Гран-при Монтреал 2011

(Пренасочено од Гран при Монтреал 2011)

Гран-при Монтреал 2011 — второ издание на Гран-при Монтреал, еднодневна професионална велосипедска друмска трка. Била одржана на 11 септември 2011, на растојание од 205,7 километри, почнувајќи и завршувајќи во Монтреал, Квебек, Канада. Ова била 25. трка во сезоната на Светската турнеја.

Гран-при Монтреал 2011
Светска турнеја на UCI 2011, трка 25 од 27
Детали за трката
Date 11 септември 2011
Растојание 205,7 км
Време 5ч 20' 18" (23,9 км/ч)
Добитници на наградите
Победник  Руј Кошта (Португалија) (Мовистар Тим)
Втор  Пјерик Федриго (Франција) (ФДЖ)
Трет  Филип Жилбер (Белгија) (Омега Парма-Лото)
2010
2012

Возачот на Мовистар Тим Руј Кошта победил на трката, имајќи напад на последното искачување Мон Ројал со неколку други возачи и останал напред сè до крајот, победувајќи во спринтот пред возачот на ФДЖ Пјерик Федриго.[1][2] Другиот возач во бегството, Штефан Денифл од Леопард Трек не успеал и завршил дури на петтото место на целта, позади двоецот на Омега Парма-Лото Филип Жилбер и Јирген Рулантс.[3]

 
На Мон Ројал

Трката се состоела од 17 круга, од по 12,1 километар во секој круг во должина, зголемување за еден круг од трката во 2010. Кругот, околу главниот кампус на Универзитетот Монтреал, бил добро прилагоден за специјалисти за искачувања, со три искачувања во круг и за оние кои сакаат нагорнини. Крајот се наоѓал на рид, кој се наоѓа на Авени ду Парк.[4]

Екипи

уреди

Поради тоа што трката влегла на календарот на Светската турнеја, сите осумнаесет ProTour екипи биле поканети автоматски. Четири дополнителни покани биле доделени на – Кофидис, ФДЖ, СпајдерТек-Ц10 и Тим Јуропкар – да ја оформат групата од 22 екипи на настанот.[5]

Поканетите екипи на трката биле:

Резултати

уреди

[1]

Место Велосипедист Екипа Време Светска турнеја на UCI
Бодови[6]
1   Руј Кошта (ПОР) Мовистар Тим 5h 20' 18" 80
2   Пјерик Федриго (ФРА) ФДЖ и.в.
3   Филип Жилбер (БЕЛ) Омега Парма-Лото + 2" 50
4   Јирген Рулантс (БЕЛ) Омега Парма-Лото + 2" 40
5   Штефан Денифл (АВТ) Леопард Трек + 2" 30
6   Даниеле Пјетрополи (ИТА) Лампре-ИСД + 4" 22
7   Марко Маркато (ИТА) Вакансолел-ДКМ + 4" 14
8   Артур Вишо (ФРА) ФДЖ + 4"
9   Риналдо Ночентини (ИТА) Аг2р-Ла Мондијал + 4" 6
10   Фабијан Вегман (ГЕР) Леопард Трек + 4" 2

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Официјални резултати“ (PDF). Гран при Монтреал. FQSC Време; Гран при Квебек-Монтреал. 11 септември 2011. Посетено на 11 септември 2011.
  2. „Кошта го освои Монтреал“. Sky Sports. BSkyB. 11 септември 2011. Посетено на 11 септември 2011.
  3. Фратини, Кирстен (11 септември 2011). „Кошта победи на ГП Монтреал“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 11 септември 2011.
  4. „Движење“ (PDF). Гран-при Монтреал. Гран-при Квебек-Монтреал. Посетено на 11 септември 2011.
  5. „18 ProTeams ќе учествуваат на Квебек-Монтреал трките“. Cycling News. Future Publishing Limited. 11 март 2011. Посетено на 11 септември 2011.
  6. „Бодовна скала – UCI Светска турнеја“. Светска турнеја на UCI. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на 2014-07-12. Посетено на 11 септември 2011.