Арденски класици
Арденски класици — три велосипедски класици кои се одржуваат во средината на април на Ардените (Белгија) и холандската покраина Лимбург.[1] Трките се познати по своите ридести патеки и често слични возачи настапуваат и се борат за првите места, бидејќи трките се одржуваат една по друга. Од неодамна, трите класици се одржуваат во период од осум дена.
Историја
уредиЕдинствени победници на „тројката“ се Давиде Ребелин во 2004 година и Филип Жилбер во 2011 година. Жилбер исто така ја освоил и Брабантсе Пејл, уште еден важен ридест класик во април, остварувајќи „четворка“ таа година. Други возачи кои ги освоиле сите три трки, иако не во една година, се Данило ди Лука, Микеле Бартоли, Еди Меркс и Бернар Ино.
Сите три трки влегуваат во рамките на Светската турнеја.
Во поново време, овие три ридести класици се одржуваат во втората половина на април, по слични класици наречени калдрмисани класици.
Подоцна во годината, постојат две слични класици во Италија: Тритико Ломбардо со Тре Вали Варезине, Копа Уго Агостони и Копа Берноки во Ломбардија и Тритико ди Аутуно со Милано-Торино, Џиро дел Пиемонт и Џиро ди Ломбардија.
Победници од 1990 година
уредиПоврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Арденски класици“. Cycling Weekly. Посетено на 19 април 2015.