Еди Меркс
Едуард Луј Жозеф, Барон Меркс (роден на 17 јуни 1945 во Меензел-Кизегем, Белгија[1]), познат како Еди Меркс е поранешен белгиски професионален велосипедист. Францускиот магазин Vélo го нарекол „најголемиот велосипедист којшто светот некогаш го познавал."[2] Од американското издание VeloNews е наречен „најголемиот и најуспешен велосипедист на сите времиња“.[3] Во својата кариера, Меркс победил по 5 пати на Трката околу Франција и Трката околу Италија, еднаш на Трката околу Шпанија. Тој исто така станал светски првак како аматерски и професионален возач и го урнал рекордот во трката на еден час. Победил и на сите класични трки, освен на Париз-Тур.[2]. Тој е познат и како друмски и како велодромски велосипедист.
Меркс во 1973 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Едуард Луј Жозеф Меркс | ||
Прекар | Канибалот | ||
Роден | 17 јуни 1945 Тилт-Винге, Белгија | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | пензиониран | ||
Дисциплина | друмски и велодромски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | универзален возач | ||
Аматерски клубови | |||
1961–1964 | Евере Керкхук Спортиф | ||
Професионални клубови | |||
1965 1966–1967 1968–1970 1971–1976 1977 1978 | Соло-Суперија Пежо-БП Фема Молтени Фиат C&A | ||
Значајни победи | |||
| |||
Последна промена 22 октомври 2013 |
Еди Меркс бил познат како многу други познати во спортисти во другите спортови. Иако, Марк Шпиц освоил 7 златни медали на Олимписките игри во Минхен во 1972, а Мохамед Али бил неприкосновен на крајот од 1960-тите и 1970-тите, сепак реално, Еди Меркс е најголемиот спортист во тој период во светот.
Го нарекувале Ајнштајн на две педали и Гигант.
Се чини покрај трката Париз-Тур, единствена друга победа која му недостига е победа на Олимписките игри. На Олимписките игри настапил само еднаш, и тоа на Олимписките игри во Токио во 1964, на кои на друмската трка во поединечна конкуренција го освоил 12. место. Подоцна како професионалец и поради крутите аматерски принципи, му било оневозможено да настапи на Олимписките игри.
Споредбата со другите великани во велосипедизмот е излишна. За разлика од многумина, кои во годината имале 50 натпреварувачки денови, Еди Меркс имал над 200.
Наводи
уреди- ↑ L'Equipe, Rider database, Eddie Merckx
- ↑ 2,0 2,1 Vélo, France, November 2000
- ↑ Velonews.com (2005-06-17). „Happy Birthday, Eddy!“. Посетено на 2008-06-13.[мртва врска]
Додатна литература
уреди- Vanwalleghem, Rik (1996). Eddy Merckx: The Greatest Cyclist of the 20th century. Boulder. ISBN 1-884737-22-6.
- Vanwalleghem, Rik (1989). Eddy Merckx, mijn levensverhaal : de ware selfmade man als wielrenner en als zakenman (холандски). Helios. ISBN 90-289-1465-X.
- Rosier, Erik (1973). Eddy Merckx (холандски). Franco-Suisse. OCLC 57423874.
- Cornand, Jan and Blancke, Andre (1975). Hoe Merckx de tour verloor / wielerseizoen 1975 van A tot Z (холандски). Het Volk.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
Спортски позиции | ||
---|---|---|
Претходник Јан Јансен |
Победник на Париз-Рубе 1968 |
Наследник Валтер Годфрот |
Претходник Валтер Годфрот |
Победник на Париз-Рубе 1970 |
Наследник Роже Росиер |
Претходник Роже де Влеминк |
Победник на Париз-Рубе 1973 |
Наследник Роже де Влеминк |