Андон Дуков
Андон Дуков (1909 - 1944) - резбар од првата генерација на современи македонски уметници, воедно и сликар и борец во НОБ.[1]
Животопис
уредиДуков е роден во Охрид на 20 јануари 1909 година. Во родниот град завршил копаничарско училиште, а во Белград студирал на Уметничката академија. Работел како учител по цртање во гимназијата во Врање.
Во 1941 година, по капитулацијата на Кралството Југославија, се вратил во Охрид каде се вклучил во борбата против бугарската окупација. На 27 ноември 1941 година е осуден во отсуство на 12 и пол години затвор. Умрел од измрзнување во февруари или март 1944 година на планината Кожуф.
Наводи
уреди- ↑ Likovna enciklopedija Jugoslavije, 1 A - J. Zagreb: Jugoslavenski leksikografski zavod Miroslav Krleža. 1984. стр. 363.