Востание на Скендербег

Востанието на Скендербег е востание на албанскиот народ од XIV век против Османлиското Царство.[1]

Причини за востанието уреди

Од 1378 година Османлиското Царство започнала постепено да ја наметнува својата власт и во Албанија[2]. Таму како и во Македонија постоеле внатрешни феудални борби коишто ја слабееле државата, па Османлиите тоа без проблем го искористиле и го наметнале своето влијание.

Во периодот од 1419 до 1432 Османлиите во Албанија го воспоставиле тимаро-спахискиот систем.На населението му биле наметнати даноци, започнал процесот на исламизација поради што и албанските феудалци ги губеле имотите. Се земале машки деца коишто се воспитувале религиозно и биле претворани во јаничари. Поради ова животот на населението бил тежок и неподнослив и тие се кревале на востанија коишто завршувале без успех.

Почеток и тек на востанието уреди

 
Скендербег.

Ѓерѓ Кастриоти-Скендербег бил испратен како заложник во Едрене. Таму тој го добил турското име Искендер и бил воспитуван во муслимански дух. Тој поседувал многу добри воени вештини и способности и многу големи познавања по што бил многу ценет и од султанот Мехмед II.

Во Албанија Скендербег се вратил во 1438 година со титулата бег. Таму тој ја воочил лошата положба на населението и во 1443 година ја напуштил османлиската војска, се откажал од исламот и го кренал албанскиот народ на востание.

 
Тврдината во Кроја од којашто Скендербег се бранел против османлиските војски

Скендербег ги искористил борбите коишто ги воделе унгарските војски на чело со Јанко од Хунедоара, па со 300 коњаници успеал да ја заземе тврдината Кроја(Круја), северно од Тирана. Турскиот гарнизон бил уништен, а востаниците го замениле османлискмото знаме со знаме со црвена основа и двоглав орел кој во тоа време бил симбол на Византија и на христијанството. По освојувањето на Кроја востаниците се упатиле кон централна Албанија каде што ослободиле уште неколку градови. Востанието било поддржано од селаните. По поразот на Турците Скендербег во ослободените области формирал принципати, а на чело на еден од нив бил лично тој. Во 1444 година Скендербег го свикал народното собрание на сите главатари коишто всушност биле албанските феудалци и со нив решил да се формира Албанска лига како воено-политички сојуз.

Во март 1444 година во Леска албанските феудалци се договориле за командант на војската да биде прогласен Скендербег, и да се формира Лига на албанските феудалци со цел феудалците за да ја поддржат борбата и годишно да собираат по 200.000 златни дукати. Меѓутоа и покрај договореното феудалците ја задржале својата автономија, а Скендербег од нив се разликувал само по тоа што бил прв меѓу еднаквите.

Тој околу себе собрал многу способни луѓе како што тоа бил Мојсеј Големиот. Била формирана Преторијанска гарда составена од 3.000 одбранбени војници.

Скендербег војувал цели 25 години против Османлиското Царство, а за тоа време имал и неколку славни битки. Во Битката кај Торвиол со 10.000 војници успеал да ја порази османлиската војска којашто броела дури 25.000 војници. Одбраната на тврдината Кроја против султаните Мехмед II и Мурат II широко се пренела низ цела Европа, а Скендербег бил прогласен за генерал на векот.

 
Печатот на Скендербег

При своите војувања Скендербег сорабортувал и со Унгарија и Италија, а и самиот патувал низ Западна Европа. Во 1451 година кралот на Неапол му испратил и воена помош на Скендербег.

По смртта на Скендербег во 1468 година, со востанието раководеле неговиот син Жан Кастриот и неговиот внук Ѓерѓ Кастриот. Тие успеале да одолеат на османлиските напади сѐ до освојувањето на градот Скадар и тврдината Кроја (Круја) по што брзо го задушиле востанието. Меѓутоа за да го пацифизираат албанскиот народ им требало време од десетина години,се до 1479 година.

Последици од востанието уреди

Востанието на Скендербег е прво посериозен активен вид на отпор на поробените балкански народи. Тоа вистински го опишува односот на османлиските власти кон балканските народи како и нивното незадоволство. По ова востание не престанало незадоволството од туѓата власт туку дополнително го зголемило револтот спрема Османлиите. На нивното уште поголемо незадоволство се надоврзало и тоа што по задушувањето на востанието во областите каде што тоа било најактивно бил извршуван огромен терор врз населението.

Наводи уреди

  1. Jean W Sedlar (1994). East Central Europe in the Middle Ages, 1000-1500. University of Washington Press. стр. 393–. ISBN 978-0-295-97291-6. Редок пример за успешен христијански отпор кон Турците во 15 век, иако во прилично оддалечен дел од Европа, дал Скендербег, албанскиот планински поглавар кој станал водач на националниот бунт. Повеќе од четвртина век до неговата смрт во 1468 година, тој ги предводил Албанците во изненадувачки ефективна герилска војна против турските окупатори. . line feed character во |quote= во положба 346 (help)
  2. Bury, John Bagnell; Whitney, James Pounder; Tanner, Joseph Robson; Charles William Previté-Orton; Zachary Nugent Brooke (1966). The Cambridge Medieval History. Macmillan. стр. 383. Во Албанија, каде што бунтот тлееше неколку години, херојскиот Скендербег (Кастриоти) се побуни и под ... line feed character во |quote= во положба 102 (help)