Дигитален речник на македонскиот јазик
Дигитален речник на македонскиот јазик – дигитален толковен речник на македонскиот јазик. Речникот е издаден од SAM97 GmbH[3]. Дигиталниот речник во септември 2019 година броел 75.557 зборови. Од нив 51% биле именки, 25% глаголи, 18% придавки и 5% прилози. Останатите 2% се делат меѓу предлози, извици, сврзници, честички и модални зборови.[1]
Насловна страница drmj.eu во јануари 2021 | |
Вид место | дигитален речник |
---|---|
Достапно на | македонски |
Земја на потекло | Германија |
Сопственик | SAM97 GmbH |
Основач(и) | Шинаси Деребеј[1] |
Матично претпр. | Македонски јазичен портал |
Адреса | drmj.eu Алтернативни врски: drmj.online drmj.ugd.edu.mk |
Место на Алекса | ▬218[2] (Македонија, јануари 2021)[update] |
Зачленување | не |
Тековна состојба | активен |
Опис
уредиДигиталниот речник на македонскиот јазик е поставен на семрежната адреса drmj.eu и пристапот до неа е слободен.
За составување на речникот била користена следната литература[3]:
- „Речник на македонскиот јазик“ од Блаже Конески, Том 1-3, Детска радост, 1994
- „Толковен речник на македонскиот јазик“, Том 1-6, издаден од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, 2003-2014
- „Граматика на македонскиот јазик“ од Блаже Конески, Детска радост, 1999
- „Правописен речник на македонскиот литературен јазик“ од Кирил Конески, Просветно дело, 1999
Покрај толкувањето на заглавните зборови на македонски јазик, речникот дава:
- преводни еквиваленти на англиски, албански, латински и во мала мера на турски, германски, француски, бугарски и српски јазик.
- можност за пребарување на македонските еквиваленти на одреден англиски, латински или албански збор преку опцијата „Обратно“.
- можност за пребарување по области преку внатрешната опција „Употреба“, при што во резултатот зборовите се подредени по „Категорија“.
- можност за проверка на правописот на одреден збор преку опцијата „Правопис“.
- можност за барање синоними на одреден збор преку опцијата „Синоними“.
- можност за разложување на зборот на слогови преку опцијата „Синоними“.
- можност за барање на употреба на одреден збор во текстови преку опцијата „Корпус“.
- можност за пребарување само на дел на зборот, на почетокот, на крајот или во секој дел од заглавните зборови.
Значење
уредиВо денешново време потребата од дигитализација на содржините е неопходност за да се намали дигиталниот јаз. Во таа смисла Дигиталниот речник на македонскиот јазик има извонредно значење за македонскиот јазик и за македонската култура воопшто. Изборите кои ги дава овој речник како барање на синоними или барање наводи за употреба на некој збор во книжевноста во огромна мерка ја олеснуваат работата како на учениците и студентите, така и лицата кои професионално се занимаваат со литература.
Исто така значајно е што речникот е отворен за промени, вклучување на нови зборови под наведените услови[3]:
- Зборот треба да е содржан во Речникот на македонскиот јазик од Блаже Конески
- Зборот треба да е содржан во Толковниот речник на македонскиот јазик издаден од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.
- Да постојат конкретни примери од македонската книжевност или македонскиот печат со употреба на предложениот збор.
како и за исправање на воочени грешки.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Творецот на дигиталниот речник на македонски јазик Шинаси Деребеј одржа предавање во МАНУ“. АКО. 22 септември 2019. Архивирано од изворникот на 2020-11-25. Посетено на 23 јануари 2021.
- ↑ „drmj.eu - Overview“. Alexa. Посетено на 23 јануари 2021.[мртва врска]
- ↑ 3,0 3,1 3,2 „МЈП - Импресум“. Македонски Јазичен Портал. Посетено на 23 јануари 2021.