепископија по потекло од Византија.
Доротеј | |
---|---|
Службата завршила | околу 1466 |
Претходник | непознато |
Наследник | непознато |
Лични податоци | |
Роден | 15 век |
Починал | 15 век |
Други папи наречени Доротеј |
Султанот Мехмед II во 1466 година наредил во Цариград[nb 1] да бидат депортирани охридскиот архиепископ Доротеј, заедно со многу охридски клерици и болјари, најверојатно поради нивното антиосманлиско дејствување за време на востанието на Скендербег.[2]
Го ангажирал познатиот книжевник Димитар Кратовски да го препише словенскиот „Номоканон“ за потребите на Охридската архиепископија. Во негово време црквенословенскиот јазик бил во употреба и во архиепископската канцеларија.[3]
Белешки
уреди- ↑ Името на градот во тоа време на турски било Константиние (قسطنطينيه). Официјалното име на градот било променето во Истанбул од страна на Републиканската Турска влада, на 28 март 1930.
Наводи
уреди- ↑ Грозданов, Цветан (2007). Живописот на Охридската архиепископија: студии. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите.
- ↑ Шукарова, Анета; Панов, Митко Б.; Ѓорѓиев, Драги; Битовски, Крсте; Катарџиев, Иван; Стојчев, Ванче; Велјановски, Новица; Чепреганов, Тодор (2008). Историја на македонскиот народ. Институт за национална историја. стр. 141. ISBN 9789989159237.
- ↑ д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 163. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува
|author1=
(help)