Перо Латкоски
Перо Латкоски (Охрид, 1980) – универзитетски професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии.[1]
Перо Латкоски | ||
Роден | 1980 Охрид | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Занимање | универзитетски професор |
Животопис
уредиПеро Латкоски е роден во Охрид во 1980 година. На Електротехничкиот факултет во Скопје дипломирал во 2004 година, магистрирал во 2006, а докторирал во 2010 година. На факултетот почнал да работи веднаш по дипломирањето како демонстратор, напредувал во асистент во 2006, доцент во 2010, вонреден професор во 20хх и редовен професор во 20хх година.
Во рамките на досегашната научно-истражувачка работа публикувал над 60 трудови во реномирани меѓународни научни списанија и конференции. Автор е на книгата „Communication Protocol Engineering of Wireless Networks: Modeling and Optimization“ (VDM Verlag Dr. Müller, 2009). Активно учествувал во повеќе домашни истражувачки и апликативни проекти, како и во неколку научно-истражувачки проекти финансирани од FP6 и FP7 рамковната програма на ЕУ. Континуирано е побаруван како рецензент на научни трудови за меѓународните списанија и конференции од областа телекомуникации. Неговите истражувања се фокусирани на моделирање, анализа, оптимизација и протоколно инженерство на безжичните локални и персонални системи, како и широкопојасните безжични системи.[1][2]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 50 ГОДИНИ ФАКУЛТЕТ ЗА ЕЛЕКТРОТЕХНИКА И ИНФОРМАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ. Скопје: Факултет за електротехника и информациски технологии. 2009. стр. 224. ISBN 978-9989-630-58-3.
|access-date=
бара|url=
(help) - ↑ „Перо Латкоски“. ФЕИТ. Посетено на 24 март 2021.