Храм на Изида (Охрид)

Храм на Изида — храм на егитепската божица Изида во градот Охрид (тогашен Лихнид), чии остатоци се наоѓаат во денешниот центар на градот. Сместен е подземно, на просторот меѓу месноста Карабегомала и Градското собрание.

Охридската Изида

Археолошки зафати

уреди

Во мај 1967 год. при изградба на станбена зграда, ова археолошко наоѓалиште го откриле стручњаци од Охридскиот завод и музеј. Меѓутоа, поради специфичноста на просторот на кој има повеќе станбени објекти, а најмногу поради недостиг од средства, не се продолжило со пообемни истражувања. Најголеми археолошки зафати, биле извршени во северозападниот дел од локацијата - крајниот северен темел на зградата. Бил откриен дел од градбата, кој се состоел од две простории. Најинтересно е што на овој простор биле пронајдени и две статуи на египетската божица Изида. Тие сега се чуваат во витрините на куќата на Робевци и претставуваат особено привлечни експонати. Просторот под зградата каде што е откриено ова наоѓалиште е заштитен со посебна метода.

Историја

уреди

Се претпоставува дека оваа градба, посветена на божицата Изида, датира од времето кога македонските војски се повлекувале од Египет на просторот на Македонија. Со нивното доаѓање на овие простори, тие со себе донеле и дел од културното наследство, некои верувања од стариот Египет. Така се случило и култот кон божицата Изида, да биде пренесен кај нас. Меѓутоа, треба да се напомене дека е ова античка градба. Што се однесува до Изида, таа била божица на плодноста, на патувањата. Изида е египетска божица, а храмови посветени токму на неа има низ цела Македонија. Некои охридски археолози велат дека можат да се добијат нови сознанија за оваа градба само доколку продолжат испитувањата на просторот во централното градско подрачје во Охрид. Тие претпоставуваат дека ќе се пронајдат и деловите од статуите на Изида, што недостигаат сега.