Рача
село во Општина Охрид
Рача — населба во Општина Охрид, која е сместена на атарот на селото Велестово, а денес претставува приградска населба на градот Охрид.
Рача | |
Координати 41°05′51.68″N 20°48′54.13″E / 41.0976889° СГШ; 20.8150361° ИГД | |
Регион | Југозападна Македонија |
Општина | Охрид |
Население | 1.043[1] жит. (поп. 2021)[2]
|
Шифра на КО | 25113 |
Надм. вис. | 740 м |
Рача на општинската карта Атарот на Рача во рамките на општината | |
Географија и местоположба
уредиНаселбата се наоѓа источно од Охридското Езеро, во дел од градот Охрид. Населбата припаѓа под Општина Охрид, брои околу 1.045 жители од кои 1.040 се од македонска националност по вероисповед православни христијани, сместени во 283 домаќинства и 508 станови претежно градби од понов период.
Население
уредиСпоред последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, населбата има 1.043 жители, од кои 1.040 Македонци, 2 Срби и 1 останат.[1] Следува табела на националната структура на населението
Народ | Вкупно | Удел (%) |
---|---|---|
Македонци | 1.040 | 99,71 |
Албанци | 0 | 0,00 |
Турци | 0 | 0,00 |
Роми | 0 | 0,00 |
Власи | 0 | 0,00 |
Срби | 2 | 0,01 |
Бошњаци | 0 | 0,00 |
други | 1 | 0,01 |