Коста Абраш

(Пренасочено од Коста Абрашевиќ)

Коста Абраш (Абрашевиќ) (Охрид, 29 мај 1879 - Шабац, 20 јануари 1898) бил македонски пролетерски поет,[1][2][3][4][5] по убедување социјалист. Автор е на само една посмртно објавена книга социјална лирика („Песни“, 1903). Се вбројува во групата на дводомни писатели, бидејќи пишувал на српски јазик.

Коста Абраш
Портрет на Коста Абраш
Роден/а29 мај 1879
Охрид, Османлиско Царство
Починат/а20 јануари 1898(1898-01-20) (возр. 18)
Шабац, Кралство Србија

Абрашевиќ книжевната историја го евидентира како еден од предвесниците на литературниот правец што вообичаено се именува како социјална литература.

Животопис

уреди
 
Местото каде што се наоѓала куќата на Абраш во Охрид

Абрашевиќ е роден во трговско семејство во Охрид. Татко му се викал Наум, а мајка му Сотира. Наум бил ситен трговец. Патувал често во Елбасан, каде што купувал зејтин и друга роба, ја носел во Охрид и тука ја продавал. Се женел два пати. Во првиот брак немал деца. Неговата мајка Сотира била школувана, што во тоа време било вистинска реткост, особено за женските деца. Коста бил трето дете. Своето школување го започнува во Охрид и завршил три одделенија во основното грчко училиште.

Преселување во Србија

уреди
 
Биста на Абрашевиќ во Белград

Со преселувањето на неговото семејство во Шабац во 1888 година, тој своето обрзование го продолжува таму. Мошне млад почнува да пишува песни, љубовни и патриотски, кој ги потпишувал со презимето Абрашевиќ. Во тој период објавил и книга песни со наслов „Стихозбирка“.[5] Во 1894 година се запознава со социјалистичките идеи на кои им останува приврзан до крајот на својот краток живот. Починува многу млад, на 19 години, од туберкулоза.

Како спомен на него, неговите другари социјалисти во 1905 година во Белград формираат прво работничко културно-просветно друштво „Абрашевиќ“. Една од најстарите печатници во слободна Македонија, сместена во неговиот роден град Охрид, го носи токму неговото име.[6]

Наводи

уреди
  1. Тоциновски, Васил - Стојановска-Друговац, Јованка - Наумов, Никола - Миронска-Христовска, Валентина „Коста Абраш: (125 години од раѓањето), (материјали од научниот собир одржан во домот на културата "Григор Прличев" Охрид, 6 јуни 2004)“, Скопје: Институт за македонска книжевност, 30 стр.
  2. Тоциновски, Васил, „Интимниот поетски разговор на Коста Абраш како колективно меморирање“, Институт за македонска книжевност, 2005. ISBN 9989-886-57-1. 15-30 стр.
  3. Тодоровски, Гане, „Македонската критика за XIX книжевен век“, Скопје: Феникс, 2005, 242 стр. ISBN 9989-33-147-2
  4. Ристески, Стојан, „Мајката на Коста Абраш не била Гркинка“, „Нова Македонија“. ISSN 0350-4298. - 49, 16558[16557] (26 февруари 1993), 11 стр.
  5. 5,0 5,1 Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 10. ISBN 9989-624-46-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  6. „Печатница Коста Абраш“. Архивирано од изворникот на 2020-10-19.

Литература

уреди
  • Стојан Ристески, „Коста Абраш: пролетерскиот поет од Охрид“, Охрид: СИЗ за култура, 1981.
  • Ристо Ќортошев, „Младиот бунтовник: годишнини: 95 години од смртта на Коста Наумов Абрашевиќ“, „Нова Македонија“, 4 февруари 1993.
  • Маринела Јовановиќ (ур.), „Охридски литературни творци од Прличев до денес“, Градска библиотека "Григор Прличев", Охрид, 1999.

Надворешни врски

уреди