Коста Групче или Коста Групчев — македонски национален деец и борец за македонска национална самостојност. Тој бил член на Тајниот македонски комитет, каде членувале и Темко Попов, Наум Евро и Васил Карајовов. Евро и Комитетот се залагале за македонска самостојност, воведување на македонскиот јазик во училиштата, издавање на македонски граматика и правопис и одбрана од балканските пропаганди во Македонија. Групче проповедал дека: словените во Македонија се Срби и Бугари толку, колку што се и Руси, Чеси или Полјаци, тие се Македонци, совршено одделна словенска народност[1].

Коста Групче
Роден Коста Групчев
1848
Охрид
Починал 3 февруари 1907
Истанбул
Националност Македонец
Познат македонски преродбеник и национален деец
Занимање македонист, деец

Животопис

уреди
 
Насловна страна на „Цариградски гласник“, 13 април 1895. „Администратор: Коста Групчевиќ“

Коста Групче е роден во 1848 година во Охрид, тогаш во рамките на Отоманското Царство, во големото семејство Групчеви. Тој е син на Ангел Групче, близок соработник на Григор Прличев, и на Катерина Групчева. Своето рано образование го стекнал кај Григор Прличев на грчки јазик. На 16 години тој заминал за Романија, а потоа во Виена и потоа пак се враќа во Отоманското Царство. Тој се занимавал со слаткарство, заедно со својот брат. Во 1885 година Коста Групче се запишал на Софискиот универзитет и станал член на ученичкото друштво „Свети Климент“. Истата година, Коста Групче заедно со Темко Попов. Наум Евро и Васил Карајовов го основале Тајниот македонски комитет. Тој бил уапсен од бугарските власт при неговото патување кон Истанбул и бил затворен во Стара Загора. Тој бил осуден како руски шпион, но потоа бил ослободен по српската и руска интервенција.

Во Истанбул, Коста Групче неуспешно се обидел да го издаде македонскиот весник „Македонски глас“ (1887) и да создаде македонски буквар, кој патем останал ракопис (1888). Тој умрел во Истанбул.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. А. Шоповь, Изь новата история на Бьлгаритеь вь Турция, Пловдивь, Тьрговска печатница, 1895,78

Надворешни врски

уреди