Вуелта а Еспања 2019
Вуелта а Еспања 2019 (познато и како: Трка околу Шпанија 2019) — 74. издание на велосипедската голема трка Вуелта а Еспања, која се одржала помеѓу 24 август и 15 септември како завршна голема трка во сезоната на Светската турнеја.[1] Трката започнала со екипен хронометар во Торевиеха на Коста Бланка, а завршила во Мадрид.[2][3] Покрај во Шпанија, делови од трката се возеле во Андора и во Франција.
| |||
Детали за трката | |||
Издание | 74. Вуелта а Еспања | ||
Натпреварување | Светска турнеја на UCI 2019 2.UWT | ||
Етапи | 21 | ||
Датуми | 24 август – 15 септември | ||
Растојание | 3.290,7 км | ||
Држави | Шпанија Андора Франција | ||
Поаѓалиште | Торевиеха | ||
Одредиште | Мадрид | ||
Екипи | 22 | ||
Возачи на почеток | 176 | ||
Возачи на крај | 153 | ||
Просечна брзина | 39,587 км/ч | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | Примож Роглич (Џамбо-Висма) | ||
Второпласиран | Алехандро Валверде (Мовистар) | ||
Третопласиран | Тадеј Погачар (ОАЕ Емирати) | ||
Бодовен | Примож Роглич (Џамбо-Висма) | ||
Планински | Жофри Бушар (АГ2Р Ситроен Тим) | ||
Младински | Тадеј Погачар (ОАЕ Емирати) | ||
Борбеност | Мигел Анхел Лопес (Астана Казахстан Тим) | ||
Екипен | Мовистар | ||
◀2018 | 2020 ▶ | ||
Документација |
Трката била освоена од Примож Роглич, кој бил прв Словенец кој освоил некоја голема трка. На подиумот се качил и Алехандро Валверде како втор од Мовистар Тим и сонародникот на Роглич, Тадеј Погачар од ОАЕ Тим Емирати како трет.
Покрај генералниот, Роглич го освоил и бодовниот пласман. Жофри Бушар од АГ2Р-Ла Мондијал го освоил планинскиот пласман, додека Погачар го освоил пласманот за млад возач. Мигел Анхел Лопес од Астана бил прогласен за најборбен возач на трката, додека Мовистар Тим го освоиле екипниот пласман.
Екипи
уредиИзданието на Вуелта а Еспања во 2019 година било составено од 22 екипи.[4] Сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[5] Покрај нив, четири професионални континентални екипи добиле специјални покани.
Екипи од Светската турнеја на UCI (18)
| |
Фаворити пред трката
уредиПобедникот на Вуелта а Еспања 2018, Сајмон Јејтс, одлучил да не ја одбрани неговата титула откако возел на Џиро д’Италија 2019 и Тур де Франс 2019. Стевен Краусвајк, Примож Роглич (Тим Џамбо-Висма), Мигел Анхел Лопес, Јакоб Фуглсанг (Астана) и Наиро Кинтана (Мовистар) биле сметани за фаворити пред трката. Фернандо Гавирија (ОАЕ Тим Емирати) и Сем Бенет (Бора-хансгрое) биле сметани за можни етапни победници и фаворити за бодовниот пласман.[6][7] Краусвајк бил на подиумот на Тур де Франс 2019, додека неговиот колега Роглич завршил трет на Џиро д’Италија 2019. Лопес бил на подиум на обете трки, Џиро д’Италија 2018 и Вуелта а Еспања 2018.
Помеѓу учесниците имало тројца поранешни победници: Алехандро Валверде (2009), Фабио Ару (2015) и Наиро Кинтана (2016).
Рута и етапи
уредиЕтапа | Датум | Тек | type | Растојание (км) | Победник | Cевкупен лидер |
---|---|---|---|---|---|---|
1 | 24 авг | Торевиеха – Торевиеха | 13,4 | Астана Казахстан Тим | Мигел Анхел Лопес | |
2 | 25 авг | Бенидорм – Калп | 199,6 | Наиро Кинтана | Николас Роуш | |
3 | 26 авг | Иби – Аликанте | 188 | Сем Бенет | Николас Роуш | |
4 | 27 авг | Куљера – Ел Пуиг де Санта Марија | 175,5 | Фабио Јакобсен | Николас Роуш | |
5 | 28 авг | Л’Елијана – Хаваламбре | 170,7 | Анхел Мадрасо | Мигел Анхел Лопес | |
6 | 29 авг | Мора де Рубиелос – Арес дел Маестрат | 198,9 | Хесус Ерада | Дилан Тенс | |
7 | 30 авг | Онда – Лусена дел Сид | 183,2 | Алехандро Валверде | Мигел Анхел Лопес | |
8 | 31 авг | Валс – Игуалада | 166,9 | Никијас Арнт | Никола Еде | |
9 | 1 сеп | Андора ла Веља – Елс Корталс д’Енкамп | 94,4 | Тадеј Погачар | Наиро Кинтана | |
10 | 3 сеп | Жирансон – По | 36,2 | Примож Роглич | Примож Роглич | |
11 | 4 сеп | Сен Пале – Урдакс | 180 | Микел Итурија | Примож Роглич | |
12 | 5 сеп | Лос Аркос – Билбао | 171,4 | Филип Жилбер | Примож Роглич | |
13 | 6 сеп | Билбао – Лос Мачукос | 166,4 | Тадеј Погачар | Примож Роглич | |
14 | 7 сеп | Сан Висенте де ла Баркера – Овиедо | 188 | Сем Бенет | Примож Роглич | |
15 | 8 сеп | Тинео – Сантуарио де Нуестра Сењора дел Асебо | 154,4 | Сеп Кус | Примож Роглич | |
16 | 9 сеп | Правија – Пуерто де ла Кубиља | 144,4 | Јакоб Фуглсанг | Примож Роглич | |
17 | 11 сеп | Аранда де Дуеро – Гвадалахара | 219,6 | Филип Жилбер | Примож Роглич | |
18 | 12 сеп | Колменар Виехо – Бесерил де ла Сиера | 177,5 | Серхио Игита | Примож Роглич | |
19 | 13 сеп | Авила – Толедо | 165,2 | Реми Кавања | Примож Роглич | |
20 | 14 сеп | Аренас де Сан Педро – Платаформа де Гредос | 190,4 | Тадеј Погачар | Примож Роглич | |
21 | 15 сеп | Фуенлабрада – Мадрид | 106,6 | Фабио Јакобсен | Примож Роглич |
Преглед на трката
уредиПласмани
уредиПостоеле четири главни пласмани на Вуелта а Еспања 2019, меѓу кои најважен бил генералниот пласман. Генералниот пласман бил пресметуван преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа, вклучувајќи ги и добиените временски бонуси. Бонусите биле доделувани на крајот на секоја етапа, освен на хронометарски етапи (1 и 10). Велосипедистот со најмало вкупно време бил предводник на трката, препознаван преку црвената маичка; победникот на овој пласман бил сметан за победник на Вуелта.[8]
Дополнително, постоел бодовен пласман, каде се доделувала зелена маичка. Во бодовниот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршат меѓу најдобрите на етапите или на средните спринтови. Велосипедистот со најмногу бодови го предводел пласманот и бил препознаван со зелената маичка.[8]
Category | 1. | 2. | 3. | 4. | 5. | 6. |
---|---|---|---|---|---|---|
Чима Алберто Фернандес | 20 | 15 | 10 | 6 | 4 | 2 |
Специјална категорија | 15 | 10 | 6 | 4 | 2 | |
Прва категорија | 10 | 6 | 4 | 2 | 1 | |
Втора категорија | 5 | 3 | 1 | |||
Трета категорија | 3 | 2 | 1 |
Постоел, исто така, и планински пласман. Организаторите категоризирале некои искачувања како екстра, прва, втора, трета или четврта категорија; бодовите за овој пласман биле освојувани од првите велосипедисти на врвот на некое искачување, каде повеќе бодови биле достапни за повисоко категоризираните искачувања. Велосипедистот со најмногу бодови водел во пласманот и бил препознаван од сината точкеста маичка.[8]
Четвртиот поединечен пласман бил пласман за млад возач, кој бил пресметуван со додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа за секој возач роден на или по 1 јануари 1994 година. Возачот со најмало вкупно време бил предводник на пласманот и ја носел белата маичка.[8]
За екипниот пласман биле собирани времињата на најдобрите тројца велосипедисти од секоја екипа по секоја етапа; водечката екипа била екипата со најмало вкупно време.[8]
Дополнително постоела и една поединечна награда: наградата за борбеност. Наградата за борбеност била доделувана по секоја етапа на возач кој се сметал за најборбен, најхрабар во текот на една етапа, исклучувајќи ги хронометрите. Победникот го носел зелениот број на следната етапа. На последниот ден на трката, судиите одлучувале за тројца најборбени возачи во текот на целата трка, а јавноста го избирала победникот.[8]
- На втората етапа, Дарио Каталдо и Јакоб Фуглсанг, кои биле на второто место во генералниот пласман, ја носеле зелената маичка и сината точкеста маичка соодветно, иако не биле доделени бодови на воведниот екипен хронометар за овие пласман.
- На втората етапа, Џејмс Нокс, кој бил втор во пласманот за млад возач, ја носел белата маичка, бидејќи првопласираниот Мигел Анхел Лопес ја носел црвената маичка како предводник на генералниот пласман. На етапите 6 и 8, Тадеј Погачар ја носел белата маичка од истата причина.
- На десеттата етапа, Примож Роглич, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи првопласираниот Наиро Кинтана ја носел црвената маичка како предводник на генералниот пласман.
- На етапите 11, 12 и 13, Наиро Кинтана, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи првопласираниот Примож Роглич ја носел црвената маичка како предводник на генералниот пласман. На етапата 19, Тадеј Погачар ја носел зелената маичка од истата причина.
- На етапите 14 и 15, Наиро Кинтана, кој бил трет во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи првопласираниот Примож Роглич ја носел црвената маичка како предводник на генералниот пласман, а второпласираниот Тадеј Погачар ја носел белата маичка како предводник на пласманот за млад возач.
- На етапите 16 и 17, Наиро Кинтана, кој бил четврти во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи првопласираниот Примож Роглич ја носел црвената маичка како предводник на генералниот пласман, второпласираниот Тадеј Погачар ја носел белата маичка како предводник на пласманот за млад возач, а третопласираниот Алехандро Валверде ја носел маичката за светски првак.
- На осумнаесеттата етапа, Наиро Кинтана, кој бил четврти во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи првопласираниот Примож Роглич ја носел црвената маичка како предводник на генералниот пласман, второпласираниот Сем Бенет го носел националниот дрес, а третопласираниот Тадеј Погачар ја носел белата маичка како предводник на пласманот за млад возач.
- На етапата 19, Тадеј Погачар, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи првопласираниот Примож Роглич ја носел црвената маичка како предводник на генералниот пласман.
- На етапата 20, Тадеј Погачар, кој бил четврти во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи првопласираниот Примож Роглич ја носел црвената маичка како предводник на генералниот пласман, второпласираниот Сем Бенет го носел националниот дрес, а третопласираниот Алехандро Валверде ја носел маичката за светски првак.
- На последната етапа 21, Наиро Кинтана, кој бил петти во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи првопласираниот Примож Роглич ја носел црвената маичка како предводник на генералниот пласман, второпласираниот Тадеј Погачар ја носел белата маичка како предводник на пласманот за млад возач, третопласираниот Алехандро Валверде ја носел маичката за светски првак, а четвртопласираниот Сем Бенет го носел националниот дрес.
Поредок
уредиЛегенда | |||
---|---|---|---|
Го означува предводникот во генералниот пласман | Го означува предводникот во бодовниот пласман | ||
Го означува предводникот во планинскиот пласман | Го означува предводникот во пласманот за млад возач | ||
Го означува предводникот во екипниот пласман | Го означува предводникот на наградата за најборбен возач |
Генерален пласман
уреди
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Извор: ProCyclingStats |
Бодовен пласман
уредиМесто | Возач | Екипа | Бодови |
---|---|---|---|
1 | Примож Роглич (СЛО) | Џамбо-Висма | 155 |
2 | Тадеј Погачар (СЛО) | ОАЕ Тим Емирати | 136 |
3 | Сем Бенет (ИРС) | Бора-Хансгрое | 134 |
4 | Алехандро Валверде (ШПА) | Мовистар Тим | 132 |
5 | Наиро Кинтана (КОЛ) | Мовистар Тим | 100 |
6 | Мигел Анхел Лопес (КОЛ) | Астана | 76 |
7 | Филип Жилбер (БЕЛ) | Декојнинк-Квик Степ | 73 |
8 | Дилан Тенс (БЕЛ) | Бахреин-Мерида | 69 |
9 | Тош ван дер Санде (БЕЛ) | Лото-Судал | 63 |
10 | Серхио Игита (КОЛ) | ЕФ Едукејшн Фирст | 62 |
Планински пласман
уредиМесто | Возач | Екипа | Бодови |
---|---|---|---|
1 | Жофри Бушар (ФРА) | АГ2Р-Ла Мондијал | 76 |
2 | Анхел Мадрасо (ШПА) | Бургос БХ | 44 |
3 | Серхио Самитер (ШПА) | Еускади-Муријас | 42 |
4 | Тадеј Погачар (СЛО) | ОАЕ Тим Емирати | 38 |
5 | Тео Гејган Харт (ВБР) | Тим Инеос | 35 |
6 | Ваут Пулс (ХОЛ) | Тим Инеос | 31 |
7 | Алехандро Валверде (ШПА) | Мовистар Тим | 29 |
8 | Серхио Енао (КОЛ) | ОАЕ Тим Емирати | 27 |
9 | Јакоб Фуглсанг (ДАН) | Астана | 24 |
10 | Микел Бискара (ШПА) | Еускади-Муријас | 22 |
Пласман за млад возач
уредиМесто | Возач | Екипа | Време |
---|---|---|---|
1 | Тадеј Погачар (СЛО) | ОАЕ Тим Емирати | 83ч 10' 09" |
2 | Мигел Анхел Лопес (КОЛ) | Астана | + 1' 53" |
3 | Џејмс Нокс (ВБР) | Декојнинк-Квик Степ | + 20' 00" |
4 | Серхио Игита (КОЛ) | ЕФ Едукејшн Фирст | + 29' 22" |
5 | Рубен Герејро (ПОР) | Катјуша-Алпесин | + 39' 10" |
6 | Тео Гејган Харт (ВБР) | Тим Инеос | + 1ч 01' 26" |
7 | Килијан Франкини (ШВА) | Групама-ФДЖ | + 1ч 08' 47" |
8 | Оскар Родригес (ШПА) | Еускади-Муријас | + 1ч 10' 19" |
9 | Бен О’Конор (АВС) | Тим Дименжн Дата | + 1ч 22' 58" |
10 | Сеп Кус (САД) | Џамбо-Висма | + 1ч 32' 38" |
Екипен пласман
уредиМесто | Екипа | Време |
---|---|---|
1 | Мовистар Тим | 248ч 26' 24" |
2 | Астана | + 51' 38" |
3 | Џамбо-Висма | + 2ч 03' 42" |
4 | Мичелтон-Скот | + 2ч 26' 47" |
5 | АГ2Р-Ла Мондијал | + 3ч 14' 09" |
6 | Тим Санвеб | + 3ч 20' 01" |
7 | Еускади-Муријас | + 3ч 38' 55" |
8 | Бахреин-Мерида | + 3ч 45' 14" |
9 | Тим Дименжн Дата | + 3ч 55' 52" |
10 | Тим Инеос | + 4ч 00' 34" |
Наводи
уреди- ↑ „UCI reveal WorldTour calendar for 2019“. Cycling News. 15 June 2018. Посетено на 27 August 2018.
- ↑ Van Looy, Nicolás (25 August 2018). „Vuelta España 2019: Las Salinas de Torrevieja darán la salida“ [Vuelta España 2019: Las Salinas de Torrevieja will give the start]. Ciclo21. Посетено на 27 August 2018.
- ↑ „2019 Vuelta a Espana to start in Alicante region with time trial“. Cycling News. 24 August 2018. Посетено на 27 August 2018.
- ↑ Roadbook 2019, стр. 23.
- ↑ „UCI Cycling Regulations: Part 2: Road Races page 110 article 2.15.127“ (PDF). uci.ch. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот (PDF) на 2 јули 2015. Посетено на 20 август 2015.
- ↑ https://www.cyclingstage.com/vuelta-2019-favourites/
- ↑ „Analyzing the Vuelta a España favorites“. 2019-08-19.
- ↑ 8,0 8,1 8,2 8,3 8,4 8,5 Roadbook 2019, стр. 6.
- ↑ 9,0 9,1 9,2 9,3 9,4 „Official classifications of La Vuelta“. La Vuelta. Посетено на 1 September 2019.
Извори
уредиLa Vuelta 2019 Roadbook. Вуелта а Еспања. Unipublic. 2019.
Надворешни врски
уреди- Вуелта а Еспања 2019 на Ризницата ?
- Матична страница