Георги (Ѓорѓи) Баласчев (10 април 1869 во Охрид - 4 октомври 1936 во Софија), историчар, еден од водачите на софискиот кружок на македонските студенти од кои ќе никне „Младата македонска книжевна дружина“ во 1891 година. Автор на повеќе прилози на тема Македонија кои ги објавувал под псевдонимот „Езерски“ во сепаратистичкото списание „Лоза[1].

Георги Баласчев
Роден 10 април 1869
Охрид, Македонија
Починал 4 октомври 1936
Софија, Бугарија

Познаник на Мисирков од заедничкиот престој во Белград (1889) и во Софија (1890), кој во времето кога се ставаа основите на Младата македонска книжовна дружина, под псевдонимот Езерски, ја објави првата книга на македонски јазик за лозарското движење: „Неколку кратки летописни белешки за состојбата на западните Македонци...” (Софија, 1890).

Како човек, кој живееше во Бугарија, Баласчев не еднаш го креваше гласот во полза на својата поробена и подоцна раздробена татковина.

Учил во Солунската бугарска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ и Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“.

Во периодите 1899-1902, 1904-1908 и 1924-1934 бил учител во Софиjа, во 1902-1903 бил уредник во Археолошкиот музеj во Софиjа, во 1919-1923 во Етнографскиот музей во Софиjа, а во 1934-1936 бил инспектор во бугарското Министерство за образование.

Дела

уреди

Насловите на делата се дадени во оргиналот како што се објавени.

  • Биографически и книжовни чертици на Григор С. Пърличев и венчаната му поема през 1860 година на поетическия конкурс в Атина (објавена во Софија, 1897 г.)
  • Неколко кратки летописни бележки по състоянието на западните Македонци за първата 45 годишнина на настоящий век (1890)
  • Нови известия за черковното ведомство на Видинската и Софийската епархия през първите години на тяхното завладяване от Турците (1901)
  • Бележки върху веществената култура на Старобългарското ханство и основанието му в Европа (1902)
  • Бележки върху изкуството в българските земи през средните и по-нови векове (1920)
  • Най-старата словенска държава на Балканския полуостров през VII и VIII в. и нейният етнически състав (1924)
  • Българите през последните десетгодишнини на десетия век и първите от единадесетия в 2 ч. (1927 и 1930) и др.

Извори

уреди
  1. Македонскиот 19 век. Скопје: Македоника. 2014. стр. 125. ISBN 978-608-4614-59-3. На |first= му недостасува |last= (help)

Литература

уреди
  • Глушков, П. Георги Баласчев, Минало, 1942, № 9-10, с. 81-96;
  • Научните трудове на Георги Баласчев, Минало, 1942, № 9-10, с.11-15;
  • Чолов, Петър. Български историци, Биографично-бибилиографски справочник, София 1999, с.25

Надворешни врски

уреди