Црква „Св. Богородица Болничка“ - Охрид
Света Богородица Болничка — македонски православен храм, кој се наоѓа во стариот дел на градот Охрид, непосредно до ѕидот на долната порта, зад некогашната библиотека, на кејот на градското пристаниште. До денес не се откриени пишувани податоци за нејзиното живописување, но според изведбата на градењето и според анализата на живописецот оваа црква припаѓа на малите еднокорабни охридски цркви, од вренето на XIV век. Црквата претрпела повеќе измени и тоа во XVI и XVII век, а последен пат во оваа црква се интервенирало во 1834 година, кога повторно е живописана на малтер нафрлен врз стариот живопис. По конзерваторските работи во 1959-1960 година, живописот од 1834 година е остстранет и се наоѓа како експонат во тремот. Инаку постариот фрескоживопис е дело на непознат локален зограф со големо чувство за компонирање на боите, и е еден од подобрите остварувања во Охрид. Иконостасот е изработен од ореово дрво, од вештите раце на Никола Дарковски Караџовик од с. Лазарополе во 1833 година, и се вбројува помеѓу најзначајните дела на мијачките копаничари од минатиот век. Околу црквата се наоѓаат повеќе гробови на монаси или игумени, како и заедничка гробница. Двете цркви се нарекуваат болнички според маалото во кое се наоѓаат, бидејќи според раскажувањето на постарите жители во средниот век тука постоела болница[1].
Света Богородица Болничка
| |
Црквата Света Богородица Болничка во Охрид | |
македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Охридско |
Парохија | Прва охридска |
Местоположба | |
---|---|
Место | Охрид |
Општина | Охрид |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Света Богородица |
Изградба | XIV век |
Живопис | XVI, XVII и 1834 |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | еднокорабна |
Наводи
уреди- ↑ „„Св. Богородица Болничка" - Охрид“. Дебарско-кичевска епархија. Архивирано од изворникот на 2012-04-09. Посетено на 2012-03-20.
Галерија
уреди-
Поглед на црквата од запад
-
Дел од црквата
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Богородица Болничка“ - Охрид на Ризницата ?