Тур де Франс 2011
Тур де Франс 2011 било 98. издание на Тур де Франс. Започнало на 2 јули 2011 со должина на првата етапа од 180 километри на Пасаж ду Гоа и завршило на Шанзелизе во Париз на 24 јули 2011. Комплетната маршрута на Тур де Франс 2011 била објавена на 19 октомври 2010. Оваа година, трката повторно накратко ќе навлезе во Италија.
Светска турнеја на UCI 2011, трка 17 од 27 | |||
Карта на Тур де Франс 2011 | |||
Детали за трката | |||
---|---|---|---|
Датум(и) | 2–24 јули | ||
Етапи | 21 | ||
Растојание | 3.430,5 км | ||
Време | 86ч 12' 22" (39,79 км/ч) | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | Кедел Еванс (АВС) | (Верандас Вилемс-Аксент) | |
Втор | Анди Шлек (ЛУК) | (Леопард Трек) | |
Трет | Френк Шлек (ЛУК) | (Леопард Трек) | |
Бодовен | Марк Кевендиш (ВБР) | (ХТЦ-Хајроад) | |
Планински | Самуел Санчес (ШПА) | (Еускалтел-Еускади) | |
Младински | Пјер Ролан (ФРА) | (Тим Јуропкар) | |
Екипен | Гармин-Сервело | ||
Акцентот бил ставен на Алпите во 2011, слично како што било на Пиринеите во 2010, во чест на 100-годишнината од првата посета на овие врвови од страна на возачите во Турот.[1] Галибје бил посетен двапати во текот на трката и на 18. етапа за првпат групата завршила на врв од 2.645 метри.[2] Ова било највисокиот врв, кој воедно бил и крај за етапата, на ова натпреварување, надминувајќи го крајот на Гранон (2413 м, близу Сере Шевалие) во текот на Тур де Франс 1986 (17. етапа). Само по вторпат од 1967 година Тур 2011 стартувал со масовна почетна етапа наместо пролог, последниот таков почеток беше во 2008.[3]
Австралиецот Кедел Еванс ја освоил трката, добивајќи го своето водство на поединечниот хронометар на претпоследниот ден. Тој станал првиот Австралиец, кој победил на трката и со 34 години, најстариот повоен победник. Енди Шлек од Луксембург завршил втор трета година по ред, а неговиот брат Френк Шлек завршил на третото место. Марк Кевендиш бил првиот британски победник во бодовен пласман, додека Самуел Санчес од Шпанија победил во планинскиот пласман.
Промена на правилата
уредиНови правила биле прифатени за Тур де Франс 2011, во однос на пласманите за бодовите и кралот на планините.
Претходно, етапите оквалификувани како рамни имале три средни спринтерски точки со бодови вредни 6, 4 и 2 за првите три велосипедисти, кои поминувале низ линијата. Во 2011, рамните етапи имале само еден среден спринт, но бил од вредност од 20 бода за првиот велосипедист, кој ја поминал линијата, како и првите 15 возачи добиваат бодови. Намерата била фаворитите за зелената маичка да се натераат да спринтаат двапати во денот за да освојат бодови.[4] Бодовите на крајот на рамните етапи исто така биле зголемени, од 25 за победникот во 2010 на 45.[5] Среднопланинските етапи се наградувале по 30 бода за победникот, додека високопланинските етапи и индувидуалните хронометри по 20 бода.[6]
Претходно во планинскиот пласман, за било кое искачување од екстра категорија, прва категорија или втора категорија се доделувале двојни бодови, доколку тоа е последно на крајот на денот. Во 2011, само врвните етапи кои завршувале на врв добивале двојни бодови, посебно етапата број 12, која завршува на Луз Ардиден, етапа број 14 на Плато де Бел, етапа број 18 на Галибје и етапа број 19 на Алп д'Оз. Претходно, првите осум возачи во искачувањето од прва категорија добивале бодови, како и првите шест низ втора категорија и првите четворица низ трета категорија. Сега бодовите се добивале на следниов начин:
- Искачувањата оценети како „екстра категорија“ (HC): 20, 16, 12, 8, 4 и 2 бодови за првите 6 возачи кои ќе стигнат на врвот.
- Прва категорија: 10, 8, 6, 4, 2 и 1 бод за првите 6 возачи кои ќе стигнат на врвот.
- Втора категорија: 5, 3, 2 и 1 бод за првите 4 возачи кои ќе стигнат на врвот.
- Трета категорија: 2 и 1 бод за првите 2 возача кои ќе стигнат на врвот.
- Четврта категорија: 1 бод за првиот возач кој ќе стигне на врвот.[7]
Раните анализи довеле до шпекулации дека победникот во планинскиот пласман е поверојатно, во овој систем, да биде возач од генералниот пласман во однос на минатите години.[8] Овие шпекулации се покажале точни, бидејќи Самуел Санчес, кој завршил шести во генералниот пласман, ја зел точкестата маичка.
Екипи
уредиСите 18 екипи во категоријата на Меѓународниот велосипедистички сојуз Proteam биле повикани и обврзани да се тркаат. Четири UCI професионални континентални тимови, сите француски, биле исто така поканети.[9]
†: Поканети про-континентални тимови.
За повеќе детали, види Список на тимови и велосипедисти на Тур де Франс 2011.
Фаворити пред почетокот
уредиПобедникот од 2010 Алберто Контадор бил отсутен од велосипедизмот за време на допинг-истрагата од септември 2010 до февруари 2011, за кое време финалистот од 2010 Енди Шлек бил оценет како фаворит. Кога суспензијата била укината, тој објавил дека негова желба е да се натпреварува на двете трки, и на Тур де Франс и на Џиро д’Италиа 2011, која и ја освоил. Од другите на списокот на фаворити, Денис Мењшов бил член на тимот Геокс-ТМЦ, кој не бил поканет да учествува.
Резиме на трката
уредиСпецијалистот за класици Филип Жилбер прв ја зел жолтата маичка, победувајќи на првата етапа во Вандеја,[10], но на вториот ден Гармин-Сервело биле најбрзи на екипниот хронометар, дозволувајќи му на Тор Хушовд[11] да го преземе водството на трката, кое го задржал седум дена. Првата недела и половина била одбележана со бројни падови и несреќи, во кои имало голем број на познати возачи, како Андреас Кледен, Бредли Вигинс, Александар Винокуров, Јанез Брајкович, Крис Хорнер и Јурген ван ден Брук, сите морале да се повлечат поради повреди, додека Роберт Гесинк, Алберто Контадор, Самуел Санчес и Леви Лајпхајмер загубиле значително време и кондиција во текот на падовите. Имало и контроверзии, кога Ники Серенсен бил удрен од мотор, кој носел фотограф и кога Џони Хогерланд и Хуан Антонио Флеча биле повредени по инцидент со возила на Француската телевизија. Хаосот на етапата број 9 го искористил Тома Веклер кој го преземал водството на трката,[12], која ја носел цели 10 дена, спротивно на очекувањата, дури и низ Пиринеите и на сите, освен на една алпска етапа.
Клучните временски разлики помеѓу возачите, кои на крајот завршиле на првите три места во генералниот пласман, Кедел Еванс од Верандас Вилемс-Аксент, Луксембуржанецот Енди Шлек и неговиот постар брат и негов екипен колега Френк од Леопард Трек, се случиле на етапата 16, кога Еванс доби 21 секунда во однос на Френк Шлек и минута и девет секунди во однос на Енди на крајот во Гап во влажни услови;[13] етапата 18, кога 60 километарското бегство на Енди Шлек му донело предност од повеќе од две минути на највисоката етапна завршница во историјата на трката, на Галибје;[14] и на претпоследниот ден, кога Еванс се најде на второто место на хронометарот, победувајќи го луксембуршкиот двоец за повеќе од минута и половина, со што ја обезбедил победата.[15] И двајцата, Енди Шлек и Еванс, ја носеле жолтата маичка само по еден ден секој: Шлек на хронометарот, а Еванс на последната, во голема мера церемонијална, етапа во Париз.
Етапите, кои биле предвидени за спринтерски завршници биле доминирани од страна на манскиот спринтер Марк Кевендиш, кој освоил пет етапи, вклучувајќи ја и рекордната трета последователна победа на последната етапа на Елисејските полиња во Париз, со што победил и во бодовниот пласман, пред Хосе Хоакин Рохас и Филип Жилбер.[16]
Во планинскиот пласман победил Шпанецот Самуел Санчес, кој имал победа и две втори места на четири планински етапни завршници. Енди Шлек завршил втор во таа категорија, а релативно непознатиот Белгиец Јеле Ванендерт трет.[17]
Пјер Ролан победил во пласманот за млади возачи, во голема мера поради местата што ги постигнуваше во поддршката за неговиот екипен водач, Веклер, во текот на периодот кога тој ја носел жолтата маичка, но тој, исто така, ја освоил и престижната етапа на Алп д’Ез.[18]
Етапи
уредиЕтапа | Датум | Движење | Должина | Вид | Победник | ||
---|---|---|---|---|---|---|---|
1 | 2 јули | Пасаж ду Гоа – Мон де Алует | 191,5 км | рамна етапа | Филип Жилбер (БЕЛ) | ||
2 | 3 јули | Лез Есар – Лез Есар | 23 км | екипен хронометар | Гармин-Сервело | ||
3 | 4 јули | Олон сур Мер – Редон | 198 км | рамна етапа | Тајлер Фарар (САД) | ||
4 | 5 јули | Лорјен – Мур де Бретањ | 172,5 км | брановидна етапа | Кедел Еванс (АВС) | ||
5 | 6 јули | Каре – Кап Фреел | 164,5 км | рамна етапа | Марк Кевендиш (ВБР) | ||
6 | 7 јули | Динан – Лизе | 226,5 км | рамна етапа | Едвалд Боасон Хаген (НОР) | ||
7 | 8 јули | Ле Ман – Шатору | 218 км | рамна етапа | Марк Кевендиш (ВБР) | ||
8 | 9 јули | Егиран – Супер Бес | 189 км | средно планинска етапа | Руј Кошта (ПОР) | ||
9 | 10 јули | Исуар – Сен Флур | 208 км | средно планинска етапа | Луис Леон Санчес (ШПА) | ||
11 јули | Ден за одмор | ||||||
10 | 12 јули | Оријак – Кармо | 158 км | рамна етапа | Андре Грајпел (ГЕР) | ||
11 | 13 јули | Бле ле Мен – Лавор | 167,5 км | рамна етапа | Марк Кевендиш (ВБР) | ||
12 | 14 јули | Кињо – Луз Ардиден | 211 км | планинска етапа | Самуел Санчес (ШПА) | ||
13 | 15 јули | По – Лурд | 152,5 км | планинска етапа | Тор Хушовд (НОР) | ||
14 | 16 јули | Сен Годан – Плато ле Бел | 168,5 км | планинска етапа | Јеле Ванендерт (БЕЛ) | ||
15 | 17 јули | Лиму – Монпелие | 192,5 км | рамна етапа | Марк Кевендиш (ВБР) | ||
18 јули | Ден за одмор | ||||||
16 | 19 јули | Сен Пол Труа Шато – Гап | 162,5 км | средно планинска етапа | Тор Хушовд (НОР) | ||
17 | 20 јули | Гап – Пинероло | 179 км | планинска етапа | Едвалд Боасон Хаген (НОР) | ||
18 | 21 јули | Пинероло – Галибие / Сере Шевалие | 200,5 км | планинска етапа | Енди Шлек (ЛУК) | ||
19 | 22 јули | Модане – Алп д'Оз | 109,5 км | планинска етапа | Пјер Ролан (ФРА) | ||
20 | 23 јули | Гренобл – Гренобл | 42,5 км | поединечен хронометар | Тони Мартин (ГЕР) | ||
21 | 24 јули | Кретеј – Париз (Шанзелизе) | 95 км | рамна етапа | Марк Кевендиш (ВБР) |
Пласмани
уреди- Забелешки
- Во втората етапа, Кадел Еванс, кој бил втор во бодовниот пласман, ја облекол зелената маичка, бидејќи Филип Жилбер бил прв во генералниот пласман, како и во планинскиот пласман. Тор Хушовд, кој бил трет во генералниот и во бодовниот пласман, ја носел точкестата маичка.
- Во третата етапа, бидејќи Филип Жилбер бил прв во генералниот пласман, како и во планинскиот пласман, Кедел Еванс, кој бил втор единствено за единствените бодови на таа етапа, ја облекол точкестата маичка.
- Во десеттата етапа, и двајцата Хуан Антонио Флеча и Џони Хогерланд ги носеле црвените броеви. Тие ја добиле наградата за борбеност по деветтата етапа за завршување на етапата и покрај ударот од телевизискиот автомобил.[21] Флеча одбил да ја прифати наградата за подиум по етапата; Хогерланд имајќи ја веќе точкестата маичка, ја прифатил наградата.
Поредок
уредиГенерален пласман
уредиВозач | Екипа | Време | |
---|---|---|---|
1 | Кедел Еванс (АВС) | Верандас Вилемс-Аксент | 86ч 12′ 22″ |
2 | Енди Шлек (ЛУК) | Леопард Трек | + 1′ 34″ |
3 | Френк Шлек (ЛУК) | Леопард Трек | + 2′ 30″ |
4 | Тома Веклер (ФРА) | Тим Јуропкар | + 3′ 20″ |
5 | Алберто Контадор (ШПА) | Саксо Банк-СанГард | + 3′ 57″ |
6 | Самуел Санчес (ШПА) | Еускалтел-Еускади | + 4′ 55″ |
7 | Дамијано Кунего (ИТА) | Лампре-ИСД | + 6′ 05″ |
8 | Иван Басо (ИТА) | Ликвигас-Канондејл | + 7′ 23″ |
9 | Том Даниелсон (САД) | Гармин-Сервело | + 8′ 15″ |
10 | Жан Кристоф Перо (ФРА) | Аг2р-Ла Мондијал | + 10′ 11″ |
Бодовен пласман
уредиВозач | Екипа | Бодови | |
---|---|---|---|
1 | Марк Кевендиш (ВБР) | ХТЦ-Хајроад | 334 |
2 | Хосе Хоакин Рохас (ШПА) | Мовистар Тим | 272 |
3 | Филип Жилбер (БЕЛ) | Омега Парма-Лото | 236 |
4 | Кедел Еванс (АВС) | Верандас Вилемс-Аксент | 208 |
5 | Тор Хушовд (НОР) | Гармин-Сервело | 195 |
6 | Едвалд Боасон Хаген (НОР) | Тим Скај | 192 |
7 | Андре Грајпел (ГЕР) | Омега Парма-Лото | 160 |
8 | Самуел Санчес (ШПА) | Еускалтел-Еускади | 105 |
9 | Алберто Контадор (ШПА) | Саксо Банк-СанГард | 105 |
10 | Тајлер Фарар (САД) | Гармин-Сервело | 101 |
Планински пласман
уредиВозач | Екипа | Бодови | |
---|---|---|---|
1 | Самуел Санчес (ШПА) | Еускалтел-Еускади | 108 |
2 | Енди Шлек (ЛУК) | Леопард Трек | 98 |
3 | Јеле Ванендерт (БЕЛ) | Омега Парма-Лото | 74 |
4 | Кедел Еванс (АВС) | Верандас Вилемс-Аксент | 58 |
5 | Френк Шлек (ЛУК) | Леопард Трек | 56 |
6 | Алберто Контадор (ШПА) | Саксо Банк-СанГард | 51 |
7 | Жереми Роа (ФРА) | ФДЖ | 45 |
8 | Пјер Ролан (ФРА) | Тим Јуропкар | 44 |
9 | Максим Иглински (КАЗ) | Астана | 40 |
10 | Џони Хогерланд (ХОЛ) | Вакансолел-ДКМ | 40 |
Пласман за млад возач
уредиВозач | Екипа | Време | |
---|---|---|---|
1 | Пјер Ролан (ФРА) | Тим Јуропкар | 86ч 23′ 05″ |
2 | Реин Тарамае (ЕСТ) | Кофидис | 0′ 46″ |
3 | Жером Копел (ФРА) | Сор-Сожасен | + 7′ 53″ |
4 | Арнолд Жанесон (ФРА) | ФДЖ | + 10′ 37″ |
5 | Роб Раух (ХОЛ) | Вакансолел-ДКМ | + 22′ 21″ |
6 | Ригоберто Уран (КОЛ) | Тим Скај | + 32′ 05″ |
7 | Герајнт Томас (ВБР) | Тим Скај | + 50′ 05″ |
8 | Роберт Гесинк (ХОЛ) | Рабобанк | + 54′ 26″ |
9 | Сирил Готје (ФРА) | Тим Јуропкар | + 1ч 17′ 00″ |
10 | Андреј Зејц (КАЗ) | Астана | + 1ч 21′ 05″ |
Екипен пласман
уредиМесто | Екипа | Време |
---|---|---|
1 | Гармин-Сервело | 258ч 18′ 49″ |
2 | Леопард Трек | + 11′ 04″ |
3 | Аг2р-Ла Мондијал | + 11′ 20″ |
4 | Тим Јуропкар | + 41′ 53″ |
5 | Еускалтел-Еускади | + 52′ 00″ |
6 | Тим Скај | + 58′ 24″ |
7 | Катјуша | + 1ч 09′ 39″ |
8 | Саксо Банк-СанГард | + 1ч 16′ 12″ |
9 | ФДЖ | + 1ч 30′ 16″ |
10 | Квик Степ | + 1ч 47′ 29″ |
Бодови за светското бодување
уредиТур де Франс е еден од 27. настани во текот на сезоната, кои носат бодови за Светската турнеја 2011. Со бодови се наградуваат сите возачи во топ 20 на крајот на трката и по првите пет возачи на секоја етапа. Само на возачите во UCI ProTour тимовите им е дозволени да добиваат бодови.[22]
Награден фонд
уредиВкупно, повеќе од 3,5 милиони евра биле поделени во текот на трката. Првично, секој тим добил 51.243 евра, додека секој тим со најмалку седум возачи, кои ја завршиле трката добиле 1.600 евра по возач. Победникот во генералниот пласман добил 450.000 евра, со помали награди за секое победничко место, сè до 400 евра до последниот возач.[25]
Пласмани | 1. | 2. | 3. | 4. | 5. | 6. | 7. | 8. | 9. | 10. | по ден |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
генерален | 450.000 € | 200.000 € | 100.000 € | 70.000 € | 50.000 € | 23.000 € | 11.500 € | 7.600 € | 4.500 € | 3.800 € | 350 € |
бодовен | 25.000 € | 15.000 € | 10.000 € | 4.000 € | 3.500 € | 3.000 € | 2.500 € | 2.000 € | – | 300 € | |
планински | 25.000 € | 15.000 € | 10.000 € | 4.000 € | 3.500 € | 3.000 € | 2.500 € | 2.000 € | – | 300 € | |
за млад возач | 20.000 € | 15.000 € | 10.000 € | 5.000 € | – | 300 € | |||||
екипен | 50.000 € | 30.000 € | 20.000 € | 12.000 € | 8.000 € | – | |||||
борбеност | 20.000 € | – |
Етапниот победник добивал 8.000 евра на нормална етапа и 10.000 евра на хронометар. Парите се намалуваат, па така 20. возач на целта добивал само 200 евра. Првата личност што ќе помина на спринтот добива 1.500 евра. Пари се добиваат и за поминување на категоризирани искачувања, за најдобриот млад возач на секоја етапа, најборбен возач и најдобриот тим на етапата.[25]
Пласмани | 1. | 2. | 3. | 4. | 5. | 6. | 7. | 8. | 9. | 10. |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Етапа | 8.000 € | 4.000 € | 2.000 € | 1.200 € | 830 € | 780 € | 730 € | 670 € | 650 € | 600 € |
Хронометар | 10.000 € | 5.000 € | 2.500 € | 1.000 € | 800 € | 700 € | 600 € | 600 € | 500 € | 500 € |
Спринт | 1.500 € | 1.000 € | 500 € | – | ||||||
Екстра категорија | 800 € | 450 € | 300 € | – | ||||||
Прва категорија | 650 € | 400 € | 150 € | – | ||||||
Втора категорија | 500 € | 250 € | – | |||||||
Трета категорија | 300 € | – | ||||||||
Четврта категорија | 200 € | – | ||||||||
Млади | 500 € | – | ||||||||
Борбеност | 2.000 € | – | ||||||||
Екипа | 2.800 € | – |
Две други специјални награди, исто така, се доделуваат. За првата, во чест на Турмале и Галибје се добива сувенир Жак Годе и сувенир Анри Дегранж соодветно. Секоја награда вреди 5.000 евра.[25]
Место | Екипа | Награден фонд | Поголеми награди | ||
---|---|---|---|---|---|
Маички/Награди | Освоени етапи | Топ 10 пласмани (или најдобриот надвор од топ 10) | |||
1 | Верандас Вилемс-Аксент | 493.990 € | 1 | 1. | |
2 | Леопард Трек | 395.310 € | сувенир Анри Дегранж | 1 | 2. & 3. |
3 | Тим Јуропкар | 147.130 € | 1 | 4. | |
4 | Гармин-Сервело | 145.940 € | 4 | 9. | |
5 | ХТЦ-Хајроад | 104.940 € | 6 | 19. | |
6 | Омега Парма-Лото | 96.600 € | 3 | 20. | |
7 | ФДЖ | 90.660 € | сувенир Жак Годе |
0 | 15. |
8 | Еускалтел-Еускади | 87.780 € | 1 | 6. | |
9 | Саксо Банк-СанГард | 72.290 € | 0 | 5. | |
10 | Тим Скај | 67.000 € | 2 | 24. | |
11 | Мовистар Тим | 46.660 € | 1 | 36. | |
12 | Аг2р-Ла Мондијал | 45.560 € | 0 | 10. | |
13 | Кофидис | 41.740 € | 0 | 12. | |
14 | Вакансолел-ДКМ | 35.650 € | 0 | 21. | |
15 | Лампре-ИСД | 30.100 € | 0 | 7. | |
16 | Сор-Сожасен | 26.930 € | 0 | 14. | |
17 | Рабобанк | 24.290 € | 1 | 33. | |
18 | Ликвигас-Канондејл | 22.360 € | 0 | 8. | |
19 | Квик Степ | 19.940 € | 0 | 13. | |
20 | Катјуша | 12.380 € | 0 | 23. | |
21 | Астана | 11.710 € | 0 | 39. | |
22 | Тим РадиоШек | 10.540 € | 0 | 32. |
Наводи
уреди- ↑ Стивен Фаранд. „Тур де Франс 2011 ги слави Алпите“. Cyclingnews.com. Посетено на 28 јануари 2011.
- ↑ „Тур де Франс 2011 – Галибје 1911–2011“. Letour.fr. 10 јули 1911. Посетено на 28 јануари 2011.
- ↑ Тур де Франс: 2011 Без пролог uk.eurosport.yahoo.com, published: 27 јануари 2010, accessed: 2 јуни 2011
- ↑ Хедвиг Кренер (19 октомври 2010). „Тур де Франс 2011 - Објавена маршрутата“. Cyclingnews.com. Посетено на 28 јануари 2011.
- ↑ „Бонен очекува потактичен настап за зелената маичка на Турот“. Cyclingnews.com. 20 октомври 2010. Посетено на 28 јануари 2011.
- ↑ „Објаснување за бодовниот пласман“. Тим Скај. 24 јуни 2011. Архивирано од изворникот на 2012-03-16. Посетено на 29 јуни 2011.
- ↑ „Official website of Tour de France 2025“.
- ↑ Бери Рајан (19 октомври 2010). „Совети од Састре за точкестата маичка на Тур де Франс 2011“. Cyclingnews.com. Посетено на 28 јануари 2011.
- ↑ „Тур де Франс избра 22 тима“. Cyclingnews.com. Посетено на 28 јануари 2011.
- ↑ „Жилберт победи на Мон де Алует“. Cycling News.
- ↑ „Гармин-Сервело победи на тимскиот хронометар“. Cycling News.
- ↑ „Луис Леон Санчес победи на етапата со голем број на несреќи“. Cycling News.
- ↑ „Хушовд ја освои етапата, постигнувајќи две етапни победи на овогодинешниот Тур“. Cycling news.
- ↑ „Шлек победи на највисоката етапна завршница“. Cycling News.
- ↑ „Еванс испиша нова страница со совршениот хронометар“. Cycling News.
- ↑ „Кадел Еванс победи на Тур де Франс 2011“. Cycling News.
- ↑ „Ролан победи на Алп д'Ез на крајот на возбудливата етапа“. Cycling News.
- ↑ „Ролан ја презема белата маичка до Париз“. Cycling News.
- ↑ „Велосипедизам: Тур де Франс 2011 започнува во Венди“. АФП. 30 јануари 2010. Архивирано од изворникот на 2011-03-13. Посетено на 27 јануари 2010.
- ↑ „Организаторите на Тур де Франс понудија неверојатни искачувања во етапите во 2011“. VeloNews. 19 октомври 2010. Посетено на 19 октомври 2010.
- ↑ Жилиен Прето (10 јули 2011). „Велосипедисти од Тур де Франс повредени по несовесно возење“. Национал Пост]]. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help) - ↑ „Бодовна скала – UCI World Ranking“. Union Cycliste Internationale. Посетено на 2010-07-17.
- ↑ „Светска турнеја на UCI 2011 детални бодови“. Меѓународен велосипедистички сојуз. 15 август 2011. Архивирано од изворникот на 2012-03-16. Посетено на 17 август 2011.
- ↑ „UCI World Ranking – 2011“. Union Cycliste Internationale. 25 јули 2011. Архивирано од изворникот на 2012-04-18. Посетено на 17 август 2011.
- ↑ 25,0 25,1 25,2 25,3 25,4 Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеRegulations
. - ↑ „БМЦ носи дома најголем дел од парите на наградниот фонд“. sporza.be (холандски). 24 јули 2011. Посетено на 17 август 2011.