ГП Западна Франција 2011

ГП Западна Франција 2011 — 75. издание на ГП Западна Франција, еднодневна велосипедска трка. Се одржала на 28 август 2011 година, со поминато растојание од 248,3 километри, почнувајќи и завршувајќи во Плуе, Франција. Тоа бил 23. настан од оваа сезона во Светската турнеја.

ГП Западна Франција
Светска турнеја на UCI 2011, трка 23 од 27
Детали за трката
Date 28 август 2011
Растојание 248,3 км
Време 6ч 32' 40" (23,57 км/ч)
Добитници на наградите
Победник  Грега Боле (Словенија) (Лампре-ИСД)
Втор  Сајмон Геранс (Австралија) (Тим Скај)
Трет  Тома Веклер (Франција) (Тим Јуропкар)
2010
2012

Грега Боле, словенечкиот друмски првак, кој вози за екипата Лампре-ИСД, ја однел победата по нападот во завршните 2 километри на трката и успеал да ја сочува својата предност.[1] Боле бил дел од бегството напред, составено од 8 возачи,[2] и го држел на страна Сајмон Геранс – победник на трката во 2009 – кој го освоил второто место за Тим Скај, додека другиот претходен победник на трката, Тома Веклер – победник во 2007 – го заокружил подиумот за Тим Јуропкар.[3]

Резултати

уреди

[3]

Место Велосипедист Екипа Време Светска турнеја на UCI
Бодови[4]
1   Грега Боле (СЛО) Лампре-ИСД 6h 32' 40" 80
2   Сајмон Геранс (АВС) Тим Скај и.в. 60
3   Тома Веклер (ФРА) Тим Јуропкар и.в.
4   Тор Хушовд (НОР) Гармин-Сервело и.в. 40
5   Џакомо Ницоло (ИТА) Леопард Трек и.в. 30
6   Арно Жерар (ФРА) ФДЖ и.в.
7   Хосе Хоакин Рохас (ШПА) Мовистар Тим и.в. 14
8   Фумијуки Бепу (ЈАП) Тим РадиоШек и.в. 10
9   Жилјен Симон (ФРА) Сор-Сожасен и.в.
10   Јоан Офредо (ФРА) ФДЖ и.в.

Наводи

уреди
  1. Тарнер, Џонатан (28 август 2011). „Боле успеа на полињата во Плуе“. Sky Sports. BSkyB. Посетено на 29 август 2011.
  2. „Боле го освои ГП Западна Франција“. Yahoo! Eurosport. TF1 Group. 28 август 2011. Посетено на 29 август 2011.
  3. 3,0 3,1 „Боле спринташе до победата во Плуе“. Cycling News. Future Publishing Limited. 28 август 2011. Посетено на 29 август 2011.
  4. „Бодовна скала – UCI Светска турнеја“. Светска турнеја на UCI. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на 2014-07-12. Посетено на 29 август 2011.

Надворешни врски

уреди