Џиро ди Ломбардија 2017

издание 2017 на велосипедската трка Џиро ди Ломбардија 2017
Џиро ди Ломбардија 2017
Детали за трката
Издание111. Џиро ди Ломбардија
НатпреварувањеСветска турнеја на UCI 2017 1.UWT
Датум7 октомври 2017
Растојание247 км
ДржаваITA Италија
ПоаѓалиштеБергамо
ОдредиштеКомо
Екипи25
Возачи на почеток199
Возачи на крај100
Просечна брзина39,469 км/ч
Добитници на наградите
ПобедникITA Винченцо Нибали (Бахреин Викториус)
ВторопласиранFRA Жилијан Алафилип (Судал Квик-Степ)
ТретопласиранITA Џани Москон (Инеос Гренадиерс)
◀20162018▶
Документација

Џиро ди Ломбардија 2017 — 111. издание на велосипедската еднодневна трка Џиро ди Ломбардија, која се одржала на 7 октомври како 36. настан во сезоната на Светската турнеја.[1][2]

Била освоена по вторпат од Винченцо Нибали.[3] На трката се случиле неколку несреќи, сите на брзиот и технички спуст од ридот Сормано. Лауренс де Плус (Квик-Степ Флорс) се здобил со мала фрактура на неговото десно колено кога прескокнал преку заштитната ограда и паднал во клисурата.[4] Јан Бакелантс (Аг2р-Ла Мондијал) останал во болница во Комо со седум скршени ребра и две фрактури на неговиот ’рбет. Симоне Петили (ОАЕ Абу Даби) ја имал истата дијагноза по неговиот пад со две фрактури на грбот, скршена клучна коска и изместување на рамото.[5]

Екипи уреди

Бидејќи Џиро ди Ломбардија е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[6] Седум професионални континентални екипи биле поканети, со што била заокружена главната група од 25 екипи.

Екипи од Светската турнеја на UCI (18)Професионални континентални екипи (7)

Поредок уреди

Завршен пласман уреди

[7]

 Генерален пласман
ВозачЕкипаВреме
1.   Винченцо Нибали Бахреин Викториус6ч 15' 28
2.   Жилијан Алафилип Судал Квик-Степ+ 28
3.   Џани Москон Инеос Гренадиерс+ 38
4.   Алекси Вијермоз АГ2Р Ситроен Тим+ 38
5.   Тибо Пино Групама-ФДЖ+ 38
6.   Доменико Поцовиво АГ2Р Ситроен Тим+ 38
7.   Фабио Ару Астана Казахстан Тим+ 38
8.   Микел Ниеве Инеос Гренадиерс+ 40
9.   Наиро Кинтана Мовистар+ 42
10.   Сергеј Чернецки Астана Казахстан Тим+ 47
11.   Сам Омен Тим ДСМ+ 47
12.   Николас Роуш ССС Team+ 47
13.   Еган Бернал Андрони Џокатоли+ 47
14.   Бен Херманс ССС Team+ 47
15.   Давиде Вилела ЕФ Едукејшн-ИзиПост+ 1' 12
16.   Матијас Франк АГ2Р Ситроен Тим+ 1' 12
17.   Диего Роза Инеос Гренадиерс+ 1' 12
18.   Вилко Келдерман Тим ДСМ+ 1' 12
19.   Бауке Молема Трек-Сегафредо+ 1' 26
20.   Тим Веленс Лото-Судал+ 1' 26
Извор: ProCyclingStats


Наводи уреди

  1. „UCI expands WorldTour to 37 events“. Cycling News. Посетено на 2 октомври 2016.
  2. „The UCI reveals expanded UCI WorldTour calendar for 2017“. UCI. Посетено на 2 октомври 2016.
  3. Вестемајер, Сузан (8 октомври 2017). „Vincenzo Nibali wins Il Lombardia“. cyclingnews.com. Посетено на 12 октомври 2017.
  4. „De Plus diagnosed with knee fracture from Il Lombardia crash“. cyclingnews.com. 9 октомври 2017. Посетено на 12 октомври 2017.
  5. Адамс, Том (8 октомври 2017). „Jan Bakelants and Simone Petilli are in hospital after crashing on dangerous Il Lombardia descent“. Eurosport. Посетено на 12 октомври 2017.
  6. „UCI Cycling Regulations: Part 2: Road Races page 110 article 2.15.127“ (PDF). uci.ch. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот (PDF) на 2 јули 2015. Посетено на 20 август 2015.
  7. „Џиро ди Ломбардија 2017“. ProCycling.

Надворешни врски уреди