Велосипедизам на Летните олимписки игри 2012 - хронометар за мажи
Велосипедизам на Летните олимписки игри 2012 | ||||
---|---|---|---|---|
Друмски велосипедизам | ||||
Друмска трка | мажи | жени | ||
Хронометар | мажи | жени | ||
Велодромски велосипедизам | ||||
Спринт | мажи | жени | ||
Екипен спринт | мажи | жени | ||
Кеирин | мажи | жени | ||
Екипна потера | мажи | жени | ||
Омниум | мажи | жени | ||
Планински велосипедизам | ||||
Крос-кантри | мажи | жени | ||
BMX | ||||
BMX | мажи | жени |
Хронометарот за мажи, дел од олимписките велосипедски настани на Летните олимписки игри 2012, се одржал на 1 август во Лондон.[1]
На хронометарот, велосипедистите ја започнувале својата трка во интервал од 90 секунди, додека за победник се прогласува оној велосипедист, кој ќе оствари најбрзо време на патеката. Бредли Вигинс од Велика Британија го освоил златниот медал.
Квалификации
уредиСекоја земја во првите 15 од националниот пласман на Светската турнеја 2011, првите 7 од Европската турнеја, првите 4 од Американската турнеја, првите 2 од Азиската турнеја и предводниците во Океанската и Африканската турнеја се квалификувале да имаат по еден возач на трката. Дополнително, десет земји оствариле право на уште еден натпреварувач поради резултатите на нивните возачи на Светското хронометарско првенство 2011; тоа биле Германија, Велика Британија, Швајцарија, Австралија, Холандија, Казахстан, Данска, Шпанија, Шведска и Канада. САД добиле право на уште еден возач, откако Луксембург се повлекол од трката.
Фаворити пред трката
уредиБранителот на титулата во оваа дисциплина бил Фабијан Канчелара од Швајцарија и се очекувало повторно да прикаже солидни резултати. Меѓутоа, Канчелара доживеал тежок пад во последните километри на олимписката друмска трка, првично доведувајќи го неговото учество на хронометарот во прашање. Снимките покажеле дека тој избегнал кршење на неговата клучна коска по вторпат во оваа сезона и возел на хронометарот.[2]
Победникот на Тур де Франс 2012, Бредли Вигинс од Велика Британија исто така бил сметан за голем фаворит, претходно освојувајќи седум хронометри во сезоната 2012 и сакал да додаде нов медал на неговиот список на шест олимписки медали освоени на велодромите. Светскиот првак Тони Мартин од Германија бил сметан како фаворит, но се здобил со многу повреди низ сезоната и се повлекол од Тур де Франс со надеж да биде подготвен за олимписката трка.[3]
Од другите фаворити, сонародникот на Вигинс Крис Фрум покажал силна форма на Тур де Франс, каде завршил втор во генералниот пласман и втор на двата хронометри зад Вигинс. Уште еден колега на Вигинс, Мајкл Роџерс, светскиот хронометарски првак 2003–2005 ја претставувал Австралија, бидејќи победникот на Тур де Франс 2011 Кедел Еванс избрал да не ја започне трката поради замор. Младиот Американец Тејлор Фини, кој го освоил воведниот хронометар на Џиро д’Италиа 2012 ги претставувал САД. Силвен Шаванел бил единствениот француски возач, заедно со Луис Леон Санчес од Шпанија и Марко Пиноти, победникот на завршниот хронометар на Џиро, кој ја претставувал Италија.
Патека
уредиТрката започнувала и завршувала пред судската палата Хемптон во југозападен Лондон и вклучувала делови во Ричмонд, Кингстон на Темза и Сари. Двете трки, машката и женската, биле одржувани по еден круг, со мали разлики во патеките претставувајќи различни растојание - 44 километри за мажите и 29 километри за жените.[4]
Распоред
уредиДатум | Време | Коло |
---|---|---|
Среда, 1 август 2012 | 14:15 (UTC+01:00) | Финале |
Резултати
уредиСписокот на настапи бил објавен на 1 август.[5]
Место | Возач | Време |
---|---|---|
Златен | Бредли Вигинс (ВБР) | 50:39,54 |
Сребрен | Тони Мартин (ГЕР) | 51:21,54 |
Бронзен | Крис Фрум (ВБР) | 51:47,87 |
4 | Тејлор Фини (САД) | 52:38,07 |
5 | Марко Пиноти (ИТА) | 52:49,28 |
6 | Мајкл Роџерс (АВС) | 52:51,39 |
7 | Фабијан Канчелара (ШВА) | 52:53,71 |
8 | Берт Грабш (ГЕР) | 53:18,04 |
9 | Џонатан Кастровјехо (ШПА) | 53:29,36 |
10 | Јанез Брајкович (СЛО) | 54:09,72 |
11 | Ливе Вестра (ХОЛ) | 54:19,62 |
12 | Васил Кириенка (БЛР) | 54:30,29 |
13 | Едвалд Боасон Хаген (НОР) | 54:30,87 |
14 | Ларс Бак (ДАН) | 54:33,21 |
15 | Јакоб Фуглсанг (ДАН) | 54:34,49 |
16 | Густав Ларсон (ШВЕ) | 54:35,26 |
17 | Филип Жилбер (БЕЛ) | 54:39,98 |
18 | Нелсон Оливеира (ПОР) | 54:41,57 |
19 | Џек Бауер (НЗЛ) | 54:54,16 |
20 | Денис Мењшов (РУС) | 54:59,26 |
21 | Рамунас Навардаускас (ЛИТ) | 55:12,32 |
22 | Ларс Бом (ХОЛ) | 55:29,74 |
23 | Александар Винокуров (КАЗ) | 55:37,05 |
24 | Фумијуки Бепу (ЈАП) | 55:40,64 |
25 | Маќеј Боднар (ПОЛ) | 55:49,67 |
26 | Мањо Назарет (БРА) | 55:50,77 |
27 | Дејвид Мекен (ИРС) | 56:03,77 |
28 | Рајдер Хесједал (КАН) | 56:06,18 |
29 | Силвен Шаванел (ФРА) | 56:07,67 |
30 | Михаел Албасини (ШВА) | 56:38,38 |
31 | Асан Базајев (КАЗ) | 56:40,77 |
32 | Луис Леон Санчес (ШПА) | 56:59,16 |
33 | Томас Гил (ВЕН) | 57:05,12 |
34 | Мухсин Лахсаини (МАР) | 57:25,24 |
35 | Фабио Дуарте (КОЛ) | 57:34,20 |
36 | Алиреза Хаги (ИРН) | 57:41,44 |
37 | Ахмет Акдилек (ТУР) | 59:11,19 |
Даниел Мартин (ИРС) |
Наводи
уреди- ↑ „Распоред на олимписките натпревари“. Лондон 2012. Архивирано од изворникот на 2012-12-04. Посетено на 2012-03-15.
- ↑ http://www.independent.co.uk/sport/olympics/cycling/cycling-hardman-fabian-cancellara-likely-to-defend-timetrial-title-7988103.html
- ↑ http://www.bbc.co.uk/sport/0/olympics/18780965
- ↑ „Time Trial competition format“. Лондон 2012. Архивирано од изворникот на 2012-09-03. Посетено на 2012-05-02.
- ↑ „Лондон 2012 Олимпики игри: Почетен список на машкиот хронометар“. cyclingweekly.co.uk. 2012-07-24.