Етапата 12 на Вуелта а Еспања 2012 се одржала на 30 август, а трката ќе заврши на 9 септември. Втората половина на трката е сместена целосно во Шпанија; започнувајќи со среднопланинска етапа од Вилагарсија де Ароуса до Мирадор де Езаро во Думбрија, по што следат четири етапи со завршници на нагорнина и на крајот вообичаената етапа, која завршува во Мадрид.
Одржувајќи го водството на Вуелта од четвртата етапа, Хоаким Родригес од Катјуша продолжил со истото темпо и во втората половина на трката. На дванаесеттата етапа, Родригес ја постигнал својата втора етапна победа откако ги одминал неговите преостанати соперници за генералниот пласман на стрмното искачување Мирадор де Езаро во Думбтрија, додавајќи нови дваесет секунди на неговото водство во однос на возачот на Тим Саксо Банк-Тинкоф БанкАлберто Контадор. Откако бегството успеало наредниот ден, Родригес постигнал уште една етапна победа на четиринаесеттата етапа на Пуерто де Анкарес, каде започнувале да се појавуваат подолги искачувања на трката како дел од трите последователни етапи со завршници на нагорнина. Слично на потегот на Мирадор де Езаро, Родригес забрзал и го поминал неговиот најблизок соперник, Контадор, зголемувајќи го водството на трката на 22 секунди. Следниот ден, сите напади биле безуспешни и бегството било успешно повторно; Антонио Пједра ја освоил првата етапа за Каха Рурал-Сегурос РГА на Вуелта а Еспања, победувајќи ја етапата со предност од две минути.
Родригес и Контадор останале заедно во поголемиот дел од кралската етапа на трката, прва завршница на Суиту Негру; на наклоните кои достигнувале 25% на одредени места, Родригес направил разлика во однос на Контадор две секунди и со четирите секунди бонус на крајот ја зголемил разликата на 28 секунди по етапата и по вториот и последен ден за одмор на трката. По денот за одмор, Контадор ја свртел предноста во своја корист со изненадувачкиот напад на половина од етапата. Ги оставил соперниците за генерален пласман зад него и сам заминал кон етапна победа. Родригес се борел на етапата, но бил одминат и од уште еден соперник за генералниот пласман на трката, Алехандро Валверде (Мовистар Тим) и паднал на третото место во пласманот зад Контадор и Валверде. Контадор го одржал водството на трката до крајот, на крајот завршувајќи ја трката со предност од 1' 16" над Валверде. Родригес бил трет, дополнителна 21 секунда зад него, додека ниеден друг возач не бил во рамките на 10 минути од времето на Контадор на крајот на етапата. Валверде со добиените бодови на последниот ден ги презел бодовниот и комбинираниот пласман, додека Родригес во Мадрид втора година по ред ја изгубил борбата за бодовниот пласман.
Втората половина на трката започнала со етапа од Вилагарсија де Ароуса до Мирадор де Езаро, притоа поминувајќи низ две провинции. И покрај тоа што не била највисока точка на етапата, Мирадор де Езаро обезбедувал силен тест за преостанатите членови на групата, бидејќи просечниот наклон на 1,9 километри долгото искачување било над 13%, додека одредени делови на искачувањето достигнале 20% или повеќе.[2] Како последица на краткото и стрмно искачување, Хоаким Родригес,[3] водачот на трката за Катјуша, бил сметан како главен фаворит за етапата - заедно со победникот од деветтата етапа Филип Жилбер (Аксент.џобс-Вилемс Веранда)[4] – бидејќи барал начин како да го зголеми водството по губењето на неговата разлика во однос на другите на хронометарот. Мали напади се случиле во почетокот на етапата, но групата останала целосна во првите два часа возење, откако неколку напади биле достигнати за неколку минути.
Сè до 75. километар не се создало бегство, кога за првпат на помала група возачи им било дозволено да направат поголема предност во однос на групата.[3] Четворица возачи – Камерон Мајер од Орика-ГринЕЏ, возачот на Еускалтел-ЕускадиМикел Астарлоса, возачот на Аксент.џобс-Вилемс ВерандаАмаел Моанар и Кевин де Верт, претставувајќи ја екипата Омега Парма-Квик Степ[5] – биле првите на кои им било дозволено да создадат бегство и водство од околу седум минути на етапата,[3] но постепено биле достигнувани, но сепак сè уште имале предност од околу минута и половина до почетокот на Мирадор де Езаро.[5] И покрај нападот на колегата на Астарлоса Игор Антон,[3] Катјуша успеала да го постави Родригес за негова втора етапна победа на трката,[6] додека Алберто Контадор (Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк) завршил на целта осум секунди зад него,[5] воедно останувајќи последниот возач кој отпаднал од Родригес,[7][8] ограничувајќи го неговото задоцнување на 13 секунди зад водачот на трката.[5]
И покрај тоа што патеката од 172,8 километри се движела низ нерамен терен, тринаесеттата етапа била категоризирана како спринтерска етапа и се броела како нивна последна шанса за победа на етапа до крајот на неделата, во вториот де за одмор, бидејќи следните три етапи биле планински етапи со завршница на нагорнина.[10] Во текот на етапата имало два средни спринта, кои нуделе бодови за бодовниот пласман и бонус секунди за генералниот пласман и се наоѓале на 72,5 километри од почетокот на етапата и на 5 километри пред целта во Ферол. Ферол бил домаќин на завршница на етапа по првпат по 1993,[11] кога Џамолидин Абдужапаров ја освоил претпоследната етапа на тоа издание на трката. Како и претходните етапи, уште на почетокот се случиле мали напади, но групата останала целосна во првиот час возење, откако неколку напади биле достигнати за неколку минути.
Меѓутоа на ознаката за 40. километар,[12] една група се одвоила и ѝ било дозволено да направи предност во однос на главната група. Седум возачи претставувајќи шест екипи – Орика-ГринЕЏ била единствената екипа која имала двајца возачи во групата[13] – постигнале водство од четири минути на етапата,[14] бидејќи групата не сакала да им дозволи поголема предност од таа. Разликата било намалувана со побрзо темпо од нормалното, каде Аргос-Шимано и Лото-Белисол се спремале за поставување на чело за нивните спринтери Џон Дегенколб и Џани Мерсман соодветно.[14] Меѓутоа, групата никогаш не го достигнала бегството на етапата и по неколку потези на 5 километри пред крајот, возачот на Аксент.џобс-Вилемс ВерандаСтив Камингс направил соло обид за победа,[12] и опстанал до крајот на етапата каде ја освоил својата прва Гранд Тур етапа[15] и негова прва победа за екипата.[14] Возачот на Орика-ГринЕЏ Камерон Мајер бил подобар од Хуан Антонио Флеча (Тим Скај) за второто место на целта, четири секунди зад Камингс,[12] додека група била доведена од Дегенколб, кој завршил четириесет секунди зад Камингс.[16]
Трката се вратила во планините на првата од трите последователни завршници на нагорнина, кои се очекува да ја зголемат борбата за поредокот во генералниот пласман. Наместо кратки стрмни искачувања кои ги имало на трката пред 14. етапа, на патеката на етапата од 149,2 километри биле вклучени подолги искачувања. Имало дури пет категоризирани искачувања,[18] додека пострмните искачувања се наоѓале кон крајот на етапата; во последните 35 километри на етапата имало две искачувања од прва категорија на Алто Фолгуеирас де Аигас - просечен наклон од 6,7% со вкупна должина од 9,7 километри – и последното искачување од 9,5 километри Пуерто де Анкарес, кое имало просечен наклон од 8,1%, но достигнувало 13% на одредени места,[19] и на крајот се стигнувало на височина од 1.470 метри.[20] Искачувањето исто така содржело спуст од околу еден километри, на половина пат до крајот.
Првично четворица возачи се одвоиле на воведните километри на етапите, но тие биле достигнати пред ознаката за 20 километри од патеката. Потоа, поголема група од шеснаесет возачи, вклучувајќи го и четирикраниот победник на планинскиот пласман Давид Монкутје (Кофидис) и победникот на четвртата етапа Сајмон Кларк од Орика-ГринЕЏ отишле напред.[21] Со членови од нивните екипи во бегството, екипата на Хоаким РодригесКатјуша и екипата Мовистар Тим на Алехандро Валверде, се поставиле позади во групата и им допуштиле на Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк и Тим Скај да го контролираат темпото за нивните водачи Алберто Контадор и Крис Фрум.[21] Водечките имале водство од три минути,[22] кога бегството се доближило до Алто Фолгуеирас де Аигас и на спустот Алберто Лосада[22] – колегата на Родригес во бегството – се одвоил од групата и продолжил сам. Главната група ја намалила разлика на две минути и постојано се доближувале до нив, кога се приближувале до последното искачување на етапата.
Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк го поставувал темпото на чело на главната група, додека пред Контадор се наоѓале тројца негови колеги,[21] а неговите соперници Родригес и Валверде се наоѓале близу него. Како се забрзувало темпото на чело на групата опстанале само кандидатите за победа на трката. Фрум имал проблеми на искачувањето, но успеал да се врати и да ѝ се приклучи на водечката група – кога го достигнале и поминале Лосада[21] – пред на крајот повторно да отпадне од групата,[22] на крајот губејќи 50 секунди, заостанувајќи 1' 41 за водачот,[23] откако биле вклучени временските бонуси. Контадор отпочнал напад на 1,9 километри пред крајот,[24] и никој не можел веднаш да реагира; меѓутоа, Родригес на крајот со потера стигнал со него, достигнувајќи на ознаката за еден километар. Контадор го направил својот последен обид за победа, но Родригес бил сосем подготвен да реагира на потегот и на крајот забрзузал и се одвоил од него за победа на трета етапа на трката,[25] одвојувајќи се од Контадор за пет секунди,[26] и додал девет секунди кон неговото водство.[22]
На втората од трите завршници на нагорнина, возачите имале да поминат две категоризирани искачување - како и некатегоризираното Пуерто де Пахарес - пред последното искачување од 13,5 километри,[28] категоризирано како искачување од „специјална“ категорија, до Лагос де Ковадонга. Иако последното искачување било помалку стрмно во наклонот споредено со тоа претходно, Алто дел Мирадор дел Фито - 7% споредени со 8,3%[29] – тоа достигнувало до 15% на одредени места. Но, исто така, имало и два дела со спусрт - секој од по 1 километар во должина - во последните 3 километри на искачувањето пред да има стрмнина за крајот. Во првите километри на етапата, група од деветнаесет возачи се впуштила во бегство,[30] пред на крајот да останат десет возачи во групата,[31] додека групата се справувала со силниот ветер на етапата.
Водечката група брзо направило водство кое постојано се движело нагоре, на крајот достигнувајќи максимални петнаесет минути на Алто дел Мирадор дел Фито; и покрај ова водство,[30] ниеден од десетте возачи не можел да направи удар врз генералниот пласман, бидејќи најдобро пласираниот возач во групата – Андреј Кашечкин од екипата Астана – имал над 22 минути доцнење зад водачот Хоаким Родригес од Катјуша.[30] Кашечкин се обидел да го отпочне првиот напад на искачувањето Ковадонга,[30] но бил достигнат од возачот на Мовистар ТимПабло Ластрас; вториот обид на возачот на Каха Рурал-Сегурос РГААнтонио Пједра бил поуспешен,[31] и постојано се одвојувал од другите членови на бегството, на крајот победувајќи ја етапата – прва за неговата екипа на Вуелта[32] – со предност од над две минути.[31] Остатокот од водечката десеторка дошла на целта во поединечна групи, додека водечките на трката Родригес, Алберто Контадор од Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк и колегата на Ластрас Алехандро Валверде доцнеле над девет минути.[31] Валверде се поместил на третото место во генералниот пласман,[33] додека возачот на Тим СкајКрис Фрум загубил 35 секунди од водечкото трио.[34]
Последната етапа пред вториот и последен ден за одмор на трката, шеснаесеттата етапа на трката била сметана како најтежок ден за искачување на целата трка и затоа била наречена „кралска“ етапа на трката.[36][37] Во текот на патеката од 183,5 километри имало три категоризирани искачувања и четвртото на целта, Суиту Негру; искачувањата станувале потешки како етапата се одвивала, најпрвин со искачување од трета категорија Алто де ла Кабруџана, следено од искачувањата од прва категорија Пуерто де Сан Лорензо (8,5% наклон) и Алто де ла Коберторија, искачување со просечен наклон од 8,6%. Искачувањето Валгранде-Пахарес и зад него Суиту Негру - искачување од „специјална“ категорија како тоа од претходниот ден на Лагос де Ковадонга – просечен наклон од 6,9% на целата негова должина од 19,4 километри,[38] но било многу пострмно во последните километри.[39] За разлика од претходните години, етапата завршила на нова делница на пат,[40] уредена само за трката, отколку завршувајќи во Валгранде-Пахарес.[41]
Мали напади се случиле на патеката во првите километри на етапата, но групата останала заедно во првиот час од возењето, откако неколку напади биле достигнати за неколку минути.[42] Сè до спустот од првото искачување на денот, Алто де ла Кабруњана, не бил дозволен напад и создавање на бегство; возачите кои се обидувале да се впуштат во бегство, биле Томас де Гент од Вакансолел-ДКМ – победникт на кралската етапа на Џиро д’Италиа[43] – и возачот на Омега Парма-Квик СтепДарио Каталдо. Де Гент и Каталдо брзо постигнале значајна предност над остатокот од групата, достигнувајќи максимална предност од четиринаесет и пол минути кога се спуштале од второто искачување на етапата Пуерто де Сан Лорензо.[44] додека групата се справувала со силниот ветер на етапата. Возачот на Орика-ГринЕЏСајмон Кларк го задржал неговото водство во планинскиот пласман, забрзувајќи и одвојувајќи се од групата за освојување на третото место и бодови на искачувањето.[42] Водечкиот двоец на подножјето на последното искачување имал предност од околу осум минути, додека групата била предводена од Еускалтел-Еускади,[44] кои се обидувале да го заштитат Игор Антон на искачувањето.
Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк додал на темпото на групата и успеал да ја подели групата, пред Наиро Кинтана да излезе на чело на групата за Мовистар Тим.[44]Алберто Контадор (Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк) го презел темпото од неговите колеги и создал група со Кинтана, неговиот колега Алехандро Валверде и водачот на трката Хоаким Родригес од Катјуша. Контадор и Родригес возеле тактички на искачувањето,[45] и на крајот успеале да се одвојат од Валверде и Кинтана. Меѓутоа, нивните напади биле единствено доволно добро за места од третото до шестото, додека Каталдо и Де Гент останале пред нив со предност од две и пол минути.[44] Каталдо ја освоил етапата,[42] додека Де Гент на крајот отпаднал на последното искачување, а Каталдо со седум секунди предност стигнал до неговата прва етапна победа на Гранд Тур.[46] Родригес го зголемил своето водство на 28 секунди пред Контадор,[47] по освојувањето временски бонус за третото место на целта.[42]
Првата етапа по вториот и последен ден за одмор, седумнаесеттата етапа била претпоследна етапа со завршница на нагорнина; на крајот имало искачување од втора категорија Фуенте Де, кое било долго 17,3 километри,[49] но не било многу стрмно со просечен наклон од 3,9%. Пред тоа, имало уште две категоризирани искачувања на етапата - обете во втората половина на етапата - од трета категорија Колјадо де Озалба и од втора категорија Колјадо Ла Оз на патеката од 187,3 километри. Етапата била совршена за бегство и не била наменета за кандидатите за генерален пласман,[50] кои ќе размислуваат за претпоследната етапа со завршница на Бола дел Мундо,[51] што ќе биде нивниот последен обид да добијат на време пред завршницата следниот ден во Мадрид.
Мали напади се случиле на почетокот на етапата, но групата останала заедно во поголемиот дел од првите два часа возење, откако неколку напади биле достигнати за неколку минути. На една точка, водечките на трката се нашле во две одвоени група со Алберто Контадор (Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк) и возачот на Мовистар ТимАлехандро Валверде во група пред Хоаким Родригес, пред екипата на Родригес Катјуша да ја намали разликата.[52] Единаесет возачи претставувајќи единаесет различни екипи на крајот создале бегство по изминати 80 километри, со колеги на Контадор и Валверде во групата.[53] Нивното водство никогаш не преминало три минути, пред да се поделат на Колјадо де Озалба и возачот на ФДЖ-БигМетАрнолд жанесон да се префрли од групата до водечките.[52] Била создадена група на спустот од искачувањето, со тројца колеги на Контадор помеѓу нив.[54] Со разлика од 1' 14" на водечките на подножјето на Колјадо Ла Оз, Контадор нападнал од групата.[53]
Родригес и Валверде се обиделе да го следат, но Контадор успеал да стигне до водечката група пред врвот на искачувањето. Неговите колеги му помогнале да ја зголеми разликата меѓу групите, додека Родригес се борел да го одржи темпото и единствено Алберто Лосада останал со него за поддршка во групата.[55] Контадор повторно нападнал пред вториот среден спринт[53] и само неговиот поранешен колега Паоло Тиралонго (Астана) можел да го следи.[52] Тие одржувале разлика од две минути пред нивните најблиски соперници; Родригес отпаднал на пониските падини на искачување, бидејќи не можел да го следи Валверде, додека Контадор заминал сам напред со преостанати 13,5 километри.[56] Со помошта на неговите колеги Наиро Кинтана и Бењат Инчаусти,[53] Валверде ја намалил предноста на Контадор, но не можеле да го достигнат. Контадор на крајот ја освоил својата прва победа по неговото враќање од суспензијата,[57][58] шест секунди пред групата составена од Валверде, Серхио Енао од Тим Скај и возачот на Еускалтел-ЕускадиГорка Вердуго.[52] Родригес пристигнал на целта десетти, со задоцнување од 2' 38",[59] паѓајќи на третото место во генералниот пласман за новиот водач Контадор и Валверде, кој се поместил на второто место.[60]
Најдолгата етапа на Вуелта а Еспања 2012, на растојание од 204,5 километри, била релативно рамна со некатегоризирани искачувања на етапата, значејќи дека возачот на Орика-ГринЕЏСајмон Кларк ќе го зачува водството во планинскиот пласман и сината точкеста маичка. Завршниот круг од околу 38 километри во должина околу Ваљадолид бил исто така рамен,[62] со два средни спринта - во самиот Ваљадолид, малку пред првото поминување низ целта и на 6,5 километри пред целта во Заратан – пред очекуваната спринтерска завршница. Ваљадолид бил домаќин на Вуелта по првпат од изданието на трката во 2008,[63] кога возачот на Квик СтепВаутер Вејлант победил на седумнаесеттата етапа во спринтерска завршница.[64]
За разлика од претходните денови, бегството бил создадено скоро веднаш по почетокот на етапата. Возачот на КофидисЛуис Анхел Мате, возачот на КатјушаГатис Смукулис и Мартен Кејзер од Вакансолел-ДКМ нападнале во воведните метри на етапата[63] и подоцна им се приклучиле Брент Букволтер (Аксент.џобс-Вилемс Веранда) и возачот на АндалусијаГуставо Сезар; ниеден од петте возачи не бил закана за генералниот пласман, бидејќи Мате кој бил најдобро пласиран од петорката бил на 50. место.[62] Успеале да постигнат предност од над пет минути едно време на етапата, но сепак биле достигнати од групата во последните 20 километри од етапата.[62] Групата останала заедо до целта, а Тим Скај и Ликвигас-Канондејл држеле темпо на чело на групата.[62] Британскиот национален првак Ијан Станард се обидел да отиде во водство за колегата Бен Свифт,[65] но Даниеле Бенати (РадиоШек-Нисан) се појавил зад Свифт[63] и на крајот го поминал на целната линија за неколку сантиметри за негова шеста етапна победа на Вуелта.[66] Подоцна, Бенати ја посветил својата прва победа по скоро една година[63] на неговиот поранешен колега Вејлант,[67] кој загубил во текот на Џиро д’Италиа 2011.[68]
Како и етапата од претходниот ден и на оваа немало категоризирани искачувања и иако имала понерамен терен од осумнаесеттата етапа, сепак сè уште била сметана за рамна и се очекувала спринтерска завршница на крајот; меѓутоа, завршницата во Ла Ластрилја донела борба на панчерите на трката, како Филип Жилбер (Аксент.џобс-Вилемс Веранда) или претходниот водач на трката од КатјушаХоаким Родригес или пак нудела шанса и за успешно бегство.[70][71] Скоро од почетокот, двајца возачи од екипите со специјална покана се одвоиле од групата и нападнале, возачот на Андалусија Хосе Висенте Торибио и возачот на Каха Рурал-Сегурос РГА Аитор Галдос го започнале бегството,[72] брзо достигнувајќи висока предност. Предноста на двоецот напред на брзата трка го својот максимум од десет минути на една четвртина од етапата.[71] Неколку екипи го презеле челото на главната група; некои да ја намалат разликата за своите спринтери, додека други да ги подготват своите панчери.
Започнале да врне на половина пат од етапата,[71] но разликата помеѓу водечките и групата продолжила да паѓа додека не биле достигнати на 28 километри пред целта.[72] Забрзаното темпо од Мовистар Тим помогнало за поделба на групата, додека Валверде и Родригес на крајот земале бонус секунди на средниот спринт во Хонторија.[72] Се случиле неколку мали напади, пред победничкиот напад на Жилбер на групата во последните километри.[73] Ја постигнал својата втора етапна победа на трката[74] пред Валверде, Даниел Морено (Катјуша) и Родригес.[71] Остатокот од групата пристигнала три секунди подоцна[75] предводена од возачот на Лото-БелисолЏани Мерсман; заедно со групата бил водачот на трката Алберто Контадор (Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк), кој загубил 17 секунди во однос на Валверде,[76] но останала предноста од 1' 35" во генералниот пласман.[72]
Претпоследната етапа на Вуелта била сметана за последна шанса за возачите да стекнат значителна предност на трката, додека последната етапа била вообичаеното парадно возење во Мадрид. Патеката од 170,7 километри содржела пет категоризирани искачувања, сите од втора категорија или повисоко и завршница на нагорнина - десетта на трката[78] – до Бола дел Мундо кое било највисоко категоризирано од петте, како „специјална“ категорија; Бола дел Мундо исто така била највисоката точка на трката и етапниот победник ќе ја добиел наградата Алберто Фернандес.[79] Групата се искачувала до 2.247 метри надморска височина,[80] преку 11,4 километри долгото искачување со просечен наклон од 8,6%.[81] На Бола дел Мундо претходно се одлучувало за почестите во генералниот пласман – во 2010 – кога Винченцо Нибали го засенил Езекил Москера на искачувањето,[82] притоа освојувајќи ја трката со 41 секунда пред Москера; на Москера подоцна му биле одземени сите негови резултати на крајот на 2011.[83]
Група на дваесет возачи го создале бегството на денот,[84] претставувајќи шеснаесет екипи, каде само Аг2р-Ла Мондијал, Катјуша, Астана и Омега Парма-Квик Степ немале свој претставник во групата. Исто така помеѓу нив се наоѓач и водачот во планинскиот пласман, Сајмон Кларк (Орика-ГринЕЏ), кој сакал да обезбеди гаранција за освојувањето на сината точкеста маичка.[85] Така, Кларк ги освоил максималните бодови на првите три искачувања во текот на бегството, додека бегството имало предност од околу осум минути – достигнувајќи максимална предност од десет минути - пред групата. Водечките имале пет минути предност пред групата, кога стигнале на Бола дел Мундо, додека групата била предводена од Еускалтел-Еускади,[85] кои го имале Ромен Сикард во водечката група. Водечката група започнала да се дели на самото искачување и на крајот останале само тројца возачи напред – возачот на Тим СкајРичи Порт, возачот на Омега Парма-Квик Степ Кевин де Верт и поранешниот победник во генералниот пласман на Вуелта Денис Мењшов од Катјуша[84] – кои се одвоиле со поставување побрзо темпо.
Во групата, возачот на Еускалтел-Еускади Игор Антон првично нападнал без никој да го следи,[85] пред Алехандро Валверде (Мовистар Тим) да ги примора на напад неговите соперници, обидувајќи се да се одвои пред да биде достигнат. Де Верт отпаднал од водечкиот двоец напред,[84] додека водачите во генералниот пласман успеале да се одвојат од главната група и создале посебна група со Валверде, Алберто Контадор (Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк) и Хоаким Родригес, која била предводена од колегата на Родригес од Катјуша Даниел Морено. Неговиот колега Мењшов ја освоил етапата – четврта за Катјуша на трката[86] – додека Порт отпаднал во последните метри; шест други членови на бегството стигнале на целта пред главните во генералниот пласман. Родригес бил деветти на етапата,[85] освојувајќи 25 секунди во однос на Валверде - кој бил десетти - дополнителни 44 секунди во однос на Контадор, кој завршил дванаесетти. Во генералниот пласман, Контадор успеал да го задржи своето водство, со намалена разлика од 1' 16", пред Валверде и Родригес со дополнителни 21 секунда зад него.[84]
Вуелта завршила со вообичаената завршница на етапата во центарот на Мадрид. Етапата имала лесе почеток - со долг и постепен спуст од градот Серседилја - пред десетте брзи кругови од по 5,7 километри, следени со спринтерска завршница.[88] За задржување на традиција, последната етапа започнала со слабо темпо и во голема мера била церемонијална до возењето во Мадрид. Кратко, откако возачите пристигнале на патеката во центарот на градот, се одржал среден спринт при првото поминување низ целта; на Давид Монкутје од Кофидис и возачот на РабобанкГриша Нирман им било дозволено да поминат пред главната група, како гест пред нивните повлекувања од професионалниот велосипедизам.[89] Потоа, главното бегство било започнато од шест возачи на воведниот круг на патеката во Мадрид. На групата составена од двоецот на Андалусија Серхио Караско и Хавиер Чакон, возачот на АстанаКевин Селдрејерс, Хавиер Арамендија од Каха Рурал-Сегурос РГА, Микел Астарлоса (Еускалтел-Еускади) и Сергеј Лагутин за Вакансолел-ДКМ никогаш не им било дозволено да создадат поголема предноста од половина минути и на крајот биле достигнати на околу 6 километри пред целта.[90]
Лагутин бил последниот кој бил достигнат, на влезот во последниот круг за групата. Тим Скај се поставиле на чело на групата, обидувајќи се да го пробијат нивниот спринтер Бен Свифт за победа на трката, но тука биле и Аргос-Шимано кои го поставиле својот спринтер на најдоброто место за освојување на целта. Во борбата помеѓу италијанскиот двоец Елија Вивијани (Ликвигас-Канондејл) и Даниеле Бенати (РадиоШек-Нисан) и Џон Дегенколб, победил Германецот кој стигнал до петтата етапна победа на трката.[91] Позади, возачот на Тим Саксо Банк-Тинкоф БанкАлберто Контадор завршил со групата и ја освоил својата втора титула на Вуелта,[92] додека Сајмон Кларк (Орика-ГринЕЏ) исто така ја потврдил својата победа во планинскиот пласман. Втора година по ред,[90]Хоаким Родригес (Катјуша) го изгубил водството во бодовниот пласман на последниот ден, кога со шестото место на етапата, возачот на Мовистар ТимАлехандро Валверде успеал да го симне Родригес од првото место во пласманот. Воедно, Валверде го освоил и комбинираниот пласман со изедначен резултат, но поради второто место во генералниот пласман го освоил и него.[89]
↑Маичките кои се појавуваат во табелата на левата страна на страницата означуваат дека се носени од велосипедистот на дадената етапа, додека оние кои се појавуваат во табелата на десната страна на страница означуваат дека на велосипедистот му се доделени по етапата.