Матијас Брендле

австриски велосипедист

Матијас Брендле (германски: Matthias Brändle; р. 7 декември 1989) — австриски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Израел-Премиер Тек.[1]

Матијас Брендле
Лични податоци
Цело имеМатијас Брендле
Роден7 декември 1989(1989-12-07)(34 г.)
Хоенемс,  Австрија
Висина1,89 м
Маса77 кг
Податоци за клубот
Мом. клубИзраел-Премиер Тек
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за хронометри
Професионални клубови
2008
2009
2010–2011
2012
2013–2016
2017-2018
2019-
Тим Иста
Елк Хаус
Футон-Сервето-Фуџи
Тим НетАп
ИАМ Сајклинг
Трек-Сегафредо
Израелска велосипедска академија
Значајни победи
Еднодневни трки и класици
Национален друмски првак (2016)
Национален хронометарски првак (2009, 2013, 2014, 2016, 2019–2021)
Други
Часовен рекорд (2014)
Последна промена
1 ноември 2022

Брендле е седумкратен победник на хронометарското првенство (2009, 2013, 2014, 2016, 2019, 2020 и 2021) и го освоил друмското првенство во 2016 година.

Кариера

уреди

Во 2012 година, возел за Бора-Хансгрое[2] Бил национален хронометарски првак во 2009, 2013 и 2014 година. Брендле победил на две етапи по ред на Трката околу Британија 2014.[3]

Агент на Брендле е поранешниот друмски велосипедист Тони Ромингер.[4] Брендле ги следел неговите чекори во поставување на нов часовен рекорд, во Егл, Швајцарија на 30 октомври 2014 година, соборувајќи го рекордот поставен од Јенс Фогт по воведувањето на новите правила на UCI во јуни 2014 година, кои дозволувале употреба на современи велодромски велосипеди.[4][5][6] Рекордот стоел до 8 февруари 2015 година кога бил срушен од австралискиот велосипедист Роан Денис.[7]

Бил именуван во почетниот состав за Тур де Франс 2015.[8] Го освоил националното друмско првенство во 2016 година.[9]

Достигнувања

уреди
2007
1.   Краен пласман Трофео Карлсберг
1. Етапа 1
1.   Краен пласман Тур де Хауте-Аутриш
1. Етапа 2
1. Етапа 3
2008
2. Национално хронометарско првенство под 23 години
2. Краен пласман Тур де Берлин
3. Цири-Мецгете
4. Хроно Шампеноа
7. Краен пласман ГП Гијом Тел
9. Краен пласман Синтурон а Мајорка
10. Краен пласман Трка околу Тирингија под 23 години
2009
Национални друмски првенства
1.   Хронометар
1.   Хронометар под 23 години
3. Ешборн-Франкфурт под 23 години
5. Краен пласман Трка околу Хајнан
5. Краен пласман Трка околу Тирингија под 23 години
5. Трка околу Келн
9. Светско друмско првенство под 23 години
2010
1. ГП Јудендорф-Штрасенгел
8. Краен пласман Тур де Лангкави
2011
1.   Спринтерски пласман Тур де Романди
2012
1. ГП Стад Зотегем
1. Етапа 2b (ТТТ) Сетимана Интернационале ди Копи е Бартали
5. Џиро дел’Апенино
9. Трка околу Келн
2013
1.   Национално хронометарско првенство
1.   Спринтерски пласман Тур де Романди
1.   Планински пласман Тур де л’Ен
1. Тур де Јура
2. Полинорманд
4. Краен пласман Трка околу Луксембург
1.   Пласман за млад возач
4. Тур де Берн
4. Шоле-По де Лоара
2014
Светски часовен рекорд: 51,852 км
Национални друмски првенства
1.   Хронометар
4. Друмска трка
1. Тур де Берн
Трка околу Британија
1. Етапа 5
1. Етапа 6
5. Краен пласман Трка околу Белгија
10. Краен пласман Тур ди Поату Шарант
2015
1. Етапа 6 Трка околу Оман
1. Пролог Трка околу Белгија
4. Краен пласман Тур де л’Еурометропол
2016
Национални друмски првенства
1.   Друмска трка
1.   Хронометар
2017
1. Етапа 3 (ITT) Трка околу Белгија
1. Етапа 4 (ITT) Трка околу Данска
2. Национално хронометарско првенство
2. Краен пласман Три дена Де Пане
4. Европско хронометарско првенство
2018
2. Национално хронометарско првенство
2019
1.   Национално хронометарско првенство
2. Краен пласман Трка околу Естонија
1. Пролог
3. Краен пласман Трка на Езерото Таиху
1. Пролог
3. Дуо Норман (со Патрик Гампер)
7. Краен пласман Трка околу Словачка
8. Краен пласман [[Тур Поату-Шарант ан Нувел-Аквитан
2020
1.   Национално хронометарско првенство
2021
1.   Национално хронометарско првенство
1. Етапа 1b (ТТТ) Сетимана Интернационале ди Копи е Бартали
2022
3. Национално хронометарско првенство

Распоред на резултатите на големите трки

уреди
Голема трка 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022
  Џиро 90 111 СО 126 130 147
  Тур 156
  Вуелта 155 158

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

уреди
  1. „Israel Start-Up Nation“. UCI.org. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на 1 January 2021. Посетено на 1 January 2021.
  2. Стоукс, Шејн (28 ноември 2011). „Матијас Брендле го напушта Геокс МЦ за НетАп“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 12 јануари 2012.
  3. „Брендли до втора последователна победа на Трката околу Британија“. Cyclingnews.com. Future plc. 12 септември 2014. Посетено на 12 септември 2014.
  4. 4,0 4,1 „„Сега или никогаш" Брендле атакува на часовниот рекорд на Фогт“. Cyclingnews.com. 30 октомври 2014. Посетено на 30 октомври 2014.
  5. „Брендле го собори часовниот рекорд на Фогт“. Cyclingnews.com. 30 октомври 2014. Посетено на 30 октомври 2014.
  6. „Австриецот Матијас Брендле постави нов часовен рекорд од 51,85 километри“. The Guardian. Посетено на 30 октомври 2014.
  7. „Роан Денис постави нов часовен рекорд“. Cyclingnews.com. 8 февруари 2015. Посетено на 8 февруари 2015.
  8. „2015 Tour de France start list“. Velo News. Архивирано од изворникот на 2015-06-29. Посетено на 2 јули 2015.
  9. „National Championship, Road, Elite, Austria (Men)“. Cycling Archives. Посетено на 30 јуни 2016.

Надворешни врски

уреди
Рекорди
Претходник
Јенс Фогт
Часовен рекорд (51,852 км)
30 октомври 2014 — 8 февруари 2015
Наследник
Роан Денис