Птуј (словенечки: Ptuj, латински: Poetovio, германски: Pettau) — град и урбана општина во Словенија. Традиционално овој град е дел од регионот Штаерска, а административно е дел од Подравскиот статистички регион. Градот има население од околу 23,000 жители.[1]

Птуј
Ptuj
град
Стариот дел на Птуј
Стариот дел на Птуј
Грб на Птуј
Местоположба на Општина Птуј
Местоположба на Општина Птуј
Птуј is located in Slovenia
Птуј
Птуј
Местоположба на Птуј
Координати: 46°25′N 15°52′E / 46.417° СГШ; 15.867° ИГД / 46.417; 15.867
Држава Словенија
РегионШтаерска
ОпштинаПтуј
Управа
 • ГрадоначалникШтефан Челан
Површина
 • Вкупна66,7 км2 (258 ми2)
Население (2002)
 • Вкупно23.242
 • Густина35/км2 (90/ми2)
Час. појасCET (UTC+01)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+02)
Мреж. местоOfficial site

Птуј е најстар град во Словенија. Целиот централен дел на градот е заштитен како споменик на културата и архитектурата.[2]

Низ градот тече реката Драва.

Географија

уреди

Градот се наоѓа на надморска височина 232 m и има површина од 66,7 км2. Се наоѓа во североисточниот дел на Словенија, во средината на Долно Подравје, во Панонската Низина и има субпанонска клима со просечна годишна температура на воздухот 10 °C. Новиот дел на градот со станбени блокови и поединечни куќи се шири на северозападната, северната и североисточната страна.

Денес Птуј е седиште на истоимената општина, една од единаесетте градски општини во Словенија. Населби кои припаѓаат на општината се следниве: Грајена, Грајеншчак, Кицар, Крчевина кај Вуберг, Градски Врв, Пациње, Подвинци, Долни Веловлек и Спухља.

Птуј е значаен транспортен јазол, каде што се вкрстуваат автопатот од Марибор до Загреб и регионалниот пат од Словенска Бистрица, преку Ормож, до Хрватска. Низ градот поминува и желеничка линија која се движи од Прагерско, преку Ормож и потоа продолжува до Мурска Собота и Унгарија и завршува во Хрватска. Птујското Езеро е најголемото вештачко езеро во Словенија.

Збратимени градови

уреди

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Ptuj municipality site
  2. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-12-19. Посетено на 2015-12-23.
Оваа статија содржи информации од преработка од November 7, 2006 од истоветната статија на Википедија на германски.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди