Лука Групче — македонски револуционер и учител од Охрид. Охридски и струшки војвода на ВМОРО.

Лука Групче(в)
Роден 19 октомври 1874
Охрид
Починал 30 јули 1947
Софија, Бугарија

Биографја

уреди

Роден е на 19 октомври 1874 г. Доаѓа од познатиот охридски род Групчеви (Групчe)[1]. Завршува гимназија во Софија, а потоа учителствува во Охрид и Ресен. Од 1903 година преминува во нелегалност, и за кратко е четник при Тома Давидов. Учествува на Смилевскиот конгрес на ВМОРО како претставител на Охридскиот реон, каде што е избран за член на Охридското горско началство. Секретар е на четатата на Јаким Алулов и потоа самостоен војвода во струшкото село Дримкол за време на Илинденското востание.[2].

По Востанието пребегнува преку Албанија и Црна Гора во Бугарија, каде што потоа работи како секретар на 3-та женска гимназија во Софија[1]. Во 1904 година се вклучува во Задграничното претставителство на ВМОРО.[3] При избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 година е доброволец во Македоно-одринското ополчение и служи во 9-та велешка дружина. За покажаната храброст добива сребрен медал. Во Охридско-Дебарското востание во септември 1913 година Групчев влегува во привремената управа на Охрид.

1938-1939 година, заедно со Лазар Томов и Христо Танушев е член на редакциониот комитет на списанието „Илустрација Илинден“.[4]

Починал во Софија, на 30 јули 1947 г.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Енциклопедија Македоника, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 408
  2. „Илустрација Илинден, год. V, бр. 7-8, стр. 22“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-04-18. Посетено на 2013-12-25.
  3. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главна управа на архивите, 2006, стр. 188.
  4. Български периодичен печат 1878-1944. Анотиран библиографски указател, т. І, А-М, Софија 1962, с. 372.