Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Охрид

црква во Охрид, Македонија

Успение на Пресвета Богородица (позната како: Света Богородица Каменско) — македонски православен храм во градот Охрид. Оваа црква се наоѓа во строгиот центар на градот Охрид, во стариот дел на градот, над стариот чинар и фонтаната во чаршијата. Во дворот на црквата се наоѓа гробот на дебарско-кичевскиот митрополит Антониј. Црквата изобилува со прекрасен фрескоживопис, како и со два сводови на кои се насилкани Пресвета Богородица и Исус Христос во централна положба. Исто така во црквата постои раскошен резбан иконостас. Не е познато кој мајстор го правел иконостасот, но се претпоставува дека станува збор за мијачки мајстор. Според својата конструкција иконостасот е поделен на пет хоризонтални полиња[1]. Се смета дека црквата е изградена и живописана во XVII век, а била проширена во 1832 година[1], што како година стои врежано над влезната порта во дворот на црквата. Црквата била живописана уште двапати, првиот пат од познатиот и прочуен зограф Дичо Зограф во 1863 година и вторпат во 1924 година[1].

Успение на Пресвета Богородица (Каменско)

Црквата „Света Богородица“ Каменско во центарот на Охрид, погледната од фонтаната кај Стариот чинар

македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Охридско
Парохија Втора охридска
Местоположба

Карта

Место Охрид
Општина Охрид
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Пресвета Богородица
Изградба XVII век (проширување 1832 година)
Живопис XVII век, 1863 година, 1924 година
Зограф Дичо Зограф
Архитектонски опис

Оваа црква е централна парохиска црква на Втората охридска парохија. Фрескоживописот и иконите на иконостасот се дело на познатиот македонски зограф Дичо Зограф, изработени во 1863 година. Во 1991 година изградена е административна зграда. Во септември и октомври 2002 година, од страна на Заводот за заштита на спомениците на културата и Народен музеј - Охрид, извршено е чистење и конзервација на фрескоживописот. На 28. V 2004 година завршено е фрескоживописувањето на западната страна на црквата, која не беше живописана. На 15. VI 2004 година завршено е поплочувањето на подот со мермер гранит, а во месец декември 2006 година извршено е проширување на дворот, под кого се направени магацини, и негово партерно уредување[2].

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2010-10-06. Посетено на 2011-02-12.
  2. „„Св. Богородица Каменско" - Охрид“. Дебарско-кичевска епархија. Архивирано од изворникот на 2012-04-09. Посетено на 2012-03-20.

Надворешни врски

уреди