Дики Бојаџи
Димитар „Дики“ Бојаџи (24 февруари 1939 во Охрид) — македонски маратонски пливач[1]. Завршил Виша школа за надворешна трговија во Белград (1970) и Виша педагошка школа во Скопје (1975). Бил член на ПВД „Охридски бранови“. Првак на Македонија во 17 дисциплини во пливање на куси патеки, со 8 републички рекорди[1]. Во маратонското пливање освоил први места на реката Сава на 24 км (1959) и на државните првенства на Охридското Езеро (1959, 1963 и 1965)[1]. На врвните светски натпреварувања на Охридското Езеро, освоил едно второ место (1966) и две трети (1962 и 1965)[1]. На маратонот од Капри до Неапол (1960) го освоил првото место и успешно настапувал на него сè до 1967, како и на меѓународните маратони во САД, Канада, Египет и во Сирија[1]. Тој е избран за најдобар спортист на Македонија во 1960 и 1961 година[1].
Дики Бојаџи | |
---|---|
Лични информации | |
Целосно име | Димитар Бојаџи |
Роден на | 24 февруари 1939 |
Роден во | Охрид, Кралство Југославија |
Спорт |