Тур Даун Андер
Тур Даун Андер (англиски: Tour Down Under) — велосипедска трка во и околу Аделаида, Јужна Австралија и околината. Трката привлекува возачи од целиот свет. Во 2005, Тур Даун Андер била категоризирана со највисок рејтинг надвор од Европа од Меѓународниот велосипедистички сојуз. Во 2007, премиерот Мајк Ран и министерот за туризам Џејн Ломакс Смит започнале кампања за Тур Даун Андер да стане првата трка надвор од Европа со статус ProTour. Овој статус би обезбедил гаранција дека сите елитни екипи ќе учествуваат секој јануари во Аделаида.[1] Во 2008, Тур Даун Андер станала првата UCI ProTour трка надвор од Европа и следната година станала прва трка во календарот на Светскиот ранкинг.
Лого на трката | |
За трката | |
---|---|
Датум | јануари |
Регион | Јужна Австралија |
Месно име | Tour Down Under |
Дисциплина | Друмски велосипедизам |
Натпреварување | Светска турнеја на UCI |
Вид | Етапна трка |
Директор на трката | Мајкл Тартар |
Историја | |
Прво одржување | 1999 |
Одржувања | 23 (до 2023) |
Прв победник | Стјуарт О’Грејди (АВС) |
Најмногу победи | Сајмон Геранс (АВС) (4 победи) |
Неодамнешен победник | Џеј Вајн (АВС) |
Во септември 2008 година, премиерот Ран најавил дека седумкратниот победник на Тур де Франс, Ленс Армстронг, ќе го направи своето враќање во професионалниот друмски велосипедизам на изданието на трката во 2009 година.[2] Учеството на Армстронг во 2009 ги срушило сите претходни рекорди на спортските настани одржани во Јужна Австрија. Бројот на посетители двојно се зголемил, економското влијание било повеќе од двојно (од 17,3 милиони долари во 2008, на 39 милиони во 2009), а медиумската покриеност петкратно се зголемила.[3] Трката во 2011 поставила нов рекорд со економско влијание од 43 милиони долари и привлекла повеќе од 782.000 луѓе.[4]
Покрај Тур де Франс, трката привлекува најмногу публика покрај патиштата во светот. Во 2013 година, привлекла повеќе од 760.400 луѓе во текот на осумте етапи, вклучувајќи 40.000 странски посетители кои специјално патувале за трката.
Историја
уредиСписок на крајни победници
уредиСајмон Геранс ја освоил трката четири пати (2006, 2012, 2014 и 2016). Стјуарт О’Грејди (1999 и 2001), Андре Грајпел (2008 и 2010) и Дарил Импи (2018 и 2019) ја имаат освоено трката по двапати. Импи станал прв возач што ја одбранил својата титула.
Победници по земја
уреди# | Земја | Победи |
---|---|---|
1. | Австралија | 13 |
2. | Германија | 2 |
ЈАР | 2 | |
Шпанија | 2 | |
5. | Франција | 1 |
Холандија | 1 | |
Швајцарија | 1 |
Список на женски победници
уредиДиректори на трката
уреди- 1999 до денес: Мајкл Тартар.
Движење
уредиГенерално, трката се одржува со етапи во близината на Аделаида, кои се разликуваат од рамни до умерено високи. Тука нема големи планини, давајќи им малку можностѕи на специјалистите за планини да ги покажат нивните особени вештини. Едно од поинтересните искачувања вклучува два круга на Вилинга Хил, 3 километри искажување со просечен наклон од 7,6%.[6] Сепак, скоро на секоја од овие етапни трки се завршува како бурен спринт. На трката нема хронометри, како што е типично во трките во раната сезона и за да се избегнат дополнителните трошоци за испорака на меѓународните тимови.
Временските условите во Јужна Австралија во доцен јануари често се многу лоши за велосипедистите, бидејќи е многу топло, често достигнувајќи и над 40 степени.
Маички
уредиПредводниците во пласманите во текот на трката носат карактеристични маички.[7]
Моментални маички
уреди- Маичка Охра се доделува на возачот на најбрзото кумулативно време на крајот на секоја етапа и на победникот на крајот. Охра се поврзува со Австралија и Тур Даун Андер е единствениот кој ја има оваа боја за водачот.
- Спринтерската маичка се доделува на возачот со најмногу бодови и временски бонуси на првите три возачи низ линијата во текот на трката и на крајот.
- Маичката Крал на планините се доделува на возачот со освоени најмногу бодови на првите пет возачи преку искачувањето.
- Маичката за Млад возач се доделува на водечкиот возач под 23 години на крајот на секоја етапа.
- Маичката за Најагресивен возач ја носи возачот, кој направил најмногу напади, бегства или им помагал на тимските колеги за време на етапата.
- Маичката за Водечкиот тим ја носат членовите на тимот со најниско кумулативно време од неговите четворица најдобри возачи на секоја од шестте етапи.
Трка Биди Активен
уредиТур Даун Андер има придружен настан, Трка Биди Активен (Be Active Tour). Ова е еден од најбрзо растечките рекреациски настани во Австралија, се одржува по истата патека на професионалците подоцна во денот. Почетниот настан, кој бил во 2003 бил познат како Breakaway Tour и привлекол повеќе од 600 возачи. Во 2004, бројот на возачи се зголемил на 1.400 и настанот станал познат како Be Active Tour. Трката во 2005 ја следеле повеќе од 1.900 возачи, возејќи низ Солсбери, Вилијамстаун и Ангастон на 30 степени и справувајќи со ридовите на етапата број 2. Во 2006, возачите возеле 154 километри од Страталбин до Јанкалила на неверојатно 40 степени. Тоа се одрази на возачите и затоа сега постои политика за топлина.
Во 2007, името повторно било променети во Mutual Community Challenge Tour и се придружил на Mutual Community Fun Tour и Powerade mini-tour за деца. Новите настани ја зголемиле популарноста на настанот и привлекле луѓе, кои не возат постојано.[8] Во 2010 имало над 8.000 учесници.
Серија за жени
уредиПостоеле и серии за жени на три улични патеки. Ова било спонзорирано од Универзитетот на Јужна Австралија (УниСА-Австралија) и било генерално одржувано на истите места од машката трка, или на крајот на машката трка.[9]
За изданието во 2011, имало две трки во серијата наречени Rendition Homes Santos Women’s Cup.[10]
Рекорди
уредиАвстралискиот велосипедист Сајмон Геранс (2006, 2012 и 2014) е единствениот возач кој го освоил Тур Даун Андер рекордни трипати.
Всушност, никогаш немало последователен победник, што значи никој не ја освоил трката две години по ред.
Традиции
уредиЕдна традиција на Тур Даун Андер е дека обожавателите избираат непознат возач и го третираат на начин како да е ѕвезда, од следење во хотели и испишувајќи го неговото име на патот. Возачот мора да биде од неанглиско говорно подрачје, немал досега учествувано на голема трка и едноставно сега ја започнал кариерата.[11] За 2010 тој возач бил Артур Вишо од Франсе де Жу. За 2011, бил избран Анхел Мадразо од Тим Мувистар.[12] За 2012, возачот е Ваутер Мол од Вакансолел-ДКМ.[13]
Наводи
уреди- ↑ "ProTour Heads Down Under", Cycling News, 28 септември 2007
- ↑ Associated Press, 24 September 2008
- ↑ Cycling News 20 февруари 2009).
- ↑ http://www.bikeexchange.com.au март 2011
- ↑ (fr) Tour Down Under : Richie Porte remporte l'étape reine, Daryl Impey le classement final, lequipe.fr, 20 јануари 2019.
- ↑ „Олд Вилунга Хил; Јужна Австралија, Австралија“. Cycle2max.com. Посетено на 7 јануари 2011.
- ↑ „Маички“. 2006 Jabob's Creek Tour Down Under. Архивирано од изворникот на 2006-09-17. Посетено на 16 јануари 2007.
- ↑ „Mutual Community Challenge Tour“. Tour Down Under. Архивирано од изворникот на 2007-01-06. Посетено на 2007-01-16.
- ↑ Етапи и резултати | Тур Даун Андер Архивирано на 16 јануари 2007 г.. Retrieved 2007-01-16.
- ↑ Cyclingnews.com.au. Retrieved 2010-10-10.
- ↑ Port Adelaide CC Forum "Operation: Support Obscure TDU Pro" Архивирано на 3 март 2016 г.. Retrieved 2010-03-02.
- ↑ „Port Adelaide CC Forum "Operation: Support Obscure TDU Pro"“. Архивирано од изворникот на 2011-07-06. Посетено на 2012-01-16.
- ↑ „Port Adelaide CC Forum "Operation: Support Obscure TDU Pro"“. Архивирано од изворникот на 2015-02-17. Посетено на 2012-01-16.
Надворешни врски
уреди„Тур Даун Андер“ на Ризницата ? |