Лук Дарбриџ

австралиски велосипедист

Лук Дарбриџ (англиски: Luke Durbridge; р. 9 април 1991) — австралиски професионален велодромски и друмски велосипедист, кој моментално вози за UCI World Tour екипата Тим Џејко-АИУла.[2] Дарбриџ е специјализиран за поединечен хронометар, друмски трки и повеќе велодромски дисциплини.[3][4]

Лук Дарбриџ
Дарбриџ во 2020 година
Лични податоци
Цело имеЛук Дарбриџ
ПрекарТурбо Дурбо
Роден9 април 1991(1991-04-09)(33 г.)
Гринмаунт, Западна Австрија, Австралија Австралија
Висина1,87 м[1]
Маса78 кг[1]
Податоци за клубот
Мом. клубТим Џејко-АИУла
Дисциплинавелодромски и друмски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за хронометар
Професионални клубови
2010–2011
2012–
Тим Џајко-Скинс
ГринЕЏ
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
2 ТТТ етапи (2014, 2015)

Еднодневни трки и класици

Национален друмски првак (2013)
Национален хронометарски првак
(2012, 2013, 2019, 2020)
Последна промена
18 октомври 2022

Откако станал национален хронометарски првак во 2012 година, Дарбриџ ги освоил обете титули во 2013, хронометарот и друмската трка. Со тоа станал првиот возач, кој ги обединил титулите во една година на професионално ниво,[5] Џонатан Хал претходно ги освоил обете титули во 1997, но не на елитно ниво.[6]

Рана кариера

уреди

Започнал со велосипедизам на 14 години, настапувајќи и во триатлони. Во 2009 станал светски јуниорски хронометарски првак на Светски друмски првенства под 19 години во Москва, Русија, притоа освојувајќи го златото и во медисон на Светското јуниорско велодромско првенство истата година. Во 2010 станал најмладиот освојувач на медал на хронометарот под 23 години на Светските друмски првенства.

Професионална друмска кариера

уреди

Дарбриџ се приклучил на екипата ГринЕЏ за сезоната 2012, што се поклопила со неговото исфрлање од австралиската велодромска екипа.[7][8] По освојувањето на националното хронометарско првенство под 23 години во 2011, Дарбриџ станал национален хронометарски првак во јануари 2012,[9] победувајќи го колегата и двократниот првак, бранител на титулата, Камерон Мајер за скоро седум секунди. Неговата прва професионална победа се случила во април 2012, освојувајќи го генералниот пласман на Сиркут де ла Сарт и покрај тоа што бил оставен само со двајца колеги за последната етапа.[10] Во јуни неочекувано победил на прологот на Критериум ди Дофине, победувајќи го Бредли Вигинс и светскиот хронометарски првак Тони Мартин.[11] Подоцна, завршил петти на Енеко Тур пред да го освои својот втор генерален пласман во таа година на трката Тур ду Поату-Шарент.[12]

Во 2021 година, Дарбриџ возел на олимписката друмска трка за првпат на Летните олимписки игри 2020 во Токио, каде завршил на 72. место.[13][14]

Достигнувања

уреди
2008
Светски јуниорски велодромски првенства
1.   Екипна потера
3.   Бодовна трка
1.   Екипна потера, Светски велодромски куп 2008–09
2009
Светски јуниорски велодромски првенства
1.   Медисон
2.   Екипна потера
1.   Светско јуниорско хронометарско првенство
1.   Екипна потера, Светски велодромски куп 2009–10
1.   Екипна потера, Национални велодромски првенства
Национални јуниорски друмски првенства
1.   Поединечен хронометар
4. Друмска трка
2010
1.   Краен пласман Мерси Вали Тур
1. Пролог (ITT)
1. Меморијал Давиде Фардели
1. Етапа 1 (ТТТ) Трка околу Тирингија под 23 години
2.   Светско хронометарско првенство под 23 години
Национални велодромски првенства
2. Екипна потера
2. Бодовна трка
2. Национално хронометарско првенство под 23 години
3.   Хронометар на Комонвелтските игри
3. Хроно Шампеноа
2011
1.   Светски велодромски првенства - Екипна потера
1.   Светско хронометарско првенство под 23 години
1.   Национално хронометарско првенство под 23 години
1.   Национални велодромски првенства - Бодовна трка
1. Хроно Шампеноа
3. Меморијал Давиде Фардели
7. Краен пласман Трка Олимпија
1. Пролог
1. Етапа 5 (ITT)
2012
1.   Национално хронометарско првенство
1.   Краен пласман Сиркут де ла Сарт
1.   Пласман за млад возач
1. Етапа 3 (ITT)
1.   Краен пласман Тур ду Поату-Шарент
1.   Пласман за млад возач
1. Етапа 4 (ITT)
1. Пролог Критериум ду Дофине
1. Дуо Норманд (со Свен Тафт)
3.   Светско хронометарско првенство
5. Краен пласман Енеко Тур
1. Етапа 2 (ТТТ)
7. Краен пласман Три дена Де Пане
2013
Национални друмски првенства
1.   Друмска трка
1.   Хронометар
1. Дуо Норманд (со Свен Тафт)
1. Заливска класична серија
1. Етапа 3 (ITT) Сиркут де ла Сарт
2.   Светско хронометарско првенство
6. Краен пласман Тур ду Поату-Шарент
7. Краен пласман Три дена Де Пане
2014
Друмски првенства на Океанија
1.   Друмска трка
8. Хронометар
1. Етапа 1 (ТТТ) Џиро д’Италија
2.   Светско првенство во екипен хронометар
2. Национално хронометарско првенство
2. Краен пласман Три дена Де Пане
9. Хронометар на Комонвелтските игри
2015
1. Етапа 1 (ТТТ) Џиро д’Италија
4. Национално хронометарско првенство
7. Краен пласман Три дена Де Пане
2016
1. Дуо Норманд (со Свен Тафт)
3.   Светско првенство во екипен хронометар
6. Краен пласман Три дена Де Пане
2017
1. Етапа 3b Три дена Де Пане
2. Национално хронометарско првенство
4. Дварс дор Вландерен
4. Е3 Харелбеке
6. Страде Бјанке
2018
2. Национално хронометарско првенство
  Награда за борбеност на етапа 18 на Тур де Франс
2019
Национални друмски првенства
1.   Хронометар
4. Друмска трка
1. Етапа 1 (ТТТ) Тирено-Адријатико
1. Етапа 1 (ТТТ) Трка околу Чешка
2020
Национални друмски првенства
1.   Хронометар
4. Друмска трка
1. Етапа 1 (ТТТ) Трка околу Чешка
2021
1.   Краен пласман Сантос Фестивал на велосипедизмот
1. Етапа 1
2. Национално хронометарско првенство
6. Краен пласман Трка околу Бенелукс
2022
2. Национално хронометарско првенство
3.   Светско првенство во мешан екипен хронометар

Распоред на резултатите на големите трки

уреди
Голема трка 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022
  Џиро 142 СО 109 78
  Тур 122 151 112 СО 118 109 100 СО
  Вуелта не настапил во текот на својата кариера

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Лук Дарбриџ“. Орика-ГринЕЏ. GreenEDGE Cycling. Посетено на 3 јануари 2014.
  2. „GreenEDGE Cycling“. UCI.org. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на 1 January 2021. Посетено на 1 January 2021.
  3. „Лук Дарбриџ“. Тим Џајко Скинс. Архивирано од изворникот на 2010-05-16. Посетено на 1 октомври 2010.
  4. „Лук Дарбриџ“. Cycling Australia. Архивирано од изворникот на 2011-03-01. Посетено на 1 октомври 2010.
  5. „Доминантниот Дарбриџ го додаде златото на друмската трка на успехот од хронометарот“. VeloNation. VeloNation LLC. 13 јануари 2013. Посетено на 13 јануари 2013.
  6. „Australian Road Championships: Men's and Women's Road Race – Perth, November 8, 1997“. Cycling News. Future Publishing Limited. 8 ноември 1997. Посетено на 13 јануари 2013.
  7. Когој, Питер (5 април 2012). „Luke Durbridge finds road to his liking“. The Australian. Посетено на 26 август 2012.
  8. „ГринЕЏ го заокружи составот со Дарбриџ и Хепбурн во 2012“. Cycling News. Future Publishing Limited. 8 ноември 2011. Посетено на 1 јануари 2012.
  9. Воган, Роџер (10 јануари 2012). „Дарбриџ победи, Бобриџ во болница“. The Sydney Morning Herald. Fairfax Media. Australian Associated Press. Посетено на 10 јануари 2012.
  10. Когој, Питер (7 април 2012). „Three-man GreenEDGE team scores at Circuit Cycliste Sarthe“. The Australian. Посетено на 26 август 2012.
  11. „Дарбриџ победи на прологот на Дофине“. ABC News. 4 јуни 2012. Посетено на 26 август 2012.
  12. „Дарбриџ победи на Поату-Шарент“. Sky News Australia. 25 август 2012. Архивирано од изворникот на 2012-12-31. Посетено на 26 август 2012.
  13. Benson, Daniel (24 July 2021). „Olympics: Richard Carapaz claims men's road race title“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 15 December 2021.
  14. „Luke DURBRIDGE“. Olympics.com. Архивирано од изворникот на 2021-11-26. Посетено на 2021-11-26.

Надворешни врски

уреди