Коселска Река
Коселска Река — река во Македонија која извира од западните падини на Плакенска Планина на височина од 1.070 м, а се влива во Охридското Езеро на височина од 693 м, кај Охрид. Вкупната должина на речниот тек изнесува 66 км, има вкупен пад од 377 м, и просечен пад од 5,71‰. Сливот зафаќа површина од 214 км2. Просечниот годишен проток изнесува 1,30 м3/с. Најголемо количество вода има во пролет, а најмало кон крајот на летото. Во април 2010 година забележан е голем помор на риби во реката[1].
Коселска Река | |
---|---|
Земја | ![]() |
Слив | |
Главен извор | Плакенска Планина 377 м |
Устие | Охридско Езеро, кај Охрид |
Сливна повр. | 214 км2 |
Физички особености | |
Должина | 66 км |
Проток |
|
НаводиУреди
- ↑ Трајковски, Мики (1/04/2010). „Помор на риби во Коселска река“. Алсат - М. Посетено на 2010-04-21. Text "language" ignored (help); Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)