Солунско Кралство
Солунското кралство е една од создадените Крстоносни држави после преземањето на Цариград во 1204 година на просторот на некогашна Византија, која во исто време претставувала и вазалство на Латинското Царство со седиште во Цариград.
Солунско кралство Βασίλειον Θεσσαλονίκης
| |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1204–1224 | |||||||||
Статус | Вазалство на Латинското Царство | ||||||||
Главен град | Солун | ||||||||
Говорени јазици | официјален: латински, народ: грчки | ||||||||
Вероисповед | официјална: Римокатоличка црква, народ: Православие | ||||||||
Уредување | Монархија | ||||||||
Крал | |||||||||
• 1204–1207 | Бонифациј Монтфератски | ||||||||
• 1207–1224 | Деметриј Монтфератски | ||||||||
Историски период | Среден век | ||||||||
• Создадено | 1204 | ||||||||
• Присоединување кон Епир | 1224 | ||||||||
|
Историја
уредиНејзин основач и прв крал бил раководителот на четртиот крстоносен поход, Бонифациј Монтфератски (1204—1207). Најпрвин тој се согласил да биде испратен за преземање на вториот по големина град во Византија, Солун. Така во 1204 година, по претходното отстапување на Крит на венецијанците, тој го создал Солунското кралството, кое било потчинето на Балдуин. Кралството ги завладеало земјите Македонија, Тесалија и Тракија. По преземањето на островот Евбеја, Бонифациј Монтфератски помогнал во создавањето на нови држави: Атинската Грофовија и Ахајското Кнежевство, кои станале вазали на Солунското Кралство.
Бонифациј Монтфератски со државата раководел сè до 4 септември 1207 година, кога бил убиен од страна на бугарските војски на цар Калојан. Неговиот наследник бил неговиот син Деметрие, кој сѐ уште бил бебе, така што државата била управувана од страна на разни феудалци. Кралството било нападнато во 1210 година од страна на Епир. Овие борби со Епир продолжиле и во следните години, за да на крајот, Солунското кралство потпадне под Епирското Деспотство.
Солунски кралеви
уреди- 1204–1207 : Бонифациј Монтфератски (Бонифациј I)
- 1207–1224 : Деметриј Монтфератски (Деметриј)
- 1207–1209 : Оберто II Биандратски, регент
- 1209–1216 : Евстациј Фландрсики, регент
- 1216–1224 : ..., регент
Литература
уреди- Haberstumpf, Walter (1995), Dinastie europee nel Mediterraneo orientale. I Monferrato e i Savoia nei secoli XII–XV, Torino, Архивирано од изворникот на 2005-12-31, Посетено на 2012-11-11
- Runciman, Steven (1951–1954), A history of the Crusades, Cambridge: Cambridge University PressCS1-одржување: датумски формат (link)