Црква „Св. Никола Болнички“ - Охрид

црква во Охрид, Македонија

Свети Никола Болничкимакедонски православен храм, кој се наоѓа во стариот дел на градот Охрид, на улицата Цар Самоил, помеѓу охридското пристаниште и Куќата на Робевци, веднаш наспроти црквата Света Богородица Болничка. Изградена и живописана во 1313 година од непознат зограф. Црквата е еднокорабна со засводен полукружен свод. На нејзината западна страна се наоѓа камбанарија - преслица единствена во Македонија, изградена под влијание на приморската архитектура. За првпат се споменува во еден документ за имотот на црквата "Света Богородица Перивлепта". Во XV век на јужната страна од црквата дограден е параклис, од кој денес е сочуван апсидниот дел со претставата "Причестувањето на апостолите". Во дворот на оваа црква се наоѓаат остатоците од градските ѕидини, кои од Самоиловата тврдина се спуштале до самото езеро[1].

Свети Никола Болнички

Црквата Свети Никола Болнички во Охрид

македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Охридско
Парохија Прва охридска
Местоположба

Карта

Место Охрид
Општина Охрид
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Изградба 1313 година
Живопис 1313 година
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабна

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „„Св. Никола Болнички" - Охрид“. Дебарско-кичевска епархија. Архивирано од изворникот на 2012-04-09. Посетено на 2012-03-20.

Надворешни врски

уреди