Џиро д’Италија
Џиро д’Италија (италијански: Giro d'Italia; или позната како Трка околу Италија) — годишна етапна велосипедска трка, која првенствено се одржува во Италија, но исто така повремено поминува и низ некои соседни земји.[1] Трката била првпат организирана во 1909 со цел зголемување на продажбите на весникот La Gazzetta dello Sport;[1][2] меѓутоа сега е управувана од RCS Sport.[3][4] Трката била одржувана секоја година од нејзиното прво издание во 1909, освен кога била попречена од двете светски војни.[1] Како трката добивала на значајност и популарноста на трката се зголемувала, нејзината слава започнала да се шири низ светот. Групата се проширила од главно италијански учесници до велосипедисти од целиот свет. Џиро е дел од Светската турнеја, што значи дека екипите кои настапуваат на трката, најмногу се UCI ProTeam екипи, со исклучок на екипите кои ги повикува организаторот.[5][6]
За трката | |
---|---|
Датум | мај-јуни |
Регион | Италија и соседните земји |
Месно име | Giro d'Italia (италијански) |
Дисциплина | Друмски велосипедизам |
Натпреварување | Светска турнеја на UCI |
Вид | Големи трки |
Организатор | RCS Sport |
Директор на трката | Микеле Аквароне |
Историја | |
Прво одржување | 1909 |
Одржувања | 105 (до 2022) |
Прв победник | Лујџи Гана (ИТА) |
Најмногу победи |
|
Неодамнешен победник | Џеј Хиндли (АВС) |
Заедно со Тур де Франс и Вуелта а Еспања, ги создаваат трите најпрестижни тринеделни велосипедски трки, Гранд Тур.[1][7] Џиро обично се одржува кон крајот на мај или почетокот на јуни.[1] Додека рутата се менува секоја година, форматот на трката останува ист со вклучување на две хронометра, премин низ планинските масиви на Доломитите[8][9] и Алпите,[10] и завршницата во италијанскиот град Милано.[11][12] Како и останатите Гранд Тур трки, поновите изданија на Џиро д’Италија обично се состојат од 21 етапа во период од 23 дена, кој вклучува два дена одмор.[1]
Сите етапи се мерат на крајот; завршните времиња на возачи се составени од сите претходни нивни времиња на етапите. Возачот со најмало вкупно време е водач на трката и ја добива честа да ја носи посакуваната розовата маичка.[1][13] Секогаш генералниот пласман привлекува најмногу внимание на трката од останатите пласмани: бодовниот пласман за спринтерите,[13] планинскиот пласман за специјалистите за искачување,[13] пласманот за млад возач за возачите под 25 години[13] и екипниот пласман за најбрзите екипи.[13] Трката во 2019 била освоена од Ричард Карапас, прв еквадорски победник во историјата на Џиро д’Италија.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 Грег Селцер (26 мај 2011). „Историја на Џиро д'Италија“. Livestrong. Посетено на 30 јули 2012.
- ↑ „Tour d'Italie ou Giro d'Italia - Encyclopédie Larousse“. Larousse.fr. 30 март 2012. Посетено на 10 август 2012.
- ↑ Бил и Карол Мекган. „Џиро д'Италија 1909“. Bikeraceinfo.com. Посетено на 30 јули 2012.
- ↑ „RCSMediagroup – Бизнис - Други активности - Спорт“ (италијански). Rcsmediagroup.it. 15 декември 2010. Архивирано од изворникот на 2013-02-18. Посетено на 10 август 2012.
- ↑ „[[Меѓународен велосипедистички сојуз]]“. Uci.ch. Посетено на 6 август 2012. URL–wikilink conflict (help)
- ↑ When is the Criterium route announced. (2023-08-24). „Календар на Светската турнеја на UCI 2012“. Cycling Weekly. Посетено на 6 август 2012.
- ↑ „Million dollar, baby!“. Cycling News. Future Publishing Limited. 12 јануари 2007. Посетено на 21 мај 2011.
- ↑ „Classic Climbs of the Dolomites Bike Tours, Biking Trips, & Bicycle Vacations of a Lifetime“. Trek Travel. Архивирано од изворникот на 2013-01-15. Посетено на 30 јули 2012.
- ↑ „Џиро д'Италија во Доломитите“. Bikeplustours.com. 8 август 2011. Посетено на 30 јули 2012.[мртва врска]
- ↑ 20 мај 2012 (20 мај 2012). „Ryder Hesjedal in pink as Giro d'Italia hits the Alps“. Perth Now. Архивирано од изворникот на 2014-09-03. Посетено на 30 јули 2012.
- ↑ „Џиро д'Италија - Официјална страница на туризмот во Милано“ (италијански). Tourism.milan.it. 5 мај 2012. Архивирано од изворникот на 2013-10-14. Посетено на 10 август 2012.
- ↑ „Џиро д'Италија, етапа 21, Милано - поединечен хронометар“. BikeRadar. Архивирано од изворникот на 2013-02-21. Посетено на 10 август 2012.
- ↑ 13,0 13,1 13,2 13,3 13,4 Лора Вајсло (13 мај 2008). „Giro d'Italia classifications demystified“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 27 август 2009.
Надворешни врски
уреди- Џиро д’Италија на Ризницата ?
- Матична страница