Дварс дор Вландерен 2017
Дварс дор Вландерен 2017 (нарекувана и како Низ Фландрија 2017) — 72. издание на велосипедската еднодневна трка Дварс дор Вландерен, која се одржала на 22 март како десетти настан во сезоната на Светската турнеја. Првпат била вклучена во календарот на Светската турнеја.[1][2]
| |||
Детали за трката | |||
Издание | 72. Дварс дор Вландерен | ||
Натпреварување | Светска турнеја на UCI 2017 1.UWT | ||
Датум | 22 март 2017 | ||
Растојание | 203,4 км | ||
Држава | Белгија | ||
Поаѓалиште | Руселаре | ||
Одредиште | Варегем | ||
Екипи | 25 | ||
Возачи на почеток | 197 | ||
Возачи на крај | 162 | ||
Просечна брзина | 42,459 км/ч | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | Ив Ламперт (Судал Квик-Степ) | ||
Второпласиран | Филип Жилбер (Судал Квик-Степ) | ||
Третопласиран | Алексеј Луценко (Астана Казахстан Тим) | ||
◀ 2016 | 2018▶ | ||
Документација |
Трката била освоена од локалниот[3] возач Ив Ламперт – кој вози за екипата Квик-Степ Флорс – кој стигнал сам до победа по решавачкото двоење со колегата Филип Жилбер, Алексеј Луценко од екипата Астана и возачот на Орика-Скот, Лук Дарбриџ.[4] Ламперт нападнал на 7,5 километри пред целта и на крајот ја освоил трката со 39 секунди пред Жилбер, кој ги победил Луценко и Дарбриџ во спринт за второто место.
Екипи
уредиКако нов настан на Светската турнеја, сите UCI World Tour екипи биле поканети на трката, но не биле обврзани да учествуваат. Поради тоа, шеснаесет од осумнаесетте екипи — сите освен Тим Дименжн Дата и {{{име на тимот-2017b}}} — настапиле на трката.[5] Девет професионални континентални екипи настапиле, со што главната група се состоела од 25 екипи.[6]
Екипи од Светската турнеја на UCI (16)
| |
Рута
уредиТрката започнала во Руселаре и имала растојание од 203,4 километри, завршувајќи во Варегем. Имала долг рамен дел кој ги носел возачите источно од Руселаре кон Варегем; потоа лево од градот и јужно. Кај Авелгем, патеката повторно се враќала на исток до првото искачување, Ниуве Кваремонт, по 92 километри. Потоа следело искачувањето Катенберг, калдрмата кај Холевег и Хагхук, искачувањата на Леберг и Берендрис. По следното искачување, Валкенберг, патеката се враќала назад кон запад и кон целта, со преостанати 70 километри. Наскоро следеле Ајкенберг и Тајенберг, а потоа комбинацијата на Ауде Кваремонт и Патерберг. По завршниот рамен калдрмисан дел, Варенстрат, патеката одела на север за завршните три брда: Восенхол, Холстрат и Нокереберг. Од врвот на Нокереберг имало уште 10 километри до целта во Варегем.
Категоризирани искачувања и калдрми
уредиБр. | Име | Растојание од | Подлога | Должина (метри) |
Наклон (%) | ||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Почеток (км) |
Крај (км) |
(про.) | (макс.) | ||||
1 | Ниуве Кваремонт | 90,7 | 112,7 | асфалт | 2000 | 4,2% | 8% |
2 | Катенберг | 110,1 | 93,3 | асфалт | 740 | 5,9% | 8,2% |
– | Холевег | 110,8 | 92,6 | калдрма | 1500 | — | |
– | Хагхук | 119,5 | 83,9 | калдрма | 1700 | — | |
3 | Леберг | 122,4 | 81,0 | асфалт | 700 | 6,1% | 14% |
4 | Берендрис | 126,6 | 76,8 | асфалт | 900 | 7,2% | 14% |
5 | Валкенберг | 131,6 | 71,8 | асфалт | 540 | 8,1% | 12,8% |
6 | Ајкенберг | 144,4 | 59,0 | калдрма | 1250 | 5,8% | 10% |
7 | Тајенберг | 150,1 | 53,3 | калдрма | 530 | 6,6% | 15,8% |
8 | Ауде Кваремонт | 167,9 | 35,5 | калдрма | 1500 | 4% | 11,6% |
9 | Патерберг | 171,4 | 32,0 | калдрма | 365 | 12,9% | 20,3% |
– | Варенстрат | 177,2 | 26,2 | калдрма | 2000 | — | |
10 | Тигемберг | 182,1 | 21,3 | асфалт | 1400 | 6,5% | 9% |
11 | Холстрат | 186,5 | 16,9 | асфалт | 1000 | 5,2% | 12% |
12 | Нокереберг | 194,0 | 9,4 | калдрма | 500 | 5,7% | 6,7% |
– | Херлегемстрат | 196,7 | 6,7 | калдрма | 800 | — |
Поредок
уредиЗавршен пласман
уреди
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Извор: ProCyclingStats |
Наводи
уреди- ↑ „UCI expands WorldTour to 37 events“. Cycling News. Посетено на 2 октомври 2016.
- ↑ „The UCI reveals expanded UCI WorldTour calendar for 2017“. UCI. Посетено на 2 октомври 2016.
- ↑ Декалуве, Брехт (22 март 2017). „Exuberant victory for local boy Lampaert in Dwars door Vlaanderen“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 22 март 2017.
- ↑ Декалуве, Брехт; О’Ши, Садб (22 март 2017). „Dwars door Vlaanderen: Lampaert parlays Quick-Step tactics to victory“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 22 март 2017.
- ↑ „Topsport-Vlaanderen and Wanty get wildcard for Dwars door Vlaanderen“. Het Laatste Nieuws (холандски). De Persgroep. Belga. 4 февруари 2017. Посетено на 19 март 2017.
- ↑ „Dwars door Vlaanderen / A travers la Flandre: List of participants“ (PDF). Дварс дор Вландерен. Фландриски класици. 12 март 2017. Архивирано од изворникот (Portable Document Format) на 2017-03-20. Посетено на 19 март 2017.
- ↑ „Дварс дор Вландерен 2017“. ProCycling.
Надворешни врски
уреди- Матична страница
- Достигнувања на Cycling Archives
- „Дварс дор Вландерен 2017“. ProCycling.