Ахил Тунтев
Ахил Тунтев (1939-2020) — македонски дипломат, новинар и советник на првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров.
Ахил Тунтев | ||
Роден | 11 декември 1939 Охрид, Кралство Југославија (денес Македонија) | |
---|---|---|
Починал | 9 ноември 2020 Скопје, Македонија | (возр. 80)|
Националност | Македонец | |
Занимање | дипломат, новинар |
Животопис
уредиРани години
уредиРоден во Охрид 1939 година каде што го оформил основното и средно образование. Завршил Правен факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Бил главен и одговорен уредник на весникот на скопските студенти „Студентски збор“, а од 1968 до 1974 година бил главен и одговорен уредник на информативно-политичката програма на Телевизија Скопје и автор на повеќе телевизиски емисии.
Општествено-политички активности
уредиБил избиран на најодговорни функции во општествено-политичките организациии на Универзитетот (претседател на Сојузот на студентите на Универзитетот во Скопје, секретар на Универзитетскиот комитет на СКМ), на републичко ниво (претседател на ЦК на Социјалистичката младина на Македонија, член на Извршниот комитет на ЦК-СКМ) и на сојузно ниво (член на Претседателството на Сојузот на студентите на Југославија и на Претседателството на Сојузот на социјалистичката младина на Југославија).
Дипломатска активност
уредиОд 1974 година се занимава со дипломатска работа во Републичкиот секретаријат за односи со странство, каде што заземал раководни функции и учествувал во бројни меѓународни активности. Од 1984 до 1988 година бил ополномоштен министер-советник во Амбасадата на СФРЈ во Софија, а потоа работел во Белград како советник на Сојузниот секретар за надворешни работи.
Во ноември 1989 г. се враќа во Скопје на функција советник за надворешно-политички прашања на Претседателството на СР Македонија. Оваа функција продолжува да ја врши и во Кабинетот на првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров, за целото време на неговите два претседателски мандата (1991-2000). Учествувал, во состав на државни делегации или на експертско ниво, на бројни меѓународни конференции и средби во земјата и во странство, а извршувал и повеќе дипломатски мисии. Во „Утрински весник“ објавил сеќавања од приемот на Македонија во Обединетите нации во април 1993 година.[1][2][3]
Пензиониран во април 2000 година на функција Амбасадор, советник на Претседателот на Републиката. Починал на 9 ноември 2020 година во Скопје.[4]
Публикации
уредиВо 2005 ја објавува книгата „Република Македонија: прва декада, 1990-1999“ во издание на МИ-АН[5][6].
Соработувал на текстот и документацијата на книгата на Киро Глигоров „Македонија е сè што имаме“ (2001)[7] и на Дипломатскиот летопис (издание на Дипломатскиот клуб - Скопје Архивирано на 17 октомври 2016 г.).
Наводи
уреди- ↑ [1][мртва врска] Ахил Тунтев: „Како Македонија стана членка на Обединетите нации“ (прв дел), Утрински Весник, 05.04.2013
- ↑ [2] Архивирано на 13 септември 2014 г. Ахил Тунтев: „Како Македонија стана членка на Обединетите нации“ (втор дел), Утрински Весник, 07.04.2013
- ↑ [3][мртва врска] Ахил Тунтев: „Како Македонија стана членка на Обединетите нации“ (трет дел), Утрински Весник, 08.04.2013
- ↑ Sabit, Lejla (2020-11-11). „Почина Ахил Тунтев, дипломат и советник за надворешни работи на Киро Глигоров“. Независен Весник. Посетено на 2020-11-11.
- ↑ Ахил Тунтев: Република Македонија : прва декада (1990-1999). Скопје: Ми-Ан, 2005
- ↑ [4][мртва врска] Вест на „Утрински весник“ околу промоцијата на „Република Македонија: прва декада“ од Ахил Тунтев
- ↑ Киро Глигоров: Македонија е сѐ што имаме. Скопје: Три, 2001